Македонија

МВР: Без закажан термин в сабота фотографирање за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат ниту пасош, ниту лична карта

Министерството за внатрешни работи во сабота (6.4.2024) во периодот од 08:00 до 15:00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта, ниту пасош.

– Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Препорачуваме:

Емилија Динева од Дојран е донорот на срце и два бубрега

Сузана Мицева

Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа

Стартуваат новите мерки – невакцинираните граѓани од денеска не можат да влегуваат во кафеани и на настани

Сузана Мицева