Утре јавна презентација за овој атрактивен детален урбанистички план во Прилеп

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се организира јавна презентација и јавна анкета за ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Јужната и југозападната граница се движи по должина на осовината на собирната улица, бул.“Гоце Делчев” со ознака С2 во должина од 1198,2м’, врти кон североисток каде оди по осовината на собирната улица “Новопланирана” со ознака С12 во должина од 455,1м’, формирајќи ја северозападната граница, потоа врти во југоисточен правец по осовината на собирната улица “Самоилова” (Пере Тошев), со ознака С3, во должина од 513,4м’, формирајќи ја североисточната граница, потоа врти во јужен правец по осовината на сервисната улица “Браќа Миладиновци” со ознака Ср9, во должина од 283,5м’, формирајќи ја источната граница, потоа врти во источен правец по осовината на сервисната улица “Браќа Миладиновци” со ознака Ср9, во должина од 220,6м’, формирајќи ја северната граница на опфатот, се до накрсната точка со сервисната улица “Браќа Миладиновци”, со ознака Ср5, во должина од 445,5м’, врти во југоисточен правец се до вкрстувањето со бул.“Гоце Делчев” која е и почетна точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со периметар од 3116,64м’, со површина на планскиот опфат од 438249,96 м2, односно 43,82ха. Подрачјето на пласнкиот опфат е во рамките на ГУП за Општина Прилеп.

Јавната анкета и јавната презентација ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Нацрт Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 41 ден од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 07.02.2024 година до 18.03.2024 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.02.2024 година, петок во 10:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.