Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
„Синоќа сонував дека повторно отидов во Мандерли“. Воведната реченица на најпознатиот роман на британската писателка Дафне ду Морие, „Ребека“, е една од најубавите воведни реченици во англиската фикција. Англиските книжевни критичари оценуваат дека Ду Морие со еден потег го воспоставува гласот, местото и атмосферата на сонот во приказната. Романот е издаден во 1938 година, а само две години подоцна Алфред Хичкок ја искористи истата воведна ...
Платформите што создаваат deepfake видеа станаа вирални, овозможувајќи појавување на лажни сцени со познати личности и историски фигури — па дури и со починати личности, во непријатни или навредливи контексти. Семејствата на некои од нив, како на д-р Мартин Лутер Кинг, веќе апелираа до технолошките компании да ги забранат ваквите злоупотреби. Но, според д-р Кевин Грекш од Универзитетот во Оксфорд, постои уште еден, често занемарен аспект: ...
Пред речиси десет години, на 12 декември 2015 година, речиси сите земји во светот го усвоија Парискиот договор – историски меѓународен договор за ограничување на глобалното затоплување и неговите разорни последици врз луѓето, екосистемите и економијата. Иако често можеме да прочитаме дека напредокот во климатската акција не е доволен, тоа не значи дека стоиме во место. Доколку Парискиот договор никогаш не беше потпишан, нашата иднина ќе беше ...
Во рамки на примирјето посредувано од САД, што израелската влада и палестинскиот Хамас го постигнаа на 9 октомври, Израел ослободи речиси 2.000 Палестинци од своите затвори, од кои многумина беа притворени без формално обвинение. Сепак, договорот за примирје не опфаќа повеќе од 300 палестински малолетници кои сè уште се наоѓаат во затворите низ Израел. Исто така, речиси половина од тие деца се притворени без обвинение, додека останатите најчесто ...
Со цел заеднички да го заокружиме десетото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, ве покануваме на мултидисциплинарен настан, составен од изложба, презентации, панел дискусија и демонстрација, насловени „Експериментална археологија: Дизајнот како мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината“. Настанот ќе го отвориме со изложба на накит во авторство на македонската уметница и дизајнерка Билјана Клекачкоска и со панел ...
Воедно и отворено писмо до: Министерот за култура на РСМ, г-н Зоран Љутков Директорката на Управата за заштита на културното наследство на РСМ, г-ѓа Весела Честоева Генералниот директор на ЈП МРТ, г-н Марјан Цветковски Претседателот на Собранието на ММИ, г-н Александар Масевски В.д. директорот на Институт за фолклор „Марко Цепенков“, проф. д-р Зоранчо Малинов Во двата претходни текста „До кога со кражби и злоупотреби на македонскиот музички ...
Се бара некој цврст, некој што ќе застане на чело. Некој да реже со збор – нека е и трул на дело. Се бара некој цврст, некој што ќе застане на чело. Некој да реже со збор – нека е и трул на дело. Се бара некој со свое ЈАС – да има бе ЕГО! Да го слушам да ќутам: е, некој ко него. Си треба бе некој ага, бег, паша: да биде авторитет! Да го гледам да се плашам. Некој што ќе удри по маса! Ќе има и глас, а и стас, а и да е простачиште – само да е ...
Членот 394-г од Кривичниот законик на РСМ е одредбата со која македонското законодавство кривично го санкционира говорот на омраза направен на Интернет. Како дел од позитивната обврска на државата да ги заштити оние кои се мета на говор на омраза, потребно е да се криминализираат најсериозните негови изрази направени вон и во дигиталната средина (како на пример: јавно поттикнување на извршување геноцид, злосторства против човештвото или воени ...
При стеснет простор и отсуство на поддршка за критичко културно делување, во време на отворен антагонизам кон феминистичките заложби и јавни и институционално поддржани хомофобични и трансфобични политики, колку далеку може да одат и колку слободно може да се остварат културните и активистичките себеистражувачки пракси на (младите) квир/FLINTA жени*, транс* и родово флуидни луѓе? Возобновената QUEER програма на тринаесеттото издание на ...
