Во целата сапуница околу затворањето на загрепското кино „Европа“ во 2019 година, еден непотребен рефрен на Борис Т. Матиќ можеше да им засвири во уши дури и на неговите најверни поддржувачи и поддржувачки од здружението „Zagreb Film Festival“, кое управуваше со киното во претходната деценија. Настапувајќи јавно против одлуката на тогашната градска власт да не му го продолжи закупот на ЗФФ, Матиќ во повеќе наврати предупреди дека слушнал оти на ...

Сега можете да се одвиткате! Пак одиме нагоре! Да РАСВЕТЛИМЕ малку, и да потсетиме на КАРАКТЕРОТ на овдешната партија Левица: - Во 2016 г. Левица одбива да коалицира со здружената опозиција на СДСМ за да се бутне режимот на Груевски. Разликата беше тесна, ВМРО на Груевски победи со 2 мандати - онолку колку што Левица ќе освоеше ако не настапеше самостојно. Со таа одлука, Левица ефективно ги заштити Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од пораз (овозможувајќи ...

„Живеј со стил – поддржи различности“ – Крива Паланка домаќин на патувачка изложба на 32 портрети на лица со уникатна мисија На 07 октомври, во Градскиот музеј во Крива Паланка, ќе продолжи патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“. Ова е веќе петтата изложба, во серијата изложби, која ќе се одвива во уште два градови низ Македонија, во организација на Здружението Икуалити, која има за цел преку 32 портрети на лица со ...

Во Градскиот музеј во Крива Паланка на 7 октомври ќе продолжи патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“. Ова е веќе петтата од серијата изложба, која ќе се одвива во уште два градови низ Македонија, во организација на Здружението „Икуалити“, а има за цел преку 32 портрети на лица со попреченост да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности. „Патувачка изложба претставува културна ...

Потпишувањето на капитулацијата на Германија на крајот од Втората светска војна Веста дека италијанските партизани го фатиле и убиле Бенито Мусолини, основачот на фашизмот, стигнала во Хитлеровиот бункер во Берлин на 29 април 1945 година. Ден претходно, под грмежот на гранатите на Црвената армија кои ја разурнувале зградата на Канцеларијата над бункерот, Хитлер го издиктирал својот политички тестамент. На Германија ѝ ја вратил политичката ...

Дури кога партизанската уметност ќе ја погледнеме од меѓународна перспектива, го сфаќаме нејзиното вистинско значење; во неа можеме да ги согледаме важните револуционерни тензии од дваесеттиот век. Негативното пишување за партизанското движење, во деведесеттите и подоцна, беше дел од своевидниот националистички ревизионизам. Дури и во Сојузот на борците постоела тенденција партизанската борба да се интерпретира како национална борба, а ...

Секој од четирите текстови поместени во книгата „Драмолетање“ носи специфичен авторски глас и отвора простор за ново сценско истражување – од интимни прашања, преку социјални и политички теми, до хумор и апсурд. Со оваа книга не само што ја претставуваме новата генерација драмски автори, туку и поставуваме темели за идни соработки и нови претстави – рече Петар Антевски, приредувач на изданието „Драмолетање“, во продукција на Македонскиот народен ...

03/10/2025 12:47 - Окно - +10

Трамповата приватна анексија на Газа, под менаџерска управа на Тони Блер, претставува услов на САД и Израел за запирање на геноцидот во Газа. Тоа мора да се одбие веднаш! Планот на Трамп и Нетанјаху би бил смешен доколку не беше толку опасен за светскиот мир. За прекин на геноцидот, Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху го бараат следново: 1. Палестинците мора да се откажат од сите политички и човекови права и да ја прифатат анексијата што ќе ја ...

Автомобилот во Македонија е светост. Нешто како златното теле во филмскиот класик на Сесил Б. Демил, „Мојсеј“. Пред да се појави, сите беа изгубени. Откако се појави, сите скроз полудеа. Земјава е сиромашна. Отсекогаш и била. Не е тоа нешто од кое што би требало да се срамиме. Слабата економска моќ, сепак, со себе носи и одредени начини на функционирање. Многу од нив се заборавени или потиснати, но денес се испоставува дека биле вистински ...

Деветтото издание на фестивалот „Текстилијада“ ќе се одржи на 4 и 5 октомври во Штип. Се работи за фестивал кој со текот на годините прерасна во значајна платформа за култура, активизам и граѓански дијалог, со посебен фокус на работничките права и социјалната правда. Организиран од „Гласен Текстилец“, овој настан има за цел да создаде простор за критичко размислување, инспирација и заедничко дејствување околу најважните предизвици со кои се ...

