Плејмејкерот на Пари Сен Жермен, Американецот со македонски пасош – Ти Џеј Шорц беше прогласен за МВП на најкорисен играч во Евролигата во месец ноември. На пет натпревари во ноември, тој имаше просек од 19,6 поени и 8,4 асистенции и корисен индекс од 25. Францускиот тим победи на сите четири натпревари. Евролигата во официјалното соопштение му посвети текст во кој ги објаснува сите достигнувања што ги направил во ноември: „Откако ги победија ...

Средношколка (16) испила азотна киселина за време на час по хемија во Земјоделско-хемиското училиште во Обреновац, па било примено во Детската болница во Тиршова и моментално е во стабилна состојба, дознава „Телеграф.рс“. Таа наводно има повреди на хранопроводот. Како што пренесуваат српските медиуми, ученичката од втора година испила три голтки неразредена азотна киселина пред својата професорка и соучениците. За случајот известена е ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил каде порача дека никогаш нема да можат да и ја одземат слободата на Србија. -Почитувани граѓани на Србија, знаете дека сум навикнат на секакви навреди, клевети, лаги, глупости и тоа е дел од работата. Нема нешто што не го кажале, излажале, за моето семејство, за некој од Вучиќ. Синоќа на една од, како што би рекле многумина, антисрпските телевизии, зборуваа дека сум ...

Обвинителот Џелал Бајрами, од републичкото јавно обвинителство, вели дека нема никакви сомнежи за тоа кој го запалил неговиот автомобил. Како што веќе објавивме, синоќа во Куманово беше запалено неговото возило. -Не се сомневам во некого, ниту сум имал некоја закана од некого. Очекувам многу бргу да се откријат сторителот или сторителите и да се изведат пред лицето на правдата, изјави Бајрами за ,,Фокус”. Бајрами во 2016 година беше избран за ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 5,52% (учество во крајна цена околу 33%), додека надоместокот за користење на за преносниот систем МЕПСО се зголемува за 5,67% (учество во крајна цена сколу 45%) и цената на НЕМО кое е со незначително учество во крајната цена (од околу 0,19%) се зголемува за 19,8%. Ова значи дека ако некое ...

Веќе четврта ноќ по ред во главниот град на Грузија се одржуваат протести против одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување во Европската унија. Како што соопштија официјални лица, 44 лица се хоспитализирани. Лидерот на грузиската опозиција Зураб Јапариџе од Коалицијата за промени е уапсен утрово, а локалните медиуми објавија видео на кое се гледа како Јапариџе го вовлекуваат во полициско возило без ознака. BREAKING: Early ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да го помилува неговиот син Хантер Бајден, оценувајќи ја одлуката како „злоупотреба и погрешна одлука“. Доналд Трамп ја спореди оваа одлука на Бајден со одлуката во која демонстрантите кои учествуваа во немирите на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година беа осудени на неколку години затвор. „Дали помилувањето на Џо ...

Се огласи Хантер Бајден по помилувањето од неговиот татко – американскиот претседател Џо Бајден. „Ги признав и преземав одговорност за моите грешки во најтемните денови на мојата зависност – грешки кои беа искористени за јавно да ме понижат и посрамотат мене и моето семејство поради политиката. И покрај сето ова, јас сум трезен повеќе од пет години поради мојата длабока вера и непоколеблива љубов и поддршката од моето семејство и пријателите“, ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неделата објави дека либанско-американскиот бизнисмен Масад Булос ќе биде висок советник за арапски и блискоисточни прашања. Трамп ја сподели оваа објава на социјалната мрежа Truth Social. Булос, свекорот на ќерката на Трамп, Тифани, неколку пати се сретнал со арапско-американски и муслимански лидери за време на изборната кампања, пишува Ројтерс. Ова е втор пат во последните денови Трамп да ...

Викендов во ресторанот за свадби Рагуза се одржа свадбената забава на некогашните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски Мачка. Едина се појави во елегантна венчаница со потписот на Ивана Кнез, а за нејзниот изглед се погрижил нејзиниот долгогодишен стилист и пријател, Арменд Рамадани. Иако речиси една година живее во Урошевац, Арменд без доумење дошол да и помогне на Муса да заблеска за големиот ден. За ,,Фокус” тој раскажува дека ...

