
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Марк Твен во расказот „Скинете, браќа, скинете“ („Punch, Brothers, Punch“) опишал како некои стихови со својот ритам можат целосно да го обземат човекот и да го онеспособат да мисли на што било друго и да прави што било освен да ги врти во главата. Во многу слободен превод тие стихови гласат вака: „Кондуктеру, кога ќе го земеш билетот, скини го во присуство на патникот, синиот билет за осум центи, зелениот за шест центи и розевиот билет за три ...
Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Оттаму велат дека ова е прв центар од ваков тип во Македонија, кој ќе функционира како безбеден и поддржувачки простор за најранливите категории граѓани, нудејќи психо-социјална помош, неформална едукација со посебен акцент на деца и млади, правно советување и дневна грижа. На отворањето зборуваше Државниот ...
Изгорено бело платно, испишано со имиња на загинати граѓани, а во средината празен облик на човек и над него натпис „Кој е следен“. Иницијативата Кој е следен? денеска направи герила акција на еден од скопските пешачки мостови на Вардар, кој гледа накај објектот на Основното јавно обвинителство, со цел да потсети дека се изминати точно два месеци од трагедијата во импровизираната дискотека во Кочани. „Денес сме тука да потсетиме дека поминаа два ...
Организаторите на фестивалот „Drim Short Film Festival“ кој ќе се одржи од 7 до 10 август, во соработка со „Pro Peace North Macedonia“ отвораат повик за млади за работилница „Сочување со минатото“ која ќе се спроведе во рамки на фестивалот. „Овој повик е до младите луѓе што сакаат филм, критичка мисла и раскажување автентични приказни“, велат од „Drim Short Film Festival“. На работилницата, преку пост-Југословенски филмски дела ќе се зборува за ...
Ова е една кратка вест, всушност известување. Откако ќе ја прочитате, застанете и размислете. Како е можно? Каде води сето ова? Каков свет се создава? Дали овој тренд е воопшто одржлив? Оксфам, невладина организација што се бори против сиромаштијата е меѓународна конфедерација на невладини здруженија со партнери во седумдесетина земји низ светот, објави шокантна вест дека последниве десет години богатството на еден процент од најбогатите во ...
Сите сакаат уништување на Хамас. Дали има некој што е против? Екстремистите тоа го сакаат повеќе од ослободувањето на заложниците, умерените велат: прво да ги ослободиме киднапираните, па потоа ќе го уништиме Хамас. Оваа илузија мора да се разобличи: уништувањето на Хамас значи бришење на целиот народ или барем на сите мажи во Газа. Тоа е геноцид под маската на пристојноста. Иако на прв поглед изгледа како легитимна цел, особено по 7-ми ...
Спојување, намалување или повторна изградба – одговор на кризата или структурен ресет? Неодамнешниот извештај на агенцијата Ројтерс открива дека Обединетите нации разгледуваат значајни структурни реформи како одговор на сериозната финансиска криза. Внатрешниот допис сугерира консолидација на различните агенции на ОН во четири главни сектори: мир и безбедност, хуманитарни прашања, одржлив развој и човекови права. Ова би можело да значи спојување ...
Почина поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, попознат како Пепе, кој беше омилен поради скромноста и едноставноста – не само во родната земја, туку и ширум светот, пренесоа светските медиуми. Тој имаше 89 години. Веста ја соопшти актуелниот претседател на земјата, Јаманду Орси, кој во својата објава напиша: „Ви благодариме за сè што ни дадовте и за вашата длабока љубов кон народот“. Мухика беше некогашен револуционер и социјалист, кој ...
Пред некој ден бев до Кочани разговарав со разни луѓе сите разочарани и гневни, вчера Кочанчанец се врза за бандера на сред плоштад во Скопје во знак на протест, денеска во Кочани ќе се протестира. Државата се фали дека нешто прави а всушност не прави ништо сериозно, кочанчани викаат не заборавија комплет. Паралелно владата деновиве сака да купиме нов владин авион. Ако ги земеме светските историски искуства она што на Кочани му треба е некаков ...
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ како дел од проектот „Кадар-на“ (анг. Her frame, во буквален превод „Нејзин кадар“) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор и отвора повик за менторска програм за сите млади филмски работнички кои сакаат да се усовршат. „Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, а оваа програма е ...
