Регион

Здружението „Вера“ организира Хуманитарна акција за донирање храна и средства за лична хигиена

Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, организира Хуманитарна акција за донирање на храна и средства за лична хигиена со цел да им се помогне на семејствата на членовите на здружението. Акцијата се организира по повод Неделата на Солидарност и најголемиот христијански празник Велигден.

Препораката е сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива, како: ориз, грав, сол, шеќер, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана храна и конзервирано овошје, супи, леќа, бисквити и слично. Исто така неопходни се и средства за лична хигиена, прашок за перење, сапун за раце, шампон за коса и средства за хигиена на домот.

Пунктот за собирање на донациите ќе биде поставен во просториите на Здружението „Вера“, во Инкубаторот, (поранешна касарна) во деновите петок и сабота (12 и 13 април), од 13:00 до 17:00 часот.

Препорачуваме:

Одбележана 19 – годишнината од смртта на бранителот Атанас Јанев

Сузана Мицева

Детското одделение при струмичкaта болница почна да се реконстурира, сменета е столаријата

Ване Трајков

Струмичани се подготвуваат за зимата, го прават традиционалниот струмички ајвар