
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Лионел Меси имаше фантастичен хет-трик за Аргентина при неговото враќање во Росарио против неговиот прв клуб, Њуелс олд бојс, додека целиот стадион му пееше песна за среќен роденден. Меси се врати во татковината за прошталниот меч на својот соиграч од репрезентацијата, Макси Родригез, заедно со Анхел ди Марија и еден куп на поранешни аргентински ѕвезди. Тој прво доби серенада од навивачите, а потоа постигна хет-трик. Меси првиот гол на стадионот ...
Ал Наср имаше катастрофална сезона по трансферот на Кристијано Роналдо, откако овој тим и покрај огромните амбиции не успеа да освои ниту еден позначаен трофеј, воедно и не обезбедувајќи учество во Лигата на Шампионите на Азија за наредната сезона. Сепак, тоа беше само мотив повеќе за раководството на Ал Наср да тргне во нова офанзива за засилувања од Европа. Така, во текот на денешниот ден ќе биде официјално потпишан договорот со Хаким Зијеш, ...
Во следните два дена во лондонски Арсенал се очекува официјалното претставување на Каи Хаверц кој ќе пристигне за сума од околу 65 милиони евра, но „топчиите“ нема да застанат тука. Арсенал е пред потпис и со капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс, за кого ќе биде издвоена сума која ќе биде поголема од сто милиони евра, затоа што „чеканите“ веќе ги одбија првите две понуди.Третото засилување ќе биде Јуриен Тимбер од Ајакс, со кого Арсенал веќе ги ...
Имињата поврзани со доаѓањето на Олд Трафорд се Хари Кејн, Виктор Осимхен, Расмус Хојлунд, Мејсон Маунт, Андре Онана… Со цел да се обезбедат средства за пристигнувањето на некои од нив, Јунајтед е подготвен да слуша што може да добие за своите ѕвезди. Дејли мејл ги класифицира во три категории. Играчи кои се продаваат: Дони ван де Бик, 23 милиони евра Фред, 23 Ентони Еланга, 23 Ханибал Мајбри, 15 Алекс Телес, 12 Брендон Вилијамс, 6 Ерик Бејли, 2 ...
Лука Модриќ стави крај на неизвесноста и си подаде рака со Реал Мадрид, односно постигна договор со Флорентино Перез за продолжување на соработката на уште една година. Безвременскиот Хрват не престана да ја воодушевува фудбалската јавност и на 37 години и со тоа заслужено си обезбеди уште најмалку 12 месеци како член на „кралскиот клуб“, вест која беше официјално објавена ова попладне. Реал со неизмено задоволство ја сподели веста за ...
Кире Лазаров се најде меѓу легендите на европскиот ракомет кои беа примени во нововостановената Куќа на славните на Европската ракометна федерација (ЕХФ), која вечерва ќе биде промовирана на свечен настан во Виена. Актуелниот селектор на машката репрезентација на Македонија е еден од 60-темина ракометари и ракометарки кои ја сочинуваат првата генерација членови на Куќата на славните, која се формира по повод 30 години од основањето на ЕХФ. ...
Италијанскиот фудбалски стратег Лучијано Спалети му донесе историски успех на Наполи откако ја донесе титулата во Серија А за оваа екипа по пауза од 33 години да за потоа неочекувано реши да ја напушти тренерската функција. Медиумите објавија дека Спалети имал некој недоразбирања со претседателот Аурелио Де Лаурентис, недоразбирања кои не можеше да бидат надмината по што дојде до разделба.Италијанскиот стратег порача дека ќе земе одмор и една ...
Ибрахимовиќ не издржа ниту цел месец во пензија, па сега најави дека размислува да се врати. Иако се прости од фудбалот и навивачите, иако минатата сезона одигра само четири натпревари, се чини дека тоа нема да го спречи уште еднаш да облече копачки, шорц и дрес. Докторите конечно му дале добри вести и тој веднаш почнал да размислува за враќање на теренот. „Сега не брзам, но ќе видиме што ќе се случи понатаму. Поминаа само три недели откако го ...
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е пред трансфер во кипарскиот прволигаш АПОЕЛ, тврдат медиумите од островската земја. Според пишувањата на тамошните медиуми, Несторовски е број еден на листата желби на тимот од Никозија. Веќе се реализирани и првите разговори за трансфер на македонскиот напаѓач кој се очекува до крајот на месецов да ја донесе дефинитивната одлука околу продолжувањето на својата кариера. Јасно е дека Несторовски го ...