Секогаш кога ќе видам спонзориран пост во вестите на единствената социјална мрежа што сè уште повремено ја проверувам – пост на некој локален политички екстремист или партија што ги негира климатските промени, се смета за попаметна од сите лекари и научници, шири лаги за труење на луѓето или проповеда пропаста на цивилизацијата – за момент се насмевнувам. Знам дека залудно потрошиле неколку евра од некој „културно-воен“ буџет, фрлени во празно. ...
Си појдов така на гости кај мајка ми во Дебар Маало - класика, кафе, колачи, муабет. Ама наместо мирис на кафе, ме дочека - арома на гомна. Не претерувам, цело Дебар Маало корне како подземна изложба на фекалии. Нашиот подрум поплавен, шахтата - полна со канализациска вода. Се јавивме во Водовод, дојдоа луѓето, сериозни. Констатираа дека не е само нашата шахта - туку и сите други во маалото, до раб на излевање! Демек, колективна смрдеа, ...
Страшниот предмет во ќеларот Српскиот онирички писател Миленко Пајиќ еднаш го прашал славниот скопски фантаст Влада Урошевиќ: - Го памтите страшниот предмет што стоеше во некој ќелар кај „Јоле“? - Се разбира. Предметот лежеше на патос, во собиче на крајот од долгиот ходник кој завршуваше со лажна врата - прецизно одговорил Влада Урошевиќ. - Кој и да дојдеше таму и да го видеше предметот, ќе речеше „Ужас!“, и се враќаше во кафеаната со ококорени ...
Патријархатот не бира возраст Кога удира на мали години, тој шиба отсечно, па нагло ги сосекува тековните емотивни процеси. Посебно кога станува збор за ожалостеност или оплакување. Зашто, машки (деца) не плачат. И што прават децата на кои им е одземена можнооста да изразат болка, тага, гнев? Тие замолкнуват, односно занемуваат. Во таква состојба го затекнуваме малиот Наим, до пред некоја година годиначе, а сега сираче без мајка, но со татко. ...
Начинот на кој луѓето доаѓаат до сопствената вистина може да послужи како еден вид на методско, епистемолошко сечиво – налик на Окамовото – што ги дели луѓето на планетава на две групи. Во првата се оние што до нивната вистина доаѓаат со магиско мислење, односно со верба, и нив условно, за потребите на овој оглед, можеме да ги наречеме „верници“. Во втората група се оние што до вистината доаѓаат на потежок начин, со рационално и критичко ...
Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата), Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава. Публиката ќе може да ги проследи видеата „Destination: Skopje-Gabrovo“ (2020), „The PCR Song“ (2021) и „KRIEG/ACINSELAK“ (2024). Покровители на настанот се Мобилна галерија ЦАЦ Скопје, ...
Анастас Вангели е важно име во истражувањата на односите помеѓу Кина и државите што настанаа по распадот на некогашната СФРЈ. Неговите истражувања тој ги преточи и во книга која деновиве ја промовира низ регионот. Со интервјуто за Рес публика во кое го опсервираме кинеското влијание, добивме продлабочена анализа за тоа колку Кина навистина е заинтересирана за регионот и колку тоа им создава главоболки на ЕУ и САД. „Колку и да е драматична ...
Закани со масовни депортации, укинување на правото на протест, третирање на демонстрантите како терористи, воведување закон за богохулење на мала врата, затворски казни за навредливи слогани и твитови, подем на етнонационалистички приказни за припадност. Голем дел од денешните државни политики и политички дискусии е проткаен со духот на антилиберализмот, кој го стеснува просторот за човековите права и различното мислење, како и за поединците и ...
Увод Ви ги претставуваме овие куси лекции како вовед во лаканијанската анализа, без да веруваме дека психоанализата може да се пренесе и научи на ваков начин, исклучиво преку читање; особено не преку читање на брутално редуцирана и поедноставена форма на едно крајно комплексно психоаналитичко учење. Психоанализата пред сè се учи искуствено: низ лична психоанализа, во која директно се чувствуваат ефектите на сите овие апстрактни, а често и ...
Галеријата гротескни ликови што Трамп ја собра во Шарм ел Шеик, египетското одморалиште, синоним за луксуз и деспотизам, покорно го славеше „мирот на Блискиот Исток“. На неговата изведба на римскиот цар Нерон ѝ недостасуваше само тогата. Каков „мир“? Претходно истиот ден, во Ерусалим, Нерон ја прогласи „победата“ обраќајќи им се на своите варварски помошници и донатори кои го бодреа во Кнесетот: „Го правиме најдоброто оружје во светот и имаме ...
