
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија. Тој, сепак, додаде дека налогот за апсење на Нетанјаху, издаден од Меѓународниот кривичен суд, „воопшто нема да го разгледа“. Во четвртокот тој суд издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и водачот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства ...
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска ја назначи поранешната државнa обвинителка на Флорида, Пем Бонди, на функцијата државен обвинител на САД, пренесе Ројтерс. Трамп ја назначи Пем Бонди да го замени својот поранешен кандидат за функцијата, Мет Гаец, кој се повлече откако се соочи со противење од републиканците во Сенатот поради истрагата на Комитетот за етика на Претставничкиот дом за наводите за ...
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во својата објава на социјалната мрежа Х, во врска со рускиот напад со хиперсонична балистичка ракета врз Украина, рече „го добивте тоа што го побаравте“. „Значи, тоа е она што го баравте? Па, проклето тоа и го добивте! Напад со хиперсонична балистичка ракета“, напиша Медведев заедно со видеото од нападот. So, that's what you wanted? Well, you've damn well got it! A hypersonic ballistic missile ...
Америка не сака војна со Русија, но ќе продолжи да испраќа оружје во Украина, изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг. „ Не сакаме војна со Русија, тоа не е нашата намера, но апсолутно ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина – изјави таа за новинарите. Таа истакна дека биле информирани непосредно пред лансирањето на балистичка ракета од Русија во Украина. „ САД беа информирани непосредно пред лансирањето преку специјални канали – им рече ...
Серија експлозии одекнаа утрово во Киев, јавија украинските медиуми. Во овој момент не се знае дали е активна противвоздушната одбрана, ниту дали руските ракети стигнале до целта. Според медиумите, сирените за воздушниот сообраќај се огласиле нешто пред 8 часот низ Украина. Опасноста е на сила во регионот на Киев, Чернихив, Кировохрад, Суми и регионот Полтава. Засега не се знае дали има жртви или материјална штета. Русија вчера употреби ракети ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска соопшти дека нема да се кандидира за канцелар на земјата на претстојните вонредни избори и најави дека ќе ја поддржи кандидатурата на германскиот канцелар Олаф Шолц за реизбор, пренесе Дојче веле. Според извештаите, во видеото објавено на страницата на германската Социјалдемократска партија, Писториус рекол дека му соопштил на раководството на партијата дека „нема да биде достапен да биде ...
Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, денеска ги повика земјите-членки да ги „почитуваат“ налозите за апсење издадени против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и шефот на военото крило на палестинското движење Хамас, Мохамед Деиф. „Апелирам до сите земји-членки да ја исполнат својата посветеност на Римскиот статут (договорот со кој беше основан МКС) со почитување на ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утринава нападот врз централниот украински град Днипро бил извршен со „нова конвенционална ракета со среден дострел“. Тој додаде дека ракетата го носи кодното име Орешник. Путин ова го изјави за време на телевизиското обраќање во кое зборуваше за ситуацијата на бојното поле. „Би сакал да го информирам персоналот на руските вооружени сили, граѓаните на нашата земја, нашите пријатели ширум светот, ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова одговори на телефонски повик додека одговараше на прашања на новинарите на редовната прес-конференција. За време на повикот се слушнал машки глас кој и рекол да не го коментира нападот со балистичка ракета за кој зборува Западот. ‼️ During the briefing, Zakharova received a call from the Kremlin and was instructed not to comment on the strike on the Ukrainian Yuzhmash ...
Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) е примен во болница во Рио де Жанеиро, пренесува Ројтерс. Во написот се вели дека Тедрос бил хоспитализиран со „симптоми на лавиринтитис и хипертензивна криза“ откако му се слошило на маргините на самитот на Г-20 во Рио претходно оваа година. Се наведува дека првиот човек на СЗО бил прегледан од лекари во понеделникот на самиот самит и дека му биле дадени ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека рускиот напад на Украина со интерконтинентални балистички ракети е очекуван и дека предупредил на таквиот развој на ситуацијата, што може да го доведе светот до катастрофа. „Ако некој мисли дека може да пука што сака на територијата на Руската Федерација со логистика на западните земји, со западно оружје, кое не постои во Србија, Словачка или Украина, и дека тоа оди без одговор и дека ...
Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Албанците се конститутивен народ во С. Македонија, „со решавачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата“. Во своето годишно обраќање во Собранието на Косово, Османи порача дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во С. Македонија, „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“. Косовската ...
Фудбалерот на Манчестер Сити и добитникот на Златната топка, Шпанецот Родри не се сомнева за тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња. „За мене Лионел Меси е најдобриот играч на сите времиња. Кога ќе ја прими топката веднаш знаеме дека сме во опасност. Да бев во дуел со него, ќе се обидов да му ја одземам топката, но тој би побегнал како да не сум таму“, рече Родри во шпанската емисија „El Hormiguero“. Родри направи споредба меѓу Меси и ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која неодамна објави мемоари наречени „Freiheit“ (Слобода), ги изразува своите ставови за политиката на Русија и влезот на Украина во НАТО. Овие мемоари привлекоа големо внимание, а извадоци од книгата веќе се објавени во повеќе германски медиуми. Меркел во своите мемоари размислува за нејзината политика кон Русија, особено за ситуацијата околу Украина и Грузија. Нејзините ставови предизвикаа ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамса, Мухамед Диаб ал-Масри, пренесува АП. МКС додава дека овие налози за апсење „се во интерес на жртвите и нивните семејства“. Во него се наведува и дека постојат „основи за сомневање“ да се верува дека тие „ги превиделе нападите врз цивилното население во Појасот Газа“, пишува ...
