
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Крајбрежјето на загаденото велешко езеро „Младост“ од вчера ја смени бојата, почна да белее и мириса на амонијак. Белата пивтиеста маса се прошири езерското крајбрежје од почетокот на страната на патот кој води кон хотелите и викенд населбата. Двајцата членови на Совет на Општина Велес, Димитар Абрашев и Игор Смилев, случајот го пријавија на Државната инспекторка за заштита на животна средина, Билјана Шуркова Манаскова, а ќе иницираат постапка ...
Англискиот таблоид „Sun“ откри како познатиот британски хирург Рошан Равиндран решил да го тужи Кристијано Роналдо за долг кој наводно е околу 40 илјади фунти (околу 48 илјади евра). Според информациите, Равиндран, попознат како „Д-р Рос“, тврди дека Португалецот му останал должен за третманите направени во 2021 и 2022 година, по враќањето во Манчестер Јунајтед. Специјалитетите на поранешниот кардиолог вклучуваат ботокс и филери, нега на кожата ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е МВП на четвртото коло од квалификациите за Евробаскет 2025. Тој успеа да го израмни рекордот на евро-квалификациите, откако е воведен овој нов формат. На средбата во неделата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43 поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер. Сепак, неговата одлична партија не беше доволна за ...
Откако се објави веста дека Општина Куманово ангажирала над 20 домашни музичари, кои ќе настапат во недела на градскиот плоштад по повод 80 години од ослободувањето и 505 години од формирањето на градот, во јавноста се актуелни реакциите околу хонорарите на изведувачите. Имено, директорот на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, Марио Арангеловски на прес конференција првично истакна дека за настапите се обезбедени 30.000 евра, но ...
Холивудската актерка Сузан Сарандон (78) неодамна во интервју за „The Times“ откри дека нејзината агенција ја отпуштила. Затоа, како што рече, повеќе не може да глуми во големи филмови. Актерката навести дека причина за се е нејзината неодамнешна изјава за конфликтот меѓу Израел и Палестина. Во ноември минатата година, Сузан Сарандон учествуваше на протест во Њујорк, каде што изјави дека „Евреите сега знаат какво е чувството да се биде ...
Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други. Листата на кандидати била создадена според предлози и номинации на јавноста, а од пред три дена на страницата на ,,Маж ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува оти војната во Украина би започнала порано и „веројатно би била полоша“ доколку Киев го започнал својот пат кон членство во НАТО во 2008 година. – Ќе гледавме воен конфликт и порано. Мене ми беше сосема јасно дека рускиот претседател Владимир Путин нема да стои со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш, Украина како земја сигурно нешe да биде ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц е официјално именуван од неговата партија на левиот центар за нивен кандидат за канцелар на предвремените избори, иако неговата популарност падна на најниско ниво од падот на владата на почетокот од овој месец. Раководството на Социјалдемократската партија (СПД) едногласно гласаше за него, изјави извор за Франс прес. Делегатите допрва треба да ја одобрат неговата кандидатура за изборите на 23 февруари на конгресот ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху начелно го одобри договорот за прекин на огнот со Хезболах, за време на безбедносните консултации со израелските власти синоќа, изјави извор запознаен со ситуацијата. Израелската влада ќе гласа за договорот во вторник, потврди портпаролот на Нетанјаху. Израел се уште има забелешки за одредени детали од договорот, кои во понеделник треба да и бидат пренесени на либанската влада, изјави истиот извор. Тие и ...
Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ ја повика израелската влада да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан, кој според него ги содржи сите неопходни безбедносни гаранции за Израел. Жозеп Борел на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија изјави дека нема оправдување за неприфаќање на договорот со проиранската терористичка група Хезболах и смета дека треба да се изврши притисок врз ...
Високиот адмирал на НАТО ги повика бизнисмените да подготват „воено сценарио“ и да го прилагодат своето производство и дистрибуција за да бидат помалку изложени на уцени од Русија и Кина. – Ако сме во состојба да ги обезбедиме сите производи и услуги, тоа е клучен дел од нашето одвраќање – изјави шефот на воениот комитет на НАТО, холандскиот адмирал Роб Бауер. Тој посочи дека одвраќањето вклучува повеќе од само воени способности, бидејќи сите ...
