Регион

Тешка сообраќајка на Валандовско брдо – едно лице го загуби животот откако се преврте со камион

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на „Валандовско брдо“ на патот Струмица – Валандово, пишува порталот „Дрнка.мк“. Според првичните информации на полицијата, станува збор за лице кое управувало камион со струмички регистарски ознаки.

Несреќата се случила околу 14 часот на еден од свијоците каде возачот изгубил контрола над камионот и излетал од патот при што се превртел.

На место на настанот полицијата вршеше увид, а присутна беше и екипа на итната медицинска помош. Сообраќајот се одвиваше отежнато во двата правци.

Преземено од www.drnka.mk

Препорачуваме:

Годинава се воведуваат две нови вакцини во Македонија

Стојне Митева

Одбележан патрониот празник на ООУ „Сандо Масев“ Струмица

Сузана Мицева

Млади од Богданци и Дојран ќе поправаат мобилни телефони за да се намали електронскиот отпад

Сузана Мицева