Регион

Нов стручен профил во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија: Забен и фармацевтски техничар

Согласно Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија се отвора нов стручен профил во здравствената струка- Забен техничар / фармацевтски техничар.

Согласно Планот за учебната 2024/2025 година, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ има 286 слободни места за упис на ученици во прва година средно образование, распоредени во 10 паралелки. Предвидени се 4 паралелки за гимназиско образование, од кои две со настава на македонски јазик и две билингвални – со настава на македонско-англиски јазик, за 136 ученика. Додека, за стручно образование има 150 слободни места, а учениците ќе бидат распределени во 6 паралелки. Односно, по 1 паралелка со по 25 ученика за следниве профили: хотелско-туристички техничар 4. степен, готвач / келнер 3. степен, економски техничар / бизнис администратор 4. степен, забен техничар / фармацевтски техничар 4. степен, машински техничар за моторни возила 4 степен и автомеханичар 3. степен.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунскиот уписен рок со две пријавувања. Пријавувањето ќе се врши преку електронски, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 до 25 јуни, до 15:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни, од 7:00 до 17:00 часот и на 25 јуни 2024 година, од 07:00 до 15:00 часот. Додека, второто електронско пријавување (до 15 часот) и доставувањето на потребната документација до училиштата ќе се вршат на 1 (од 07:00 до 17:00 часот) и 2 јули (од 07:00 до 15:00 часот) 2024 година.

Повеќе информации на следниот линк:
https://mon.gov.mk/stored/document/Konkurs%20za%20zapisuvanje%20ucenuci%20vo%20srednite%20ucilista.pdf

Препорачуваме:

Струмица – лидер по заболени од грип во првата седмица од новата година

Сузана Мицева

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод 24. Мај – Денот на Сесловенските просветители

Видео – Сања Чавдарова доби количка на електричен погон, Маџиров со ТК ,,ТуС Неуенраде,, од Германија во хумана акција