Вчера, на 3 декември, во Белград, почина српскиот уметник Драгољуб Раша Тодосијевиќ, „еден од клучните протагонисти на концептуалната уметност во доцните шеесетти и раните седумдесетти години и една од најзначајните уметнички фигури на нашето време”, се вели во соопштението на Музејот на современа уметност во Белград. Тодосијевиќ придонесе за афирмација на новата уметничка практика во Србија и некогашна Југославија. Во текот на седумдесеттите ...

„Никој не е нормален”(Nobody is Normal) е стоп-анимација создадена од Кетрин Проус за добротворната детска организација „Childline” која овозможува бесплатна и доверлива услуга за емоционална поддршка за младите луѓе во Обединетото Кралство. Поставено на песната „Creep” на „Radiohead”, со текстови уредени за целната публика на добротворната организација од 13 до 18 години, видеото е потсетник дека не постои нешто што може да се нарече ...

Кога Муса ал-Гарби првпат пристигнал во Њујорк 2016-та година, најмногу го шокирало постоењето функционален „расен кастински систем“ според кој „потрошни слуги... го чистат вашиот дом, ги чуваат вашите деца, ги шетаат вашите кучиња, ви доставуваат готови оброци“. Овие „потрошни слуги“ кои би работеле за „ситнеж“, главно биле црнци или латиноамериканци, додека нивните работодавачи биле исклучиво белци. Никој не го коментирал тоа; тоа се сметало ...

ЈАДРО - Асоцијација на независната културна сцена изразува критика што Кинотека на Северна Македонија, како јавна културна институција, отстапува простор за настани кои поттикнуваат дискриминација, говор на омраза, ненаучни ставови и политики на исклучување. Ова е спротивно на целта на секоја културна институција и претставува опасен преседан. Сметаме дека е сериозно загрижувачки што јавната културна институција Кинотека на Македонија ѝ отстапи ...

Тема за 2024: Зајакнување на водството на лицата со попреченост за инклузивна и одржлива иднина Водството на луѓето со попреченост е отелотворено во слоганот на светското движење за правата на луѓето со попречености „Ништо за нас без нас“. Тоа упатува на основните барања за учество, претставеност и инклузија и бара лицата со попреченост активно да ги обликуваат условите во коишто живеат. Еден од приоритети на глобалната агенда за попреченостите ...

Оваа цела недела едукативно-културниот центар „Лабораториум” ќе го одбележи својот прв роденден со повеќедневна и разновидна програма, што ќе започне во вторник (3 декември) а ќе трае сѐ до недела (8 декември). Програмата по повод роденденот отсликува дел од проектите кои „Лабораториум” ги имаше во изминатата година. Разновидно, необично и активно. Програмата започнува со хуманитарниот настан „Giving Tuesday” во соработка со центарот за ...

Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. Се смета дека 15 проценти од светската популација, или повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со попреченост што налага неминовна потреба од поголем фокус на сите чинители кон промени на перспективите на попреченоста и примена на соодветен пристап низ призмата на човековите права. ...

Што правам овде? Дојдов да ве тероризирам! Јас сум чудовиште, велите? Не! Јас сум народот! Јас сум исклучок? Не! Јас сум правилото; вие сте исклучок! Вие сте химера; јас сум реалност! (— Виктор Иго - Човекот што се смее /1869/; цитирано од уметницата Лоренца Бетнер во делото Инвалид? /1982/) Во ноември 2019 година филозофот Пол Пресијадо се обидел да одржи предавање пред Школата на фројдовскиот смер - друштвото на лаканијански психоаналитичари - ...

Мнозинството граѓани на Северна Македонија или 56 отсто имаат доверба во Европската Унија, покажуваат резултатите од есенското истражување на Евробарометар за 2024 година. Исто ниво на доверба кон ЕУ како македонските државјани, изразуваат и граѓаните на Босна и Херцеговина. Меѓу останатите земји кандидати за членство, довербата кон ЕУ е најголема во Албанија со 81 отсто, пред Црна Гора со 75, Косово со 70 и Грузија со 58 проценти. Пониска ...

Интерсекционалност - својство на човечкиот идентитет да се состои од меѓусебно поврзани различни димензии, нивоа и аспекти. Терминот произлегува од социолошката теорија на интерсекционалноста, која ја анализира дискриминацијата како сложен систем во кој различни форми на дискриминација се базирани на различни категории идентитет (род, пол, раса, класа, сексуална ориентација). Овие идентитети се меѓусебно поврзани и влијаат еден на друг, па затоа ...

29/11/2024 11:56 - Окно
-

Проширен прилог од штотуку објавената книга: Сто филмови за попреченост. The Elephant Man; САД; Дејвид Линч; 1980 Инвалидитет: Протеусов синдром, масивни телесни деформитети Сиже: Диви африкански слонови ја нападнале мајката на Мерик на непознат африкански остров. Набргу потоа се родил Мерик, човек со големи деформитети на главата и телото. Филмот е заснован на приказната за Џон Мерик, човекот од викторијанска Англија, кој со помош на лекари бил ...