Алија Балијагиќ (64) е уапсен рано утринава во 03.05 часот во селото Голеша, кај Прибој (Србија). Пред неколку дена беше забележано дека Алија Балијагиќ се движи на територијата на Прибој. Извадена е ДНК од куќа во која се сомневале дека живее во селата околу Голеш. Најпрво го забележале ловците. Потрагата била внимателно испланирана и бегалецот бил фатен на спиење, во најдобар можен момент бидејќи не можел да пружи никаков отпор. Бидејќи се ...
Единаесет лица се уапсени поради пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. Канцеларијата на вишиот јавен обвинител во Нови Сад соопшти дека по прибирање и детална анализа на целата потребна документација, извршени се разговори со поголем број граѓани, а по извршеното вештачење за да се утврдат причините и околностите под кои таа паднала , што се случи на 20-ти ноември 2024 година и ...
Адвокатката Ирина Боровиќ, која ги застапува родителите на момчето К.К. кое изврши масовно убиство во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград во населбата Врачар, изјави дека од денес тој има статус на оштетен во судскиот процес против неговите родители. К.К. го добил тој статус затоа што неговите родители се обвинети за кривично дело занемарување и злоставување на малолетно лице, на негова штета, што им е ставено на товар со ...
Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека ќе даде предлог за гасење на социјалните мрежи ТикТок и Снепчет на територија на нашиот западен сосед. Рама по вчерашната владина седница рече дека дилемата е дали да се постават услови за нивно користење или целосно да се забранат двете социјални мрежи. „Секој родител е сведок дека пристапот до социјалните мрежи е овозможен за секого. Го истражувавме ова прашање следејќи што прават другите земји за ...
Украина за првпат лансираше британски ракети „Сторм сенка“ со долг дострел на руска територија, објавуваат западните медиуми, повикувајќи се на неименуван западен претставник. Портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер рече дека неговата канцеларија нема да коментира за извештаи или оперативни прашања. Велика Британија претходно му порача на Киев дека може да користи крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ на украинска територија, но владата веќе ...
Влатко Кешишов, еден од обвинетите за смртта на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по трет пат се премислува и го менува својот исказ за тоа што се случило на 22 и 27 ноември кога биле убиени жртвите. Првиот пат, за време на истрагата, во Обвинителството Кешишов дава признание, ги открива местата каде што биле закопани убиените, а за извршител го посочува Љупчо Палевски Палчо. Вториот пат, кога на првото судско рочиште беше прашан дали е виновен, ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера на прес-конференција во Бразил по самитот на Г20 изјави дека Русија мора да ги преземе сите чекори за да се заштити. Изјавата на Ердоган доаѓа откако беше прашан што мисли за вчерашното руско намалување на прагот за нуклеарна одмазда, додавајќи дека НАТО треба „внимателно да ја разгледа руската изјава“. Рускиот претседател Владимир Путин вчера го намали прагот за нуклеарен напад како одговор на ...
Во Вишиот суд во Белград денеска продолжи судењето на родителите на Коста Кецмановиќ – Владимир и Миљана Кецмановиќ, по наводите од проширеното обвинение со кое се товарат дека го запоставиле и малтретирале нивниот малолетен син, кој го изврши масакрот во основното. училиште „Владислав Рибникар“. Владимир Кечмановиќ се изјасни за невин, а на родителите на убиените деца им беше тешко да ја прифатат изјавата на Кецмановиќ за „дружење, учење и ...
Во Собранието продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Поднесени се вкупно 307 амандмани од кои 204 се на опозициската СДСМ. Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво ...
Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје се соочува со досега најголеми проблеми во функционирањето, нема доволно гориво за сите автобуси, а оние кои сообраќаат, доцнат со часови со што е загрозено и функционирањето и на работниците и на учениците. Според информациите ЈСП се уште е без нафта. Претпријатието повеќе од три месеци се соочува со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше завчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете ...
Официјален претставник на либанскиот Хезболах, Махмуд Кмати, денеска изјави дека секој договор за прекин на огнот со Израел, со посредство на САД, мора брзо да ги прекине борбите и да го зачува суверенитетот на Либан. Изјавата на Кмати се смета за одговор на позицијата на Израел дека ќе продолжи со нападите врз Хезболах дури и во случај на прекин на огнот, посочува Ројтерс. Во интервју за телевизијата Хезболах, Кмати истакна дека не е ниту ...
Најмалку 15 Палестинци загинаа во напади во Појасот Газа, соопштија денеска здравствените власти. Медицински извори соопштија дека најмалку 12 лица загинале во израелски напад врз куќа во областа Џабалија во северна Газа, пренесува Ројтерс. Уште најмалку 10 лица се водат како исчезнати додека спасувачите ја продолжуваат потрагата. Вториот напад бил извршен со артилериски оган и еден човек загинал. Во предградието Сабра, на периферијата на Газа, ...
Претседателот на САД, Џо Бајден се согласи да испрати противпешадиски мини во Украина, како дел од американската поддршка за Киев во текот на војната со Русија. Според американски официјален претставник, мините ќе бидат доставени наскоро и ќе се користат само на територијата на Украина, со ветување дека ќе се избегнува нивна употреба во густо населени области, со цел да се минимизира ризикот за цивилите. Овие мини се различни од руските, ...
Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков денеска потврди дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара за Украина. „Претседателот е подготвен за контакти и преговори за прашањето за Украина и разговара за тоа“, рече Песков. Портпаролот на Кремљ додаде дека Путин досега неколкупати зборувал за можноста за преговори. „Претседателот навистина неколкупати зборуваше, да не речам речиси постојано, дека е подготвен за разговори и ...
Доколку САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во интервју за „Фокс њуз“, тој рече дека Украина иако има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД. „Ако ја скратат (помошта), мислам дека ќе изгубиме. Имаме производство, но тоа не е доволно за да победиме. И мислам дека не е ...