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека го помилувал својот син Хантер, кој чекаше пресуда за случаи на недозволено поседување огнено оружје, лажни изјави при проверка на оружјето, за што претходно беше прогласен за виновен, како и за затајување данок, што тој самиот призна. „Денес потпишав помилување за мојот син Хантер“, рече тој во соопштението објавено од Белата куќа. Иако Бајден претходно уверуваше дека нема да даде ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц утрово пристигна во Киев, за првпат по две и пол години, на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини. По пристигнувањето, германскиот лидер најави дополнителни испораки на оружје во вредност од 650 милиони евра до крајот на декември за одбрана на Украина од Русија. Scholz in der #Ukraine eingetroffen. pic.twitter.com/34D8htKFiu — Markus ...

Сексуалните работници во Белгија добија право на боледување, породилно и пензиско осигурување според првиот закон од ваков вид во светот. Во мај, белгискиот парламент донесе закон со кој на сексуалните работници им се обезбедуваат исти работни права како и другите вработени, со цел да се бори против злоупотребата и експлоатацијата. Со овој закон, кој стапи во сила од неделата, се обезбедуваат договорно вработување и правна заштита на лицата од ...

А на Зеленски дефинитивно не му е гајле за украинскиот народ со кој владее. Тој единствено копнее по својата замислена историска улога на војсководец што ја победил Русија. Го попари, го уништи својот народ, барајќи од него да издржи со нов повик до младите работоспособни мажи да ги пополнат „испразнетите“ места во војската. Не се знае бројот на војниците што се загинати во воените операции. Се бројат само цивилите. Пишува: Ана ПАНОВСКА Е, нема ...

Германската полиција соопшти дека 79 лица се повредени во голем навивачки бунт по натпревар од регионалната лига меѓу клубовите Карл Цајс Јена и БСГ Хеми Лајпциг. Навивачите на двата клуба насилно ги отворија портите кои ги разделуваа и жестоко се судрија по натпреварот во саботата во Јена, објави Би-Би-Си. Полицијата употреби солзавец и палки за да ги раздвои навивачите, а во нередите беа повредени 64 навивачи, 10 полицајци и пет лица од ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи њујоршкиот бизнисмен со недвижности Чарлс Кушнер за нов амбасадор на САД во Франција, опишувајќи го како „неверојатен лидер, филантроп и човек кој склучува договори“. Седумдесетгодишниот Кушнер е татко на Џаред Кушнер, кој е женет за ќерката на Трамп, Иванка. „Неговиот син Џаред тесно соработуваше со мене во Белата куќа. Заедно ќе го зајакнеме партнерството на Америка со Франција, ...

Лидерот на милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам, Абу Мохамед ал-Голани, чии сили вчера упаднаа во сирискиот град Алепо, наводно е убиен во руски воздушен напад, според непотврдени извештаи на арапските медиуми. Претходно руското Министерство за одбрана објави дека нивните воздушни сили извршиле напади врз сириските бунтовници како поддршка на сириската армија, јавуваат руските агенции. Ахмед Хусеин ал-Шара, познат по името Абу Мохамед ...

Македонија веќе одамна ја изгуби битката од копитарите. Тој смислен, опасен децениски проект на состојба на духот се спроведува и се манифестира низ посебна култура во царството на кичот, шундот, примитивизмот и анархизмот. Господ да чува слепо да прогледа. Копитарите се пикаат насекаде, маскирани во бренд или во фалш облека, со бесни автомобили подарени од родителите, ноќни дивеења со мото-трки и вандалско уништување на урбаната опрема. Пишува: ...

По речиси две децении планирање и изградба, во недела на 1 декември во Солун официјално ќе биде отворена првата линија на метрото, која ќе ја воведе северна Грција во нова ера на транспортна инфраструктура. Изградбата на солунското метро беше придружена со бројни предизвици, од откривање на вредни археолошки локалитети до финансиски тешкотии, што резултираше со повеќекратно одложување и продолжување на роковите. Но, и покрај пречките, метрото ...

Од МВР информираат дека е поднесена кривична пријава за македонски државјанин кој сакал да се вработи во руската војска и да се бори против Украина. -Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка со Агенцијата за национална безбедност реализираше случај и вчера (29.11.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека пристапот на Украина во НАТО може да стави крај на, како што рече, „жешката фаза на војната“ што ја води Русија. Тој во интервју за Скај њуз (Sky News) на 29 ноември рече дека ќе биде подготвен да размисли за прекин на огнот доколку неокупираните територии на Украина „паднат под чадорот на НАТО“, под услов поканата за членство во алијансата да ги признае меѓународните граници на Украина. ...

