Одбележувајќи го првиот ден од пролетта ЈПКД Комуналец започнува со акција за машинско чистење на диви депонии. Се работи на чистење на една од поголемите диви депонии на улица Антон Панов каде што еколошката свест на граѓаните кои живеат околу таа улица е на многу ниско ниво. Од Комуналец велат дека се надеваат дека по интервенција и темелното чистење ќе проработи свеста на несовесните граѓани и овој дел од градот пополека ќе прерасне во убаво, ...

Како и секоја година така и оваа ООЦК Струмица беше вклученa во активностите со Струмичкиот карневал. Во периодот од 15.03.2024 г. (петок) до 17.03.2024 г. (недела) клубот на млади организира камп на кој присуствуваа 8 Општински организации од нашата земја и 1 од Србија – Раковица. Кампот се спроведе во просториите на Црвен крст Струмица. Главната улога на Црвен крст беше делењето на чај на посетителите и учесниците и оваа година постигнаа ...

Израелската одбојкарска федерација во Македонија ќе биде домаќин на еден од турнирите во годинешното издание на Сребрената лига. Одбојкарската федерација на Македонија потврди дека Израел побарал помош за организација на турнирот, кој ќе се одржи во Струмица од 31 мај до 2 јуни. Освен Израел, на турнирот ќе учествуваат и одбојкарските репрезентации на Австрија и Исланд. Во Сребрената Лига на ЦЕВ оваа година ќе се вклучи и селекцијата на Фарските ...

Струмичкиот карневал низ годините секогаш бил причина за гордост за сите струмичани и струмичанки. Тој бил главна афирмација и промоција на Струмица и сѐ што е струмичко. Годинава се појавивме на најударниот тајминг на Си-Ен-Ен и така светот дозна и слушна за Струмица, ама слушна и за Македонија и тоа не само по проблемите, туку и по нешто што е убаво. Со Тримерскиот ручек – круната на карневалските празнувања денеска заврши Струмичкиот карневал ...

Златните плакети на 25-тото јубилејно издание на меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура во Струмица ги добија полскиот карикатурист Михаил Грашчук и српскиот афористичар Нинус Несторовиќ. Фестивалот, инспириран од струмичкиот карневал, го има карневалот и еротиката како главна тема, што го прави единствен во државата. На затворањето на фестивалот беа доделени и сребрени и бронзени плакети, како и специјални признанија од организаторите ...

По повод Светскиот ден на поезијата, Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со Европската куќа во Струмица (Europe House Strumica) на 21 март 2024 година, со почеток во 19:00 часот го организира 16-то издание на „Роднокрајни поетски средби“. Да го прославиме овој значаен ден за литературата, Меѓународниот ден на поезијата, да го одбележиме овој празник и да уживаме во творештвото на ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за ...

Струмица и струмичани, верни на традицијата, денеска го празнуваат Чист понеделник. Празникот и големиот Велигденски пост ги собраа граѓаните на градскиот плоштад во заеднички ручек со вкусно бело гравче. На сите коишто постат градоначалникот Костадинов им посака со лесно да го поминат овој најголем пост за христијаните и упати неколку пораки бидејќи, како што вели тој, се наоѓаме во динамично и време на големи предизвици. „Фактот што имаме ...

На 16.3.2024 година во 17:30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Р.А.(30) и Р.А.(22) и двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници, кои извршувале службени задачи. При преглед на Р.А. (22) била пронајдена и марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал ги соопшти наградените маски. Наградниот фонд беше 8. 350 евра. Категорија над 50 члена во конкуренција беа 4 групни маски Прво место „Илијада“ на СОУ Јане Сандански Струмица Второ место ,, Подморски свет“ Балетско студио Газели Радовиш Трето место „Комедија Дел Арте“ на СОУ Димитар Влахов Струмица и „Аладин во Ѕвездениот град“ на ДСУ „Никола Карев“ Категорија од 30 до 50 члена во конкуренција беа 4 ...

