Moмироски до Проданоски: “Во политиката треба континуитет, а не со месеци дремење како восочна фигура од Мадам Тисо”

Новинарот Зоран Момироски го објави најновото издание на својата актуелна колумна “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, и повторно ги елаборираше најактуелните случувања во Прилеп во изминатите 7 дена.

Посебно внимание новинарот овојпат посвети на предизборните прегрупирања и растрчаноста на партиите на терен, како и на реакциите на членството на средбите со партиските чиновници.

-ВМРО-ДПМНЕ си ,,турка,, изборна агенда во месните комитети. И со средби со граѓани.И таму основна тема е вработувањето. Кој кого го вработува?!? Дали постои непотизам?!? Дали постои некаков ,,усул,, во тендерашењата ?!? Забелешки имало и за прераспределба на вработени во локалната самоуправа, правејќи поделби на мои, твои и негови. Неговите се мисли на екс градоначалникот Марјан Ристески.

Моите се мисли на актуелниот градоначалник Борче Јовчески. И на неговите се мисли на екс градоначалникот Илија Јованоски. Според мое лично и скромно 40 годишно политичко искуство повикот за обединување од страна на претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски е задоцнето.

Во политиката треба да постои континуитет и тоа без изразена препотенција, а не со месеци да се ,,дреми,, како воштена фигура извадена од Мадам Тисо. И притоа да се тераат лични бизниси а да се молчи или да се поттикнуваат не основаните кодошења во Централата.

Но, и да се дозволува етикетирање на едни луѓе и тоа само поради лични и бизнис интереси на ,,лајачите,, на исфлустрираните и неизживеани поединци. Поединци слезени од планина или дојдени од поле. – пишува Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.