Општо прифатен како вистинит е фактот дека зголемувањето на концентрацијата на гасовите со ефект на стаклена градина директно влијае на зголемувањето на температурата на морето и површината на Земјата. За жал, во некои земји тоа престанува да биде факт во зависност од политичката волја на елитите. Додека во некои земји се спроведуваат мерки за намалување на емисиите на овие гасови, во други тие се зголемуваат. Вкупниот резултат - кога се гледа ...

Истамбул Дејвид Хокни во една прилика вели дека „луѓето имаат тенденција да заборават дека играта е сериозна“, но за уметниците и дизајнерите кои стојат зад некои од најинтересните паркови и игралишта во светот, рекреацијата никогаш не била тривијална работа. Чонгкинг, Кина Еми Вотс патува низ светот за во својата нова книга да претстави повеќе од осумдесет спектакуларни простори создадени за да се поттикне една од примарните активности. Градски ...

Глупавите нешта имаат одредена моќ во светот. Не се работи за моќта на непропустливоста за критика, туку за моќта на таквата пропусливост, дека секоја критика поминува без никаков ефект, како невидливите неутрини кои постојано струјат низ нашите тела. Соочувањето со зората на Втората Трампова ера ќе бара од нас да ја прифатиме непријатната вистина дека Глупостите и Важните нешта наскоро ќе се претопат во една единствена болна категорија на ...

Кон изложбата на фотографии „Постоиш ли Алиса?” „Замислете смели, испакнати и – да речеме – заканувачки карпи, грмотевици и облаци што се собираат на небото и се движат проследени со молњи и грмежи, вулкани со сета своја разрушувачка моќ, урагани со сиот пустош што го оставаат зад себе, бескраен океан што се издига до небото, високи водопади на моќна река и слични појави. Во споредба со силата на кое било од овие појави, нашата способност да се ...

Пич Прич, гала вечерта на раскажување женски приказни на 22 ноември се одржа во преполната сала во Драмски театар. Темата на годинашново издание на ПичПрич беше „Располови ме“. „Инспирацијата за „Располови ме“ (анг. Unsex me) потекнува од познатиот монолог на Леди Магбет во кој ги моли злите духови да ја располоват (машкосаат во препевот на проф. Михајловски), т.е. да ѝ ги одземат особините кои традиционално се поврзуваат со нејзиниот пол ...

Центарот за современи уметности (ЦСУ) организираше уште една уметничка герила акција – овој пат уметници облечени во зелени костими за да наликуваат на Марсовци пред Владата и други државни институции го „мереа“ нивото на корупција во државата со своите научно-фантастични „инструменти“. „Ве информираме дека вчера и утрово во соработка со сојузот на уметници, активисти и волонтерски антикорупционери од планетата Марс извршивме скенирање на ...

Буки е бесплатна алатка за транскрипција на македонски говор што ни овозможува да ги претвораме нашите зборови во текст без да користиме раце. Пред да продолжите со читање на текстов, испробајте го Буки на следниов линк и запрашајте се дали сте спремни да ја замените вашата тастатура со него. А дали ќе бидете спремни да го направите тоа за десет години? Следат неколку мисловни експерименти и шпекулации околу иднината на електронската ...

Здружението ИКУАЛИТИ на 22 ноември успешно го спроведе и Четвртиот менторски форум за млади лидери од Општина Куманово, од вкупно пет менторски форуми, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците”. (Скопје, 25.11.2024) Млади лидери учествуваа во рамки на 4-от менторски младински форум во рамки на проектот Зен 2.0 Караван, организиран од Здружението Икуалити. На форумот земааа учество 7 лица на возраст од 16 до 24 години, ...

Според истражувањето на Националниот демократски институт (НДИ), во првата половина на 2024 година биле идентификувани 3.380 коментари со сексистички говор против жените во политиката, што е изразено особено во периодот пред изборите. Проблемот се влошува поради недостаток на соодветната регулација на гореспоменатите социјални платформи, кои честопати не успеваат ефективно да ги адресираат тековните прекршувања што се случуваат врз жените во ...

„Контрапункт“, во рамки на циклусот настани на КРИК 09, најавува јавна дискусија со Ивана Сиџимовска која ќе ги претстави досегашните резултати на својот уметничко-истражувачки проект насловен како „Слушајќи го Другиот/Другата“, со цел да иницира разговор и заедничка рефлексија со публиката на нејзините теми во фокус. Настанот ќе се одржи утре, на 26 Ноември, со почеток во 20 часот, во КСП Центар. Уметничко-истражувачкиот проект опфаќа ...