Сараевското народно позориште (СНП) ќе биде гостин на Македонскиот народен театар (МНТ) на 21 и 22 мај со претставите „Сараевскиот трговец“ и „Селска опера“. „Сараевскиот трговец“ ќе се одигра на 21 мај со почеток во 20 часот. Текстот е на Игор Штикс, а режија е Михал Дочекал. Во претставата играат 16 актери: Мона Муратовиќ, Мирвад Куриќ, Сањин Арнаутовиќ, Ведран Ѓекиќ, Амина Беговиќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Дино Бајровиќ, Ирфан ...
Со цел да се одредат точките на светската поетска мапа, во малата антологија на светската поезија има значајни имиња на поезијата на 20. век и нешто од 21. век: Анџела Маринеску, Романија, Силвија Плат, Луиз Глик, Чарлс Симиќ, САД, Маргарет Атвуд, Канада, Франк Ормсби, Пол Малдун, Шејмас Хини, Ирска, Сара Кирш, Германија, Блаже Конески, Лилјана Дирјан, Игор Исаковски, Пандалф Вулкански, Македонија, Борис А. Новак, Словенија, Георги Господинов, ...
Неолиберализмот не беше ни нов ни особено либерален кога ја воспостави својата доминација пред 50 години. Неговата значајна предност беше острото отстапување од класичниот либерализам. Иако им оддаваше признание на либералните мислители, неолиберализмот не ги задржа ниту нивните методи ниту концептот на пазарот. Денес сме на прагот на уште една, исто толку темелна идеолошка иновација. За разлика од Адам Смит или Џон Стјуарт Мил, неолибералите не ...
Пренесено од: Дојче Веле Роберт Превост е роден во Чикаго, во 1955 година, и таму се приклучил на Августинскиот ред. Прво студирал математика и теологија во Чикаго, а подоцна канонско право во Рим. Како свештеник, Превост бил испратен во Перу како мисионер и оттогаш течно зборува шпански и италијански. Како папа Лав Четиринаесетти, тој би можел да дејствува како градител на мостови меѓу различните култури и црковните региони, рече за ...
Момчето кое денеска со часови беше залепено за бандера на плоштадот во Скопје, се симна и прозборе пред јавноста. Тој, својот револт го насочи кон јавноста, која според него многу брзо заборавила на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во дискотеката во Кочани. Момчето рече дека донациите во последно време се намалиле а на повредените ќе им требаат многу пари за да се опорават. „Ми загинаа пет другари, и некој ме прашува: нема ли ...
РИТАМОТ НА КАЛИПСО Сите станавме очекувајќи ја химната, но оркестарот засвире калипсо. И не само што засвире, туку и заигра. Целиот оркестар, вклучувајќи го и диригентот, сложно заигра калипсо, а ритамот набрзо се пренесе и врз нас, се провлекуваше низ нашите раце и нозе, се гнездеше во стомаците и задниците; потоа ни се придружија почесниот вод, дипломатите на трибините, децата со цвеќе, дури и екипажот на авионот слезе на пистата; потоа и ...
Договорот за искористување на природните ресурси, кој на 30-ти април го потпишаа американскиот министер за финансии Скот Бесент и украинската министерка за економија Јулија Свириденко, укажува на промена на курсот на новата американска администрација во однос на војната во источна Европа. Договорот, со кој САД добиваат преференцијален пристап до бројни украински рудни богатства – од ретки метали до фосилни горива – би можел да доведе до ново ...
По повод 28 мај – Меѓународениот ден на менструална хигиена и здравје иницијативата „Period Skopje“ организира Филмски караван за менструална сиромаштија: Патот до еднаквост, кој има за цел да ја подигне јавната свест, да поттикне отворен дијалог и да ги мобилизира младите луѓе на локално ниво во борбата против менструалната сиромаштија и стигма во Македонија. „Според истражувањето ‘Менструална правда’ од 2021 година, 71% од испитаничките ...
Прирачникот за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор изработен од Ангелина Станојоска, професорка на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ќе биде промовиран на 14 мај со почеток во 14 часот во „Нетавил“ во Скопје на настанот „CTRL+ALT+Defend – Скини ги синџирите на онлајн насилството“. „Родово-базираното насилство (РБН) е резултат на длабоко вкоренетите родови ...
Изминатиов период екипа студенти и млади ентузијасти работат на нов фанзин „Ефимин“ кој опфаќа тековни прашања поврзани со култура и уметност. Младите во четврток (утре, 8 мај) прават прва официјална промоција на вториот број односно третото издание. Најавени се низа активности во „Лабораториум“ што ќе започнат во 17:30 часот со џемање – загревање со тимот на фанзинот. Потоа, меѓу другото, ќе има мини панел за историјата на фанзинот во ...
