
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



По изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да се врати во Македонија и да се соочи со правдата, лидерот на Демократското Движење Изет Меџити за весникот Лајм вели дека неговите сомнежи се остваруваат: „За жал, се потврдуваат нашите соммежи што ги презентиравме како опозиција во нашите официјални профили, каде јавно прашавме дали Бујар Османи го посети Никола Груевски во Будимпешта ...
Одбранбените сили на Израел (IDF) објавија снимки за кои тврдат дека покажуваат како Хамас го блокира конвојот на цивили кои се евакуираат од северниот дел на Газа. Израел до вчера со 16 часот по локално време даде рок за евакуација на целото население од северната половина на Појасот Газа, каде се наоѓа и најголемата населба во енклавата, градот Газа. Од друга страна, Хамас му порача на населението да остане. Израел вели дека Хамас ги спречува ...
Европската комисија (ЕК) соопшти дека тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за Газа, по критиките за нејзиниот одговор на ситуацијата таму. За одлуката информираше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која, исто така, соопшти дека разговарала со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. „Комисијата веднаш ќе ја зголеми хуманитарна помош предвидена за Газа за 50 милиони евра. Со тоа вкупната сума ќе ...
Пропаднаа ветувањата ека цевките на мостот Беласица кој беше опожарен во мај, ќе бидат поставени на време, односно пред почетокот на грејната сезона која започнува – денеска. Арсовска: ЕСМ треба да го санира мостот „Беласица“ – парно ќе има На терен нема работници, јавува ТВ Сител. Ги затекнавме само цевките кои се наредени под мостот веќе трет месец, неколку граѓани кои спортуваат и виснати кабли од железничкиот мост. Местото не е ниту ...
НАТО соопшти дека вчера на Косово пристигнале над 130 дополнителни војници од Романија. Дополнителни војници се испратени за дополнително зајакнување на мировната мисија на КФОР, покрај двесте британски војници кои првично беа распоредени овој месец. Распоредувањето на овие дополнителни војници доаѓа по насилниот напад врз косовската полиција на 24 септември и зголемените тензии во регионот“, се вели во соопштението. КФОР во моментов се состои ...
Израел го одложи за неколку дена планираниот упад во Појасот Газа, под контрола на Хамас, поради лошите временски услови, се наведува во извештајот на Њујорк Тајмс (NYT) објавен доцна синоќа. Копнената офанзива требаше да започне овој викенд, но делумно беше одложена поради облачното небо што би им отежнало на израелските пилоти и оператори на беспилотни летала да обезбедат воздушна поддршка за копнените сили, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи ...
По свежото утро, денесека се очекува сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се ...
„Ако се случи ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за уставните измени, тогаш меѓуетничките односи ќе се заострат и Албанците ќе се радикализираат. За да не дојде до ова, добро е меѓународниот чинител повторно да ги ‘запали моторите’ и да го реши тоа прашање до крај.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот уреднички коментар со наслов „Зошто се продава имотот на Груевски, дали затоа што не успеа во обезбедувањето на 80-те ...
Актерот Сашо Тасевски со јавно обраќање до министерот за надворешни работи Бујар Османи за евакуирањето на македонските граѓани со „Ер Србија“. „Бујар, едно фала за Србите што ги извлекоа Македонците од Израел. Ќе може? Ако смееш и ако сакаш. Дека Косово ти е најважно, де. Толку за тебе како шеф на дипломатијата на оваа прчоебина. До кај сме виде? Од Србите вакцини, од Србите авиони за спасување. Каде ви се ЕУ, НАТО и Бугарите да ви помогнат? ...
Важно е да направиме разлика од тие кои изминативе шест години зависеше се од нив, а што направија освен тоа што од голтари поединци станаа милионери. Се што ветија направија спротивно и тие кои имаат план, визија и градат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Мицкоски укажа „важно е да направиме разлика од тоа што зависеше од нив до сега, ...
Украина соопшти за жестоки борби во близина на источниот град Авдеевка, кои продолжија петти ден по ред. Виталиј Барабаш, началникот на градската воена администрација во Авдеевка, рече дека Москва распоредува дополнителни сили за да го опколи стратешки важниот град во источната област Доњецк, северно од градот Доњецк, кој е под контрола на Русија. „Непријателот не престана ниту да ги напаѓа ниту да ги гранатира нашите позиции“ околу Авдеевка, ...
Ги добивме досега сите битки со државничките политики на СДСМ и про-европската коалиција, политички и економски а нашата следна политичка битка е борбата за европска иднина, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во обраќање пред граѓаните на народниот собир во манастирот св.Димитрија во Селце, прилепско. -Во 1991-та година обезбедивме независност. Во 1993-та година државата стана членка на Обединетите нации. Во 2016-та година ...
Версајскиот дворец попладнево се евакуира поради закана за бомба, дознава Франс прес од полициски извори. Заканата за бомба дојде преку анонимна порака на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, изјави