Калиду Кулибали по само една сезона во Челси се реши за нова авантура и го одбра богатството кое Саудиска Арабија им го понуди на многу фудбалери ова лето. Дефанзивецот се сли во Ал Хилал, каде ќе заработува околу 30 милиони евра по сезона. „Среќен сум со одлуката поради неколку причини“ – вели Калиду Кулибали. „Јас сум муслиман и пристигнувам во вистинската земја. Ќе играм во првенство кое брзо напредува и се надевам дека ќе помогнам Ал Хилал ...
Украинските војници нападнаа мостови во близина на Чонгар, на административната граница меѓу украинската област Херсон и Крим под контрола на Москва, соопштија проруските власти. „Криминалниот режим на Киев изврши варварски гранатирања на цивилни објекти – мостови на административната граница меѓу Херсонската област и Крим кај Чонгар“, напиша вршителот на должноста гувернер на Херсонската област Владимир Салдо на Телеграм. Тој наведе дека според ...
„Нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наржеоле се починати. Овие луѓе беа вистински истражувачи кои делеа авантуристички дух и длабока страст кон истражувањето и заштитата на океаните“, соопшти „Оушнгејт“.Адмиралот на американската крајбрежна стража Пол Мауџер потврди дека роботското пловило од канадскиот брод „Хорајзон Арктик“ ја пронашло конусната опашка на „Титан“ на околу 500 ...
Институциите се на ред да одлучат дали сакаат да дејствуваат или да истражат. Се надеваме дека ова праќа порака до оние кои ги злоупотребуваат функциите за кои се избрани од граѓаните, дека ќе одговараат и дека не се добредојдени во САД, порача амбасадорката на САД Анџела Агелер, за ставањето на американската црна листа на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Таа во изјава за „Телма“ потенцира дека тековниот процес на назначување поединци под ...
Канадскиот парламент усвои закон со кој се бара од Гугл и Мета да им плаќаат на медиумите за вестите што ги споделуваат или на друг начин ги користат на нивните платформи, објави канадскиот јавен сервис. Сенатот го изгласа законот и сега се чека на кралска согласност, односно одобрение од генералната гувернерка на Канада, Мери Сајмон, која треба да го потпише Законот. Законот создава рамноправни услови за игра помеѓу гигантот за онлајн ...
Рускиот претседател Владимир Путин, денеска, во вонредното обраќање до руската јавност, откако војниците на групата „Вагнер“ синоча влегоа во Ростов на Дон, изјави дека чинот е „предавство и забивање нож во грб“. -Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани, рече рускиот претседателот Путин на почетокот на своето обраќање, додавајќи дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата. „Ова е обид да не нападнат ...
Борците на платеничката група „Вагнер“ ја презедоа контролата над сите воени објекти во рускиот град Воронеж. Воронеж се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва. Во своето обраќање до нацијата, рускиот претседател Владимир Путин рече дека потегот на паравоениот лидер Евгениј Пригожин е „криминална авантуристичка кампања и предавство“ и дека Русија ќе се брани. – Ова е еквивалентно на вооружен бунт. Се бориме за животот и безбедноста на ...
Рускиот претседател Владимир Путин не ја напушти Москва во саботата и работи во Кремљ. Ова за РИА Новости го соопшти прес-секретарот на шефот на државата Дмитриј Песков. Така, портпаролот на Кремљ ги негираше информациите дека Путин го напуштил главниот град и се упатил кон својата резиденција во друг регион.Претходно во саботата беше воведен режим на антитерористичка операција во Москва, Московската област и регионот Воронеж за да се спречат ...
Кривичната постапка што ја отвори руското внатрешно разузнавање Федералната служба за безбедност (ФСБ) против Евгениј Пригожин поради „вооружен бунт“ и „повик на започнување вооружен граѓански судир на руска територија“, по бунтот на борците на неговата приватна воена компанија „Вагнер“ ќе биде запрена, а тој „ќе замине во Белорусија“, појасни портпаролот на Кремљ, Дмитриj Песков во саботата доцна ноќта на брифинг за новинарите. Пригожин ќе се ...
Во Мека денеска почнува годинашниот аџилак, еден од петте столбови на исламот, и на него се очекува да присуствуваат повеќе од два милиони муслимани од целиот свет. Тоа ќе биде најголемиот аџилак откако пандемијата на коронавирусот ги принуди саудиските власти драматично да го намалат настанот, пренесува Хина. Повеќе од 926.000 аџии учествуваа во 2022 година, во споредба со само 59.000 претходната година, покажуваат официјалните податоци. Во ...
Водачот на руската приватна платеничка група Вагнер, Евегениј Пригожин и неговите борци го напуштија Ростов на Дон, кој во петокот вечерта го зазаедоа и се вратија во нивните теренски кампови. Се повлекоа и од регинот Воронеж, а се вратија и конвоите кои тргаа кон Моксва. Пригожин одлучи да стави крај на вооружениот бунт за кој како рече е против корумираните и некомпетенти руски воени заповедници по синоќешните преговори со Кремљ со посредство ...
