Регион

Градоначалникот Костадинов им го честиташе Рамазан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед

Градоначалникот Костадин Костадинов им го честиташе празникот Рамазан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед.

„Почитувани граѓани од муслиманска вероисповед,

По завршувањето на Рамазанските пости и Вашите ифтарски вечери, повторно ја дочекавте тридневната радост која ви ја дарува големиот исламски празник Рамазан Бајрам, или, како што милувате да го нарекувате, Шеќер Бајрам.

Нека и ова Ваше празнување и радување биде исполнето со љубов, разбирање, добрина, благодат и милосрдие, кои на најдобар можен начин ќе знаете да ги споделите со луѓето од Вашето опкружување.

Ви посакувам, празничните денови да ви поминат во добро здравје, расположение, семејна среќа и хармонија, како и во доследно негување на Вашата духовна традиција.

Нека Ви е честит, среќен и вековит Рамазан Бајрам – Bajram Serif Mubarek Olsun“ – стои во честитката од градоначалникот Костадин Костадинов.

Препорачуваме:

Владите на Заев и Борисов ќе одржат заедничка седница на 23 ноември во Струмица

Дојран без позитивни на Ковид 19, во Струмица 88 активни случаи

МАТУРА, ОВАА ГОДИНА ЌЕ ПОЛАГААТ САМО ОНИЕ 1400 УЧЕНИЦИ КОИ ВО МИНАТИТЕ ГОДИНИ НЕ ПОЛОЖИЛЕ МАТУРА

Стојне Митева