Регион

По 25-ти пат „Ентузијаст“ организира Меморијален планинарски марш „Ванчо Атанасов 2024“

Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица на 7 април (недела), на планината Беласица по 25-ти пат го организира Меморијалниот планинарски марш „Ванчо Атанасов 2024“.

Тргнувањето ќе биде во 07:00 часот, од главната Пошта во Струмица со организиран превоз до село Костурино.Маршута:Во 08:00 часот тргнување од Костурино – Орманли – Белашки ливади – Ќучук Чешма споменик на петте струмички студенти – Џами кран – планинарска куќа „Дедо Кољо Муртински“ (1160 мнв).Ручек во 14:00 часот, обезбеден од организаторот. (Секој да си понесе прибор за јадење).

Симнување кон село Свидовица во 15:00 часот.

Тргнување од Свидовица за Струмица во 18:00 часот со организиран превоз.

Должината на патеката е 22 километри или шест часа одење (три часа и триесет минути искачување и два часа и триесет минути симнување), при што се совладува висинска разлика од 720 м. Извори на вода има на три места по патеката.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА: Разгазени гојзерици, кабаница за дожд, резервна облека.Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за сопствената психо-физичка кондиција. Секој учесник е должен да ги почитува насоките на водичите. Во спротивно, самиот е одговорен за несаканите последици.

ПРИЈАВУВАЊЕ најдоцна до 3 април.

Лица за контакт:

Андон: 071 269 802

Филип: 071 205 272

Томе: 075 301 532

Препорачуваме:

ЦИВИЛ во Струмица, Валандово и Гевгелија

Dimitar Micev

Денеска Дојран гласа дали водоводот и канализацијата да се дадат на јавно – приватно партнерство

Сузана Мицева

Водици во Зубово