До денес, повеќе од 20 руски „доброволни единици“ кои учествуваат во инвазијата на Украина потпишале договори со Министерството за одбрана. На почетокот на месецот, министерот за одбрана Сергеј Шојгу ја издаде соодветната наредба, поставувајќи го 1 јули како краен рок. Идејата е организациите да го добијат „неопходниот правен статус“. Според Николај Панков, заменик министер за одбрана, во Русија има повеќе од 40 такви воени структури. Од ...
Американската крајбрежна стража објави дека ќе ја води истрагата за експлозијата на подморницата „Титан“ со помош на Канада, Франција и Велика Британија. Батискафот Титан експлодираше на пат да ја обиколи потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите пет лица во него. Остатоците беа пронајдени во четвртокот (22 јуни) на околу 3. 810 метри под површината на водата и на околу 1. 600 стапки (488 метри) од Титаник во водите на Северниот Атлантик. ...
Пензионираниот генерал Дејвид Петреус очигледно алудира на големиот број истакнати Руси кои загинаа под неразјаснети околности, вклучително и паѓање од прозорци, откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Како дел од договорот Евгениј Пригожин да го запре маршот на неговите платеници кон Москва, тој се согласи да замине во егзил во соседна Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко е силен сојузник на рускиот претседател Владимир ...
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети руските трупи вклучени во воената операција во Украина, јавија денеска руските медиуми, и тоа е негово прво појавување во јавноста по бунтот викендов на паравоената група Вагнер. Платениците предводени од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, напредуваа кон Москва за да го отстранат, како што го нарекоа, корумпираното и неспособно руско воено раководство, пред ненадејно да се упатат назад во ...
Во последните денови Шпанија е зафатена од првиот летен топлотен бран со екстремно високи температури кои и денеска надминаа 40 степени Целзиусови. Во Мадрид денеска на некои места се евидентирани 45 степени Целзиусови, а екстремно високи температури се забележани и во јужните градови Севиља и Кордоба.Институтот за метеорологија (AEMET) издаде предупредување за осум од 17 автономни управи на Шпанија. Тимовите за цивилна заштита во регионот на ...
Околу 8,2 милиони жители на Украина заминале во странство како резултат на обемната војна што ја започна Русија, изјави шефица на парламентарна комисија Олена Шулиак „8,2 милиони наши луѓе моментално се во странство, повеќе од 5 милиони се внатрешно раселени лица на територијата на Украина“, рече таа.При планирањето на повоената обнова на Украина, неопходно е да се има предвид колку од тие милиони бегалци ќе се вратат во своите заедници, како да ...
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека брзиот интернет повеќе не е луксуз, туку „апсолутна неопходност“ и вети дека секое домаќинство во земјата ќе има пристап до таков до 2030 година со кабли направени во САД. „Овие инвестиции ќе им помогнат на сите Американци. Нема да оставиме никого зад себе“, додаде американскиот претседател.Бајден најави дека повеќе од 40 милијарди долари ќе бидат инвестирани низ целата земја за да се обезбеди брз ...
Во првото телевизиско обраќање по бунтот на паравојниците од групата „Вагнер“ во Русија, рускиот претседател Владимир Путин се претстави како гарант на внатрешниот мир. „Од почетокот на настаните, според моите директни наредби, беа преземени мерки за спречување на големо крвопролевање”, истакна Путин, „иако руските непријатели, како неонацистите во Киев, така и нивните западни поддржувачи и сите предавници ја имаа токму таа желба – братоубиство ...
Шефот на паравоената група Вагнер Евгениј Пригожин штотуку објави 11-минутна аудио порака, прва по бунтот што го организираше во саботата, кој заврши со повлекување на неговите борци. Во пораката тој вели дека причината за бунтот е тоа што никој од командантите не се согласил да потпише договор со руското Министерство за одбрана и дека поради тоа неговата платеничка чета била принудена да престане да постои на 1 јули. „Командантите во Вагнер ...
Нема лекарска грешка во случајот на малата Јана Христовска. Девојчето починало од инфаркт што го предизвика пневмонија, а нејзината смрт нема причинско-последична врска сo примената инфузија како што се сомневаа родителите. Извештајот од обдукциониот наод на Судска медицина обвинителството го достави до мајката и таткото на малата Јана. „Се знаеше дека и обдукцијата ќе биди иста како што се изјасни и ДСЗ, така и Судска медицина. Јана почина од ...