Регион

Археолог од Струмица на научен собир во Белград на тема „Археологијата на смртта“

Во организација на Центарот за теориска археологија при Одделението за археологија на Филозофскиот факултет во Белград од 29.03 – 31.03.2024 год. се одржа научен собир на тема „Археологијата на смртта“ каде учество зеде Ване П. Секулов – советник археолог од НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица.

На научниот собир се претстави со темата „Оган во кругот“ каде се обработува развојот на фунерарниот контекст на некрополите од Споменичката целина Црвено Поле с. Барбарево, Општина Ново Село, од крајот на I до средината на VI век од навата ера при тоа следејќи го патот на античкото население кое живеело на Црвено Поле до неговата христијанизација.

Препорачуваме:

МЗШВ направи авионско снимање на земјишните парцели за полесна контрола кој колку пријавува за субвенции

Струмица останува на дното по број на вакцинирани граѓани

Во градинките деца се згрижуваат но нема воспитно образовен процес вели Џорлев

Ване Трајков