Денес во 12:00 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се објават најдобрите маски на Струмичкиот карневал за оваа година, според изборот на жирито и публиката преку онлајн гласање. Потоа, во 13:00 часот, сите заинтересирани граѓани можат да уживаат во ручек со бел грав на плоштадот „Гоце Делчев“. Исто така, вечерва во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ се отвaра изложба на карикатури и афоризми, каде ќе се доделат и ...

Синоќа во хотелот „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал, како дел од карневалските свечености во нашиот град и своевидна увертира во утрешната интернационалната карневалска поворка од големиот Струмички карневал. Во друштво на гости од балканските земји, како и претставници на FECC од повеќе европски земји, на чело со претседателот на FECC Ларс Алгел, на маскенбалот, присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов кој и годинава ја има ...

Според православната вера, денеска е сабота пред Прочка, што е празник со традицијата наречена и како „Умрело дете за баничка“. Легендата кажува дека некогаш на овој ден сиромашно дете барало да јаде баница со сирење, но неговите родители не можеле да му ја направат, ниту некој друг му дал да јаде. Во нашите домови традиционално се подготвува пита-баница со сирење во чест на тоа дете и како симбол на последниот ден кога се јадат млечни ...

Струмица од денеска го прошири семејството на збратимени градови за уште еден прекрасен град – Лесковац од Србија. „Почитувајќи ја досегашната соработка, а водени од желбата за зајакнување на пријателските односи меѓу граѓанките и граѓаните на Струмица и Лесковац, градоначалникот на Општина Струмица потпиша Меморандум за збратимување со градоначалникот на Лесковац Горан Цветановиќ. „Како градови економски лидери во своите земји, имаме ...

Europe House Струмица заедно со Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица со задоволство ја најавува мартовската читателска дружба. Темата за претстојниот Book club е „Пиреј“ – роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски, првобитно издаден во 1980 година. За кратко време, тој станал еден од најчитаните македонски романи во поновата македонска книжевност и ужива статус на култен македонски роман. Оваа дружба ќе се одржи во топлата и ...

Во текот на вчерашниот ден направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива. Министерот Демири упатува огромна благодарност до семејството на донорот коешто се одлучи да ги донираат органите од нивниот близок и притоа да ...

На денешната 35-та седница на Советот на општина Струмица беа усвоени кварталниот извештај за извршување на Буџетот за четвртиот квартал од 2023 година, годишниот извештај и предлог – завршната сметка на Буџетот на општина Струмица за 2023 година. Вкупните приходи во Буџетот за минатата година имаат реализација од 82,65 проценти од планираните, а расходите имаат реализација од 90, 71 процент. На седницата беа усвоени и извештаите за работа и ...

Со звуци од химната на Струмичкиот карневал, со танц на струмичките мажоретки и со симболичното примопредавање на клучот на градот, денес, на балконот на Општина Струмица и пред општинската зграда, беше означен почетокот на овогодишните карневалски свечености во нашиот град. Градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде клучот на градот на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал Александар Цицимов, со што на симболичен ...

Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Струмица организираше низа активности насочени кон превенција на срцевосадовите заболувања. На ден 28.2.2024 година, во просториите на Општина Босилово се организираше едукативно предавање за превенција, третман и лекување на болестите на срцето и крвните садови, кое прим д-р Васил Тунев го ...

Со предавањето на клучот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на карневалистите, вечер почнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица, а веднаш потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“. Празнувањето ќе кулминира в сабота кога се одржува Интернационалната карневалска вечер на која, како што објави Организацискиот одбор, ќе учествуваат 47 карневалски групи со околу 1.000 ...

Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, потпишаа нов договор за финансиска поддршка од програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2024 година. Оваа поддршка изнесува дополнителни 53.000.000 денари и има за цел целосно да се заокружи финансиската рамка и да се оствари проектот за заштита на Дојранското Езеро. Овој проект вклучува ...

