Регион

Ангов: Со посветена и одговорна работа решаваме децениски проблеми во Дојран

Санација и реконструкција на колекторски систем
Изградба на нова пречистителна станица
Санација на хидросистемот за спас на Дојранското Езеро

Денес Министерката за животна средина, Каја Шукова и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов разговараа за ситуацијата со хидросистемот кој го одржува нивото на водата на Дојранското Езеро, каде по излегувањето на терен и согледување на ситуацијата од страна на стручни лица се констатираше дека треба да се направи поголем зафат за реконструкција на самиот цевковод и набавка на најмалку две нови пумпи, со што би почнало непречено да функционира овој хидросистем.

  • Децениската негрижа, без разлика на политичката структура која била на власт изминатите 20 години, доведе до ваквата загрижувачка ситуација, но ќе бидеме самокритични и кон самите себе и ова мора да го надминеме заеднички, како и многупати претходно. Министерката во многу наврати ја докажа грижата за Дојран и Дојранското Езеро, и за таа цел ќе се обезбедат околу 60 милиони денари за санација и пуштање во употреба на хидросистемот, истакна Ангов.

Тие беа на увид во тековните активности за санација на колекторскиот систем, 40 годишен проблем со кој се соочуваше Дојран и Дојранското Езеро. Потпишан е договор за изградба на новата пречистителна станица која набргу започнува со реализација.

Од 2002та година, кога е изграден хидросистемот за спас на Дојранското Езеро кое е една од најголемите инвестиции, сега по 22 години повторно се покажува како треба да се грижиме за него. Во период од две години преку Влада и Министерство за животна средина обезбедени се 188.000.000 денари со кои се решаваат круцијални проблеми, пред сѐ за заштита на Дојранското Езеро.

Препорачуваме:

Климатските услови можат да доведат до рана берба на некои земјоделски култури, велат земјоделците

Dimitar Micev

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведено едно лице

Ване Трајков

38 групи и 3 поединечни маски ќе настапат на Струмичкиот карневал

Сузана Мицева