Регион

Пакистанци со автомобил со струмички таблици криумчареле шест Непалци и бегале од полицијата

На 07.04.2024 околу 20.30 часот во близина на с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Ј.А.(22) и З.А.(21), двајцата од Пакистан.

Претходно, тие со патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу возилото било престигнато и запрено и во него биле пронајдени шест лица мигранти од Непал.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Улиците Балканска, Крушевска Република, Киро Абрашев и дел од булевар Маршал Тито ќе останат без вода

Ѓ. K.

УЈП огласи за вработување – покрај квалификациите бараат и етничка припадност

Поранешниот пратеник Трајко Велјановски излегува од куќен притвор