Јавната дебата „Важноста на Независната сцена во услови на поларизација“ ќе се одржи утре (7 мај) со почеток во 19 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро. Говорници ќе бидат Искра Гешоска, Мања Величковска, Роберт Алаѓозовски, а дебата ќе ја модерира Тијана Спасовска. „Независната културна сцена е повторно турната на маргините. Во изминатите години имаше знаци на зголемена поддршка и успешни примери како хибридната институција Јадро ...
Пренесено од: Дојче Веле Северна Македонија се соочува со значителни демографски поместувања. Детската популација се намалила за 18 проценти од 2011 до 2023 година, а се забележува и ниска стапка на фертилитет од 1,5, што укажува на намалување на населението, покажува анализата на УНИЦЕФ за ситуацијата на децата и адолесцентите, којашто беше презентирана во македонското Собрание. Во неа се посочува дека урбанизацијата е во пораст, при што 63 ...
Фестивалот „Виолин Фест“, чија мисија е да ѝ даде сцена на младата виолинска иднина, годинава го одбележува своето 11-то издание – и тоа со симболично враќање таму каде што сè започна, во Битола. На 8 мај со почеток во 12 часот ќе се одржи јавен час и презентација на фестивалот во Музичкото училиште во Битола. Додека, на 12 мај во 20 часот ќе започне концертот во Официрски дом, со настапи на млади виолинисти од музичките училишта од Битола, ...
59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ − Прилеп е пред нас со изборот на претстави во официјална селекција и претстави од независната продукција во придружната програма. Aктерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски ќе ја добијат наградата за животно дело. 5 мај, Прилеп: Девет претстави во официјална и пет во независна програма се селектирани за програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во ...
На 7 јуни 1945 година, со решение на Министерството за просвета потпишано од тогашниот министер Никола Минчев, е донесен Правописот на македонскиот јазик. Еден месец претходно, на 5 мај 1945, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик. Со ова се заокружува еден од темелите на македонската државност, удрени со решението на АСНОМ од 2 август 1944, донесено во манастирот Прохор Пчински, ...
„По години и години нелегални и неуставни федерални напори да се ограничи слободата на изразување, ќе потпишам извршна наредба веднаш да се запре целата владина цензура и да се врати слободата на говорот на Америка“, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на говорот што го одржа во Сенатот по повод инаугурацијата на 20-ти јануари годинава. Наредбата ја потпиша истиот ден, а во неа, уште во првиот дел стои дека Првиот амандман на ...
Кочани не загина на денот на трагедијата. Кочани умираше одамна, бавно и тивко, во децении на корупција, незаинтересираност и себичност. Оваа катастрофа не беше изолиран инцидент туку последица на еден систематски распад што сите го гледаа, но ретко кој реагираше. Во град во кој корупцијата не е отстапка, туку очекуван начин на „функционирање“, несреќите не се прашање на дали, туку на кога. Секој што вртеше глава пред вистината, што ја прифаќаше ...
Северна Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници (РБГ). За разлика од минатата година кога беше на 36 место, оваа година е на 42 позиција. Во кусото образложение на РБГ пишиува дека „владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите“. „Иако новинарите не работат во непријателска средина, Широко распространетата дезинформација и недостатокот ...
Чест ни е да ве поканиме на годинешната Ретроспектива во најава за Главната програма на 15. Филозофски филмски фестивал (22-28 мај), која ќе биде посветена на италијанскиот режисер Пјер Паоло Пазолини (1922-1975). Малиот јубилеј на Фестивалот, неговото петнаесетто издание, го започнуваме со одбележување на 50-годишнината од смртта на големиот италијански и европски режисер, Пазолини. Ретроспективата во негова чест се реализира во соработка со ...
Вчера, на 29 април 2025, во Скопје се одржа протестен марш во организација на семејствата на жртвите од трагичниот пожар што на 16 март ја зафати импровизираната дискотела „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 62 лица, претежно млади. Семејствата на жртвите најавија дека нема да запрат со протестите додека не добијат правдата што ја бараат. Повеќе за маршот овде. Фотографиите од вчерашниот настан ги направи Ванчо Џамбаски. Повеќе негови фотографии ...