Регион

Втор ден штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај во целосен прекин

Товарниот сообраќај преку трите гранични премини со Грција, Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники, е во целосен прекин од вчера од 6 часот кога почна штрајкот на грчките цариници, а повремено се пропуштаат патници на Богородица и Дојран.

Според началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, на Меџитлија-Ники од вчера од вчера нема никаков сообраќај, додека на останатите два премини повремено се пропуштат патници.

– Вчера и денеска грчките погранични служби на определен период пропуштаат патнички возила. На Дојран тоа го прават на секои час, час и половина, а на Богородица-Евзони на секој половина час, информира Богев.

Според најавите од грчка страна штрајкот на цариниците треба да заврши утре во 6 часот.

Препорачуваме:

За еден месец ,41 стан ќе бидат распределени на социјално загрозени граѓани од Струмица во новата социјална зграда

Стојне Митева

Советот на општина Гевгелија утре на вонредна седница

Стојне Митева

Партиски извори тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ победува во петте општини во Југоистокот

Сузана Мицева