На 15 февруари 2024 година, во Народниот театар- Гевгелија, ќе гостува ансамблот на Театар Куманово со претставата „Љубовна терапија“. Во претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот текст на „Beyond therapy” на Кристофер Дјуранг, љубовта е обработена како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите ...

Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција – Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска во периодот од 11:00 до 16:00 часот спроведоа акциска контрола на подрачје на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. – При контролата санкционирани се 89 возачи, и тоа 42 за управување на возило без возачка дозвола, 6 санкции ...

Со подобрување на временските услови и покачување на температурите ЈПКД Комуналец започнува со чистење на дивите депонии околу градот како и со чистење на сите јавни зелени површини низ градот како малите паркови и игралишта за деца кои се наоѓаат помеѓу станбените комплекси. Иако поединци се однесуваат несовесно со фрлање на смет насекаде се зголемува бројот на граѓани кои се повеќе се заинтересирани за околината која која ги опкружува, сакаат ...

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ синоќа околу 21 часот во близина на хотел во Гевгелија, го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје, соопштија денеска од МВР. – Околу 20 часот во близина на село Богородица, гевгелиско, полициски службеници забележале дека во возилото „ауди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, влегуваат мигранти, ...

На 9.2.2024 во 19.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на раскрсницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство- eдинство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(20) од село Сачево, струмичко, и мотоцикал управуван од М.Д.(18) од село Седларци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински ...

Сите тековни случувања во НУЦК „Антон Панов“ ќе можете да ги следите преку оваа платформа. На неа директно можете да пристапите преку www.nuckantonpanov.mk Освен информациите за секторите кои работат во рамките на установата – Театарот, Уметничката галерија и Музичко-сценскиот сектор – поврзани со нивната дејност и нивниот историјат, овде секојдневно ќе можете да се информирате и за настаните што следуваат: театарски претстави, изложби, ...

На полиците на Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија деновиве беа сместени вкупно 328 нови наслови, неодамна набавени во постапка, од десет македонски издавачки куќи: Македоника Литера, Македонска Реч, Култура, Просветно дело, Бегемот, Матица, Арс Ламина, Три, Феникс и Сакам книги. Станува збор за книги од различни жанровски определби, каде се вклучени современи бестселери, повеќе лектири за основно и средно образование, вклучувајќи дела од ...

Познатиот актер Иван Босиљчиќ ќе одржи уметничка вечер, музичко-поетска претстава насловена како „Наша вечер“ на 10 март во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица. Билетите по цена од 1.000 денари се пуштени во продажба во ТА Нова Травел во Струмица. „Публиката ќе има можност да ужива во стиховите на познати поети и познати мелодии кои во интерпретација на Иван внесуваат возбуда и емоции единствени на овие простори и во овие времиња. ...

На денешната 34-та седница на Советот на општина Струмица беше верификуван мандатот на новиот член на Советот, Мери Туџарова секретар на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица која доаѓа на испразнетото место на листата на советници од СДСМ. На седницата беа усвоени ценовникот за работа на ЈПКД „Комуналец“ за 2024 година, Програмата за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Паркиралишта – Струмица “ и ...

Струмичка Брера за првиот дел од првенството го зголеми својот тим со нов фудбалер, 20-годишниот Роџерс Мато од Уганда. Мато, кој има искуство од настапите за Кампала и турскиот клуб Шанлиурфаспор, е дел и од националниот тим на Уганда, каде што веќе има 21 настап и три гола, иако е млад. Тој е напаѓач кој игра на десно и лево крило. Иако имаше понуди од клубови од Европа, Мато одлучи да ја продолжи кариерата во Првата Македонска Фудбалска лига, ...

Во близина на село Крупиште, општина Карбинци, синоќа околу 20:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го уапсиле Г.Т. од село Долни Балван, општина Карбинци кој бил баран со потерница. Како што соопштија денеска од МВР, тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело уцена, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – ...

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека за Струмица стапуваат на сила мерките при надминат праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри заради надминување на пропишаната гранична вредност од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи. Среднодневните концентрации на PM10 на мерното место биле 165.83 mg/m3, ...