Политичката офанзива на европската радикална десница доби нов ветер во грб откако американскиот претседател Доналд Трамп на 18 септември најави, а на 22 септември и го формализираше прогласувањето на „Антифа“ за терористичка организација. Што всушност Трамп и неговите сојузници подразбираат под „Антифа“ – воопшто не е јасно. Се разбира, „Антифа“ е само кратенка од „антифашизам“, а во Америка и Европа постојат стотици меѓусебно неповрзани ...
По успешната септемвриска програма исполнета со активности за млади, Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани. Во текот на октомври, програмата ќе се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како и со “SupportKochani”, со цел да се придонесе кон културниот живот во градот и да се овозможат нови содржини за граѓаните. Октомвриската програма ќе опфаќа три претстави: ...
Сè што се случуваше во Израел последниве две години се прекрши во Кнесетот на прославата за завршувањето на војната. Тоа беше оргија на ласкање, суетност, опиеност и негирање. Освен огромната радост поради ослободувањето на заложниците, новото поглавје не донесува ништо ново: гледајте колку сме прекрасни, не гледајте никого освен нас. Опиеноста од победата прерасна во надменост: колку сме убави ние Израелците. Гласот на просветлените Израелци, ...
По повод претстојните локални избори направивме листа со извадоци од програмите на кандидатите и советничките групи во кои се спомнува урбан велосипедизам. Како и на претходните локални избори, целта на овој документ беше да одговори на прашањето - што ни ветуваат кандидатите за подобруваање на урбаниот велосипедизам. Во рамките на локалните изборни програми за Град Скопје и неговите општини, јасно се истакнува еден заеднички стратешки пристап ...
Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „Жар птица“ од Загреб, Хрватска ја освои Гран П“ наградата на 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври 2025. Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ангажиран ...
40 фотографии снимени во културниот центар „Јадро“ на 11 и 12 октомври 2025. Содржините на вториот и третиот ден на десеттата, јубилејна, „Друга приказна“ - Марија Арсенкова (Скопје) разговараше со Мила Јовановиќ и Александар Кендришиќ, членови на студентското движење во Србија (Нови сад - Белград); - Ивана Хаџиевска (Битола) го претстави трудот Арпад Лебл во Битола (1936) - една предисторија на локалниот антифашизам; - АНТИФАШИЗМОТ ДЕНЕС - 80 ...
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, продолжуваме со нов циклус посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на ...
Замислете две различни сцени на сексуално заведување и активност. Во првата, запознавам некого во кафуле; изгледа дека си се допаѓаме еден на друг и долго разговараме. Се договараме утре повторно да се видиме. За време на нашиот следен состанок, продолжуваме да зборуваме на општи теми – филмови, музика, политика, екологија – но веќе се чувствува сексуална привлечност. Кога едниот од нас ќе го преземе ризичниот чекор и ќе предложи секс, другиот ...
На 21 октомври (вторник), во фоајето на Националната опера и балет во 19 часот, ќе се одржи долгоочекуваниот мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“. Концерт, премиера на македонско дело, изложба на уметнички слики и скулптури, како и промоција на книга, го чинат овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Светска премиера ќе доживее Концертот за пијано, гитара, наратор и камерен ...
Со настап на реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио вечерва започнува 44. издание на Скопскиот џез фестивал, кој и оваа година нуди богата програма со врвни музички имиња и придружни културни настани. Главната концертна програма ќе се одржува во Националната опера и балет (НОБ), додека документарните филмови ќе се прикажуваат во Кино Фросина при МКЦ. Реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио, познато ...
На Западот му се заканува бауч – баучот на работничката класа која остана без свој политички претставник. Заведени од песната на сирените на „третиот пат“ – Бил Клинтон, Тони Блер и Герхард Шредер – силите на левиот центар веќе со децении се откажуваат од јазикот на класната борба. Во желбата да се прикажат како сигурни, ефикасни и одмерени менаџери на капиталистичкиот систем, се откажаа од говорот за експлоатација и го занемарија вродениот ...