Белград нема никаква врска со она што се случи на северот на Косово кога беше оштетен каналот Ибар-Лепенец, а тоа го знае и Приштина, изјави претседателот на Србија и член на Претседателството на СНС, Александар Вучиќ. Вучиќ ова го коментираше на разговор со младите на форумот на СНС „Младите на Србија, стапици и можности“, порачувајќи им, особено на оние кои се занимаваат со политика, никогаш да не реагираат под притисок. -Секогаш кога во тек ...

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија најостро го осудува нападот на каналот Ибар-Лепенац кај Зубин Поток и посочи дека тоа што режимот на косовскиот премиерот Албин Курти, побрза да покаже со прст кон Србија без докази потенцијално укажува на вмешаност на режимот на Курти, јави дописникот на МИА од Белград. Ѓуриќ во објава на мрежата Икс, ги повика релевантните меѓународни власти да спроведат темелна и ...

Силна експлозија што синоќа одекна во селото Варага во општина Зубин Поток во Косово оштети дел од каналот Ибар-Лепенац, поради што беше прекинато снабдувањето со вода за пиење. Грачаница и околните места добија струја по неколкучасовен прекин. Со вода од овој канал се снабдуваат и две важни електрани на јаглен кои обезбедуваат струја за речиси целата земја. Премиерот Албин Курти ја обвини Србија за она што го нарече терористички чин. Нема ...

Украинскиот претседател Волoдoмир Зеленски навести дека може да се постигне договор за прекин на огнот доколку украинската територија, која сега е под негова контрола, биде земена „под чадорот на НАТО“, што ќе му овозможи да преговара за враќање на остатокот од територијата на дипломатски начин. Во интервју за „Скај њуз“, Зеленски беше замолен да одговори на медиумските извештаи дека еден од плановите на новоизбраниот американски претседател ...

Претседателите и премиерите на државите-членки на ЕЗ сепак ја усвоија злогласната Лисабонска декларација, со која изразија подготвеност да ја признаат нашата држава ако во нејзиното име не е содржан зборот „Македонија“. Благодарејќи на претседавачот Португалија која го кроеше дневниот ред и ги подготвуваше документите, Грција го доби тоа што го посака. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста) Не можев ниту да претпоставам ...

Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) објави дека Северна Кореја и испорачала на Русија повеќе од 100 балистички ракети со краток дострел и пет милиони гранати. Исто така, според извештајот на ХУР, Пјонгјанг почнал да испраќа артилериски системи во Русија од минатиот месец, објави Киев Индипендент. Според ХУР, Северна Кореја досега испорачала повеќе од 100 различни парчиња воена опрема, вклучувајќи артилериски системи М-1989 од 170 ...

Кога повторно ќе се случи „Мајдан“ во Украина, сегашната нелегитимна влада ќе и позавиди на судбината на поранешниот претседател Виктор Јанукович, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. – Останува да почекаме и да видиме што ќе направи украинската нелегитимна влада кога народот повторно ќе излезе на Мајдан. Тогаш крвавиот кловн ќе и позавиди на судбината на Виктор Јанукович – напиша Медведев на ...

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е потребен голем преглед на Обединетите нации, посочувајќи дека речиси 200 земји во светот не можат да бидат препуштени во рацете на пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Тој на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул рече дека ОН треба целосно да се реформираат. „Светот не може да биде оставен на милост и немилост на пет постојани земји (членки на Советот за безбедност ...

Светот денес има можност да ја види реставрираната париска катедрала Нотр Дам. Пет и пол години по разорниот пожар во 2019 година, парискиот готски скапоцен камен е спасен и реновиран, нудејќи им на посетителите нешто што ветува дека ќе биде визуелно задоволство што го одзема здивот, јавува „Би-Би-Си“. Францускиот претседател Емануел Макрон, придружуван од сопругата Брижит и парискиот надбискуп Лоран Улрих, ја започна програмата со обиколка ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
9.77
43%
1011
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
48%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.23
39%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
3.58
62%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
28%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
35%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
49%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
49%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52