Градоначалникот Костадинов информираше дека струмичките кавалери како нова бесплатна услуга за граѓаните се ставени во пробна функција. Две електрични возила започнаа да возат низ паркот, плоштадот и пешачките зони, а можат да ги користат сите граѓани, а секако предност имаат повозрасните и лицата со попреченост. Возењето е бесплатно и еколошко, воведено по примерот на Љубљана и прво во државата. „Мои сограѓани, користете го овој бенефит и ...

Пријатно изненадување за градоначалникот Костадинов денеска беа претставниците на детскиот телевизиски фестивал „Ритамот на Европа“. Се разговараше за музичкиот фестивал што ја доби поддршката од градоначалникот Костадинов, а е најголем од ваков вид во Европа, со тоа Струмица стана град домаќин во групата од 75 градови од регионот и 4 градови надвор од него. „Фестивалот „Ритамот на Европа“ е одлична можност за нашите музички талентирани деца, да ...

На 8.2.2024 година со почеток од 20:00 часот во Ројал Парк – нова сала (Зона Север) во организација на гимназијата „Јане Сандански“ Струмица ќе се одржи емотивен настан во чест на професорката по македонски јазик Елка Терзиева. Елка Терзиева (1937-2001) струмичани ја паметат како една од најценетите, најпочитуваните и најпринципиелните професорки во гимназијата. Професорката е позната по својот став дека Секој Македонец треба да ја знае напамет ...

Филмот „Што е тоа жена?“ ќе биде прикажан во Гевгелија малата сала на Народниот театар, на 7.2 2024 со почеток од 19:30 часот. Влезот е слободен. Филмот е спој на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува една многу современа, сериозна и значајна тема – што е тоа жена, како се дефинира жената, дали личните чувства можат да бидат над реалните биолошки факти, значењето на жената во општеството и дека истата не може да биде заменета ...

Објавена е листата на најдобрите 5 селектирачи за месец јануари 2024 година кои согласно со проектот „Селектирај отпад“ ќе бидат наградени. „Селектирај отпад“ е општествено одговорна апликација и проект за собирање на селектираниот отпад директно од домаќинствата. Како Јавно Комунално претпријатие кое се грижи за почиста животна средина и активно е вклучено во проектот и им се заблагодарува на сите граѓани што се вклучени во акцијата и даваат ...

Младинската екипа на одбојкарскиот шампион Струмица викендов учествуваше на меѓународен турнир во Полска, каде покрај домаќинот Јастржебски учествуваа и чешка Острава и полскиот тим Хутник Краков, пренесува Спортспорт.мк. Во одлична атмосфера Струмица достоинствено ја претстави македонската одбојка, а одлично издание имаше нашиот јуниор Јован Милев, кој на крајот на турнирот беше прогласен за најкорисен играч. Учеството на ваков турнир е од ...

Ставена е во функција нова апликација за паркирање на територијата на Општина Струмица, која важи и за зонско паркирање за градови кои се водат под бројот 144 144 за плаќање со СМС-порака, како и за странски државјани кои ја немаа опцијата за плаќање преку порака, информираа денеска од ЈП „Паркиралишта“ Струмица.Апликацијата може да се користи како регистриран корисник и како корисник без најава, а можностите за плаќање на зонско паркирање се ...

По признанието од струмичани, лично од амбасадор Јордан Плевнеш кој беше гостин во Општина Струмица, градоначалникот Костадинов беше почестен со информацијата дека е избран за Личност на Југоисточна Европа за 2024 година. Таква била одлуката на Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз 11 години, во Берлин 7 години и во Вашингтон 4 години, и кој е препознатлив прозорец на културата на Југоисточна Европа во светот. ...

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80,5 денари за ...

Полицијата трага по сторителите кои го осквернавија споменикот на Гоце Делчев во центарот на Струмица на 2 овој месец. Како што инфомираше портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, бил извршен увид на споменикот, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите. Засега непознати сторители со авто лак испишаа пораки врз споменикот, но за вчерашното чествување на 152 години од раѓањето на Гоце Делчев споменикот беше исчистен. Од ...