„Сива зона“ е едукативна електронска игра наменета за средношколци, чија цел е подигнување на свеста за корупцијата и последиците од неетичките избори. Таа беше промовирана на настан во Netaville, каде присуствуваа 70 средношколци од школите во град Скопје, а воедно се одржаа и две панел дискусии. Учесниците зборуваа како едукативните електронски игри можат да бидат алатка за општествени промени, а се говореше и на тема „Младите како креатори – ...

Скопското кафе и филм „Котур“денеска (понеделник, 29 септември) го започнува седмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“, кој ќе се одвива до 6 октомври. На фестивалот ќе можат да се проследат филмови со интернационална и национална селекција, 48-часовниот филмски предизвик, специјална проекција во чест на Илинденка Петрушева, концерт на „Луфтханза“ пред Домот на АРМ, интервјуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка ...

На кратко: 1. Уште едно ограничување во врска со сродните права, повторно од Croatia Records, се појави при поставувањето на песната „Нели го видовте Асанеја“ на јутјуб каналот на БужАр на 28 септември 2025 година. 2. И овде е погрешен насловот на песната на плочата објавена од Croatia Records – „Нели го видовите“. Грешка има и во насловот на плочата – „Тешка бешете нашата разделба“ 3. Плочата на која се реферира за издавачките права е LSY-62259 ...

Десеттото издание на КРИК фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува со критичкото промислување на овогодишната тема „Преобразба“. Есенското издание почнува со предавањето на секогаш провокативниот и поттикнувачки германско/хрватски филозоф и теоретичар на социо-културните деликатни и актуелни случувања и теми, Борис Буден. На 30 септември (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Националната Галерија, Чифте Амам, ...

Во сопственост на нашето семејство има портрет од Миро, на кој тој изгледа младешки, весело, со партизанска капа на главата, насмеан во камерата. Тоа е професионална, ефектна фотографија. Направена во студио, а не на терен или во акција. Јас ја знаев уште од дете, но дури многу подоцна дознав дека тоа лице му припаѓало на кројач. Мене секогаш ме потсетуваше на американски филмски актер, а не на експлоатиран текстилен работник и партизан – толку ...

На денот кога светот ја призна палестинската држава, заедно со Алекс Либек се упатив во едно оддалечено палестинско село на истокот од Западниот Брег. Претходниот ден во селото се случи вооружен грабеж на десетици овци од страна на доселеници што дојдоа од новиот маахаз во близина. На денот на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации и „Конференцијата за две држави“, десет западни земји ѝ се придружија на долгата листа држави што ...

Во киното „Фросина“ во МКЦ во Скопје вчера беше отворен 13. „Џифони Македонија“ – Филмскиот фестивал за млади кој се одржува до 1 октомври и во него ќе учествуваат над 400 младинци. Амбасадор на Италија во земјава, Паоло Палминтери, на синоќешното свеченото отворање рече дека фестивалот „Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. „’Џифони’ се роди во Италија пред повеќе од ...

Од 10 до 12 октомври 2025, во културниот центар Јадро во Скопје. Искористивме десет карикатури на генијалниот американски уметник Бил Вајтхед како графички материјал за нашата кампања за собирање пари за десеттото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Во продолжение можете да ја видите програмата на фестивалот, десетте картички, и линкот каде што имате можност да го уплатите вашиот прилог за „Друга приказна“, почитувани читател(к)и на ...

Се наоѓаме во глобална Камена доба. Невооружени млади луѓе во Карипското море беа бомбардирани со ракети. Некои од нив беа Колумбијци. Прогон, затворање и депортации на милиони мигранти; бомби кои убија околу 70.000 луѓе во Газа; целосна негрижа за климатските промени – сето тоа има иста причина. Кога зборуваат за миграциите, тоа им е само изговор, за богатите општества – богати, бели и расистички – да можат да се гледаат себеси како супериорна ...

Госпоѓо претседателке на Генералното собрание, Аналена Бербок, Господине генерален секретар Антонио Гутереш, Почитувани шефови на држави и влади и претставници на земјите-членки собрани овде, Ова треба да биде момент на прослава за Обединетите нации. Создадени на крајот од војната, Обединетите нации го симболизираат највисокиот израз на стремежот за мир и просперитет. Но, денес, идеалите што ги инспирираа нејзините основачи во Сан Франциско се ...