Градоначалникот Костадин Костадинов упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод почетокот на Рамазанските пости: „Почитувани сограѓани од исламска вероисповед, Ви го честитам почетокот на Рамазанските пости, со желба наредните триесет денови да ви поминат во здравје, мир, радост, хармонија, љубов кон Бога и прочистување и воздигнување на Вашиот дух. Ви посакувам лесен пост и со среќа да го дочекате Рамазан Бајрам, еден од ...

Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, со задоволство го објавуваат Конкурсот за награда за најдобар студентски превод и студентска резиденција за книжевен превод „Вавилон – Нова генерација“ 2024. Ако сте студенти најмалку на трета година студии и имате до 27 години, вљубеници сте во книжевниот превод и ваша желба е да отидете на резиденција на идилично место каде ќе ги продлабочите преведувачките вештини, ова е одличен повик за вас. РОК ...

Цената на дизелот и на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 84,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за ...

Денеска се одржа прес-конференција преку која на македонската и меѓународната јавност, ѝ беа најавени претстојните карневалски свечености во нашиот град. Градоначалникот Костадинов ја имаше честа да го поздрави и да му се заблагодари на долгогодшниот водител на струмичкиот карневал Ѓорги Калајџиев, но и да го најавам новиот водител, познатиот македонски актер, музичар и шоумен Игор Џамбазов. При тоа, на двајцата, инаку добри пријатели, им ги ...

Оваа година, за разлика од претходната, т.н. осмомартовски маршеви, организирани од родовите активисти на добро познати НВО организации, поминаа очајно како и досега, но овојпат срамежливо во однос на дрската антицрковна и џендер-афирмативна реторика од типот „и транс-жените се жени“ и уличарски пцовки упатени кон Црквата. Ако го занемариме фијаското на еден политичар кој јасно ни стави на сите до знаење дека топ приоритет во неговиот политички ...

Денеска во градскиот парк во Струмица, Армијата го почна одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО Алијансата и четири години од членството на Република Северна Македонија. Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност и претставува најсилна гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија. Присутните граѓани можеа да видат дел од вештините, вооружувањето, борбените ...

Еден ден по завршувањето на прославата и забавата по повод 8 Март во струмичките угостителски објекти, на неколку локации во Струмица поставени се урбани инсталации и постери со пораки за правата на жените. Целта на овие урбани акции е насочена кон подигање на свеста кај целокупната јавност за женските права и слободи. Пораките имаат за цел да ги поттикнат и локалните власти да преземат мерки за унапредување на родовата еднаквост, преку поголема ...

Црвен крст Струмица свечено го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8 Март, со делење цвеќе од страна на волонтерите од Клубот на млади, кои исто така имаа активно учество во настанот и го разубавија овој чин. Подароците беа поделени на повеќето жени кои беа затекнати како минувачи и на пациентите во Општа Болница Струмица од страна на волонтерите на Клубот на млади. „Насмевката која ја измамивме на нивните лица нека биде дел од нивното ...

Во текот на вчерашниот ден, гевгелискиот регион беше зафатен од невреме проследено со дожд и град. Поради тоа, од денеска, Општина Гевгелија, граѓаните кои претрпеле штети можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија. Во прилог на барањето, коешто треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, граѓаните треба да достават ...

Скопје

18ᴼ/18ᴼ
2.06
42%
1006

Белград

16ᴼ/15ᴼ
4.12
32%
1008

Софија

14ᴼ/14ᴼ
3.6
36%
1007

Сараево

15ᴼ/15ᴼ
4.23
48%
1009

Љубљана

14ᴼ/11ᴼ
3.6
53%
1001

Атина

21ᴼ/17ᴼ
2.68
44%
1008

Тирана

16ᴼ/16ᴼ
2.57
42%
1009

Подгорица

16ᴼ/11ᴼ
3.09
39%
1009

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

612250 $

Рутениум

24115 $

Калај

35 $

Сребро

922 $

Злато

76895 $

Бакар

9 $

Паладиум

33130 $

Платина

29955 $

Родиум

151607 $

Цинк

91166 $