Депониите како „канцерогени бомби“ - има ли спас од отровниот чад? Пренесено од: Дојче Веле Иницијативата „Збогум Буково“, којашто доби поддршка од 50 невладини организаци и месни заедници коишто гравитираат околу депонијата, не се откажува од барањето за итно затворање на охридската депонија Буково и изградба на регионална депонија, каде што ќе се складира отпадот. Тие досега имаат собрано бројни потписи на петицијата чија цел е гласно да се ...

Пренесено од: Дојче Веле Она што влегува мора и да излезе. Физиолошки процес во кој сите луѓе во светот се еднакви. Но, не сите тоалети се исти. Додека огромно мнозинство луѓе во Европа имаат тоалет, според Обединетите нации, околу 3,5 милијарди луѓе во светот живеат без санитарни јазли. Многумина вршат нужда на отворено. Ова го олеснува ширењето на болестите или контаминирањето на водата за пиење. Стотици илјади луѓе годишно умираат од ...

22/11/2024 03:36 - Окно

Frankenstein; САД; Џејмс Вејл; 1931 Инвалидитет: разни Сиже: Научникот Хенри Франкенштајн е опседнат со идејата да оживее мртовец. Поради тоа ги напуштил студиите по медицина и изолиран во своето планинско засолниште прави необични експерименти. Улоги: Борис Карлоф, Колин Клајв, Ме Кларк Реплика: Хенри Франкенштајн: Погледнете! Се движи. Жив е. Жив е... Жив е, се движи, жив е, жив е, жив е, жив е, ЖИВ Е! Виктор Мориц: Хенри – Во Божјо име! ...

На 26 ноември, од 15 до 16:30 часот, во Јавна соба во Скопје, ќе се одржи панел-дискусија низ која ќе се истражува засиленото влијание на антиродовите мобилизации низ пост-Југословенскиот регион. Главна говорничка ќе биде Адриана Захаријевиќ, а свои обраќања ќе имаат и панелистките Ирена Цветковиќ и Слаѓана Начевски. Оваа сесија ќе биде отворена со презентација на Адриана Захаријевиќ, која ќе сподели сознанија од најновата публикација за ...

Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела. Овие дела не се само сериозно нарушување на правата на жртвата туку и директен напад врз основите на родовата еднаквост и заштита на децата. Изречените затворски казни под законски утврдениот ...

Поголемиот дел од овогодинешниот климатски самит (ЦОП 29) во главниот град на Азербејџан, Баку, помина во атмосфера на меѓусебни обвинувања и жестоки антиимперијалистички говори и со тоа укажа на сè поголемото заострување на конфликтот помеѓу развиените западни земји, кои се одговорни за климатската криза, и земјите во развој кои трпат диспропорционални последици од оваа криза и сè повеќе го губат трпението. За разлика од претходните климатски ...

Осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје ќе се одржи од 26 - 28 ноември и е посветено на локалното новинарство. Фокусирајќи се на основната градбена клетка на новинарството - локалното известување, на овогодишниот МФС ќе се дискутира за прашања што ги засегаат медиумските работници ширум Македонија. Покрај дискусиите, фестивалските денови носат и филмски репертоар од впечатливи документарни остварувања кои покриваат различни аспекти од ...

Колку би требало да нѐ загрижи состојбата на дрвјата покажуваат следните податоци: бројот на загрозени видови дрвја е повеќе од двапати поголем од сите загрозени цицачи, птици, влекачи и водоземци – заедно. Меѓу три видови дрвја во светот, има повеќе од еден што е на работ на изумирање - или опстанок, во зависност од перспективата. Ова го покажуваат податоците обелоденети на неодамна одржаниот Самит за биодиверзитет во градот Кали во Колумбија. ...

Во време кога водечките трговски сили во светот сè почесто прибегнуваат кон унилатерални постапки за да ги заштитат своите општествени, економски, еколошки безбедносни интереси, на светската економија повеќе од потребна ѝ е јасна нормативна рамка со која ќе се дефинираат правилата на однесување. За почеток, би било корисно барем начелно да се сложиме дека не е пожелно да се користат политиките за „осиромашување на соседите“, оние со кои се ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
59%
1009
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
61%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 12ᴼ
6.69
43%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
82%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.07
71%
1009
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
46%
1013
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
6.26
57%
1005
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
48%
1005
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
39%
1006
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
70%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
59%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1009
Currency

61.525

Currency

56.8468

Currency

73.565

Currency

35.8229

Currency

39.732

Currency

64.4608

Currency

7.93968

Currency

0.66916

Currency

0.37876

Currency

0.52226

Currency

1.49584

Currency

0.66438

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

16160.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.67

Сребро

1096.89

Злато

99169.02

Бакар

10.26

Паладиум

30703.96

Платина

31469.90

Родиум

184063.02

Цинк

2.85