Велика Британија, Канада, Австралија, Португалија, Франција, Белгија, Луксембург, Малта, Андора и Монако. Тоа се државите кои неделава, медиумски прилично громогласно, ја признаа Палестина. Бројот на држави што ја признале е 151, речиси 80 проценти од членките на Обединетите нации. Палестина како тема доминираше на Генералното собрание на ОН, барем додека на говорницата на Ист Ривер не застана претседателот на САД, Доналд Трамп. На Собранието му ...

Како тинејџер што растеше во Истанбул, имав среќа да припаѓам на генерација што во својата близина имаше добри примери на демократски практики. Европските земји како Британија, Франција, Германија и Шведска нè поттикнуваа во стремежот кон просперитет и демократија и ни влеваа надеж за подобра иднина на нашето несовршено државно уредување. Искуствата на тие земји покажуваа дека целите на економскиот раст, социјалната правда и политичките слободи ...

Со големо задоволство го најавуваме четвртото издание на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ 4.0, кое ќе се одржи од 25 до 27 септември 2025 година на повеќе локации во Општина Центар - Скопје. Ве очекуваме на настаните во КСП Центар – Јадро, Парк на Франкофонија, Боемска 2 и Природонаучниот музеј. Овогодинешното издание на фестивалот е во духот на солидарноста и соседството. И оваа година ве покануваме на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ за заеднички да ги запоседнеме маалските ...

Повеќето западни земји, вклучувајќи ги пред сè САД и многу држави членки на Европската унија, се борат со огромни државни долгови. Државниот долг на САД во август 2025 година се искачи на неверојатни 37,3 билиони долари и моментално изнесува околу 120 проценти од БДП. Длабоко во должничка криза плива и Европската унија, чии долгови во првиот квартал од 2025-тата година пораснаа на 14,8 билиони евра, што претставува околу 88 проценти од БДП. ...

Зградата на парламентот во Катманду по протестите Непал ретко кога се наоѓа во фокусот на јавноста. Изминативе недели во тој поглед претставуваа јасен исклучок: целиот свет внимателно ги следеше масовните протести во непалската престолнина Катманду, кои на 9-ти септември резултираа со оставка на тогашниот премиер Кадга Прасад Шарма Оли и именувањето привремена, технократска влада предводена од Сушила Карки. Непалските протести имаа неколку ...

На кратко: 1. При постирањето на видеото со орото Поступано на Јутјуб каналот на БужАр (16 септември 2025 година), во изведба на Оркестарот на народни инструменти при МРТ (во времето на снимањето РТС – Радио Телевизија Скопје), се појави ограничување дека правата за него ги поседува Croatia Records (!?). 2. Веднаш, во дополнителниот текст на Jутјуб, автоматски се појави слика од плоча на која стои дека ората ги изведува оркестарот на Пеце ...

Народ што врши геноцид не може да пее. Светот што гледа како еден народ врши геноцид не може да пее заедно со него. Ниту, пак, може да прифати дека таков народ сака да продолжи да пее како ништо да не се случило. Фактот дека Израел воопшто помислува при кулминацијата на геноцидот во Газа да учествува на едно пејачко натпреварување, со светки и светлосни ефекти, додека неговите војници немилосрдно убиваат и уништуваат, сведочи за неговиот морален ...

Во мрачниот град Според филмскиот критичар Роџер Еберт, занемарено филмско остварување, едно од најдобрите во жанрот на научно-фантастичната дистопија, е филмот Мрачен град (Dark City, Alex Proyas, 1998). Дејството е сместено во неименувана метропола која наизглед е во постојан мрак. Природата на мрачниот град произлегува и е контролирана од страна на Странците – вонземјани од далечен соларен систем чија цивилизација, и покрај високата ...

Интервју со Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии за намерата на српската Алта банка да ја преземе Стопанска банка Битола. Што значи влегување на српска банка на македонскиот финансиски пазар во моментов? Мислам дека прашањето тука воопшто не е од каде е таа банка, туку каква е таа. А Алта банка е добро позната како контроверзна банка, која ја следат многу скандали. Во Србија е позната како банка која е блиска ...

Според медиумите, случајот бил добро познат на велешката полиција бидејќи жртвата претходно го пријавувала за насилство и закани по нејзиниот живот. Иако му била изречена забрана за приближување и неодамна завршил судски процес за „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“, институциите не успеале да ја заштитат жртватa. „Најновиот случај покажува дека самата законска рамка не е доволна без ефикасно спроведување, соодветни протоколи и ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
86%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.65
73%
1029
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.41
97%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
83%
1029
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
86%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.34
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.57975

Иридиум

145787.60

Паладиум

52470.02

Родиум

258009.74

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.90

Злато

139470.53

Бакар

10.93

Сребро

2128.87

Калај

42.35

Цинк

3.03

Платина

61733.50