Турција ја потресе страшен семеен масакр во кој загинаа осум лица. Бахтијар Аладај уби седум лица, меѓу кои сопругата, детето, мајката, таткото, свекрвата и ја повреди сестра си, пред да се самоубие. Телата на неговата сопруга, дете и свекрва, кои беа пријавени како исчезнати, се пронајдени покрај езерото Бујукчекмеџе. Наводно, Аладај претходно имал конфликти со сопругата поради љубомора и вежбал пукање со воздушен пиштол во својот фризерски ...
Поранешниот хрватски министер за здравство, Вили Берош, осомничен во скандалот со набавката на медицинска опрема денеска, нешто пред 18 часот беше пуштен од истражниот затвор бидејќи се се земени изјави од сите сведоци и тој ќе се брани од слобода. Во Жупанискиот суд во Загреб претходно беше потврдено дека Ускок ги известил дека се сослушани сите сведоци поврзани со Берош и дека судијата на истрагата напишал решение со кое Берош е ослободен и во ...
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ била претепана денеска во Белград, јавуваат локалните медиуми. Повредената актерка Слобода Миќаловиќ моментално е во Ургентниот центар на која и е извршена детална дијагностика. Според Курир, Слобода Миќаловиќ се јавила во полиција околу 19.00 часот. Таа рекла дека била физички нападната од непознато женско лице на улицата „Караѓорѓев трг“. „Кога патролата излегла на местото, било констатирано дека ...
НАТО разговара за започнување превентивни „прецизни удари“ на руска територија во случај на вооружен конфликт меѓу земјите од Алијансата и Руската Федерација, изјави шефот на Воениот комитет на Северноатлантскиот блок, адмирал Роб Бауер. „Сега мораме да ги надополниме нашите оперативни залихи на оружје, кои се исцрпени. Но, исто така, треба да инвестираме повеќе во противвоздушна одбрана и прецизно ударно оружје. Ова е нова дебата во НАТО и мило ...
Конфликтот меѓу Русија и Украина влезе во 1.007 ден. Во текот на вчерашниот ден Русија изврши силни напади врз два украински града Харков и Одеса, во кои беа повредени голем број цивили. Десетици руски беспилотни летала кои го нападнаа Киев во текот на ноќта се откриени и уништени од воздушната одбрана, соопшти воената управа на главниот град на Украина. Руски беспилотни летала дошле во главниот град на Украина од различни правци во бранови, а ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека вчерашните настани во Собранието, каде дошло до физичка пресметка меѓу пратениците од опозицијата и власта, биле кулминација на сето она што се случувало на улиците во претходните денови, оценувајќи дека тоа е политички автогол на опозицијата. Бидејќи знаат дека не можат да одлучуваат на избори, така одлучуваат, рече Вучиќ и најави дека ќе ги повика и власта и опозицијата на разговор. Вучиќ ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека меѓу неговите први економски мерки по неговата инаугурација во јануари ќе биде зголемувањето на царините за производите кои доаѓаат од Кина, Канада и Мексико. „Една од моите први извршни наредби на 20 јануари ќе биде потпишување на потребните документи за воведување царини од 25 отсто на сите производи што влегуваат во САД од Мексико и Канада“, напиша Трамп на својата социјална ...
Маж во расеана состојба вчера околу 9 часот со остар предмет повредил член на семејството, извести Сплитско-Далматинската полиција. Далматинскиот портал пишува дека полицијата го сомничи 36-годишниот син за обид за убиство на 69-годишниот татко. Полицијата успеала да го стави под надзор 36-годишникот, а потоа поради расеаноста го однела во болница. И таткото бил пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош. Имал полесни физички ...
Третата светска војна веќе започна, рече поранешниот украински претседател, велејќи дека севернокорејските трупи се борат заедно со руските сили и дека Русите користат оружје од иранско производство за да ја нападнат неговата нација. Во интервју за Тајмс оф Малта, поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека украинските партнери треба да се разбудат. „Третата светска војна веќе се случува“, вели Порошенко. „Имаме ...
Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба. Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон се на терен и вршат детален преглед, а во тек е евакуација на зградата. Поради дојавата за бомба, одложени се сите рочишта во кантоналниот и општинскиот суд. Меѓу поважните рочишта што требаше да се одржат денеска се ...
Поради нагло влошување на здравствената состојба по шестдневен штрајк со глад, Горан Весиќ -, екс српскиот министер за градежништво е префрлен во болница, пишуваат српските медиуми. Со возило на Итна медицинска помош е испратен на понатамошна нега во Заводот во Сремска Каменица. Како што објаснил управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ – Горан Весиќ се пожалил дека во текот на ноќта му се слошило. „Лекарите од одделението го ...
„Се повлекувам од премиерската функција. Ајде да видиме кој е овој премиер што го предлага ПП-ДБ. Исто така, претпоставувам дека Силви Кирилов ќе има повеќе успеси од мене во Брисел и каде и да е. Во овој хаос и оваа кал во која нè ставија овие момци, нема решение“. Ова го изјави денеска лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на вонредна прес-конференција на партијата, јавува БГНЕС. – Немам криза на доверба со Атанас Атанасов. Утре, со изборот на ...
Крајбрежјето на загаденото велешко езеро „Младост“ од вчера ја смени бојата, почна да белее и мириса на амонијак. Белата пивтиеста маса за која „Фокус“ пишуваше во неделникот се шири должи езерското крајбрежје од почетокот на страната на патот кој води кон хотелите и викенд населбата. Двајцата членови на Совет на Општина Велес, Димитар Абрашев и Игор Смилев, откако добиле информации од граѓани излегле на лице место и тоа што го виделе го ...
Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје се соочува со досега најголеми проблеми во функционирањето, нема доволно гориво за сите автобуси, а оние кои сообраќаат, доцнат со часови со што е загрозено и функционирањето и на работниците и на учениците. Бирото за јавни набавки пред една недела ја поништило постапката за набавка на гориво еуродизел во фазата на управен надзор на 13 ноември. Бирото за јавни набавки нема објаснување што открил ...
Адвокатот на Влатко Кешишов, Игор Ефремов, по денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара обвинителството да утврди како Љупчо Палевски Палчо успеал да му даде писмо на неговиот клиент, кое потоа го натерал да го препише и потпише. Претходно, во судница, Кешишев ја повлече изјавата со која го амнестираше од вина Палчо, и рече дека ја напишал од страв од Палевски, кој пак, му ја дал за време на транспортот од притворот ...
Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи конститутивна седница, информираше денеска на брифинг со новинарите претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Како што рече таа, претседателка на Комисијата е Милка Ристова, а во нејзиниот состав уште се Оливер Бачановиќ, Александра Груевска-Дракулевски, Блерта Ахмеди, Драгана Батиќ, Афет Мамути и Доан Сулејманоски. Изборот на нова Комисија следува ...
Владата ја поништи одлуката за изградба на асфалтна база во индустриската зона Визбегово, имајќи ги во предвид аргументите на граѓаните и бизнисот дека тоа е штетно, информираше првиот вицепремиер и министер за екологија Изет Меџити, додавајќи дека за овој случај ќе се бараат други решенија. Тој денеска ја посети локацијата каде беше предвидена изградбата на асфалтната база, каде, пред дел од стопанствениците и жителите на оваа населба, порача: ...
„Фокус“ обезбеди информации од повеќе релевантни политички и дипломатски извори, која е целата вистина околу неуспешниот план за враќање на Никола Груевски, вклучително и за фамозната средба во претседателската вила на Водно. На оваа средба, одржана лани во март, присуствувале Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бојан Маричиќ, Артан Груби, Бујар Османи, Анџела Агелер и Дејвид Гир. Притоа, Ахмети посочил дека Груевски може да се ...
Кремљ денеска објави дека соработниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп зборуваат за можен мировен план за Украина, додека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден сака да го ескалира украинскиот конфликт. Мајк Волц, кандидатот на Трамп за советник за национална безбедност, во неделата рече дека новоизбраниот претседател на САД е многу загрижен поради ескалацијата на војната меѓу Русија и Украина и дека ...