„Не е работа на филмскиот критичар да покаже колку е паметен, туку да ги натера филмските консументи да научат нешто повеќе“ Илинденка Петрушева Кинотеката на РС Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до семејството заради загубата на многупочитуваната Илинденка Петрушева, неуморен истражувач на историјата на македонската кинематографија, посветен филмолошки работник, филмски критичар, голем вљубеник во филмската уметност и во ...
Илинденка Петрушева, неуморен истражувач на историјата на македонската кинематографија, посветен филмолошки работник и филмска критичарка, почина по кусо боледување на 5 септември на 81-годишна возраст. – Со нејзиното заминување, Кинотеката на Македонија загуби вистински вљубеник во филмската уметност и исклучително голем културен деец, кој остави трага на македонската културна сцена. Таа беше плоден публицист и неверојатен соговорник, врвен ...