Костадин Костадинов меѓу најсигурните лидери во Македонија, стои во новата студија на Меѓународниот републикански институт ИРИ, а врз основа на ставовите на граѓаните. Во оваа студија која ги опфаќа ставовите на граѓаните од шест општини и тоа низ реакцијата на неопределените гласачи, градоначалникот Костадинов е оценет како најсигурен лидер, доверлив, комуникативен, достапен, амбициозен и работлив. „Учесниците конкретно истакнаа дека не е ...

На 4.2.2024 година во 21.58 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци, струмичко и патничко возило „мерцедес” со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни ...

На 4.2.2024 во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 71 пречекорувања на брзината, од кои 33 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија, 14 на подрачје на Струмица и 8 на подрачје на Валандово. Од нив, 53 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор ...

Денес, пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад во нашиот град, во организација на Општина Струмица, се одржа чествување по повод 152-годишнината од денот на раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Пригоден говор за животот и делото на Делчев одржа градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов. Тој меѓу другото истакна: „Да се родиш, а никогаш да не умреш. Тоа може да им појде од рака само ...

Одбојкарската федерација на Македонија ја доби организацијата на Балканското првенство во одбојка на песок кое оваа година ќе се одржи во струмичко Ново Село во комплексот Лебедово, пренесува Спортспорт.мк. На Генералното собрание на балканската одбојкарска асоцијација кое се одржа во Софија, Бугарија, ОФМ беше претставувана од претседателот Јовановски и генералниот секретар Карановиќ. На состанокот беа одредени сите домаќини на балканските ...

Мајката на четиригодишното девојче од Струмица, кое беше примено во тешка состојба и хоспитализирано во Детската клиника во Скопје, ќе биде кривично гонета за злоставување и запуштање на детето. Според кривичниот законик, таа може да биде осудена на најмалку 10 години затвор (член 201, став 3). Иако била задолжена да се грижи за својата четиригодишна ќерка, осомничената грубо ја запоставила својата родителска обврска, дозволувајќи истовремено ...

Градоначалникот Костадин Костадинов строго го осуди вандалскиот чин, сквернавењето на споменикот на Гоце Делчев, тој на своите социјални мрежи напиша: „Да се биде Македонец е чест, привилегија и одговорност! Да се почитува Најголемиот наш Гоце е морална обврска врзана за нашето постоење. Со него сме се, без него ништо! Да се сквернави споменикот негов е благо кажано идиотизам. Најостро го осудувам ваквиот вандалски, грозен чин. Во контакт сме со ...

Александра Јанева го претстави својот нов музички проект вчера вечер со песната насловена „Дождови“, која претходно беше најавена на нејзините социјални мрежи. Оваа песна со силно впечатлив текст го освои слушателското срце веднаш по првото слушање. Јанева сподели дека одржувањето на репутацијата на македонската музичка сцена преку годините е голем предизвик. Истовремено, го истакна значењето на доследноста кон висок квалитет. Во рамките на овој ...

Скопје

24ᴼ/24ᴼ
1.03
36%
1016

Белград

23ᴼ/22ᴼ
3.09
33%
1014

Софија

22ᴼ/22ᴼ
1.54
28%
1016

Сараево

24ᴼ/24ᴼ
1.14
31%
1015

Љубљана

16ᴼ/14ᴼ
3.6
68%
990

Атина

25ᴼ/21ᴼ
3.6
36%
1016

Тирана

19ᴼ/19ᴼ
4.12
45%
1017

Подгорица

21ᴼ/18ᴼ
2.57
40%
1017
Currency

61.615

Currency

57.1177

Currency

72.1028

Currency

37.239

Currency

42.1843

Currency

63.3539

Currency

7.90283

Currency

0.61687

Currency

0.3772

Currency

0.52643

Currency

1.76281

Currency

0.68476

Алуминиум

2 $

Кобалт

558 $

Никел

531398 $

Рутениум

24115 $

Калај

27 $

Сребро

802 $

Злато

71754 $

Бакар

8 $

Паладиум

32635 $

Платина

29215 $

Родиум

150321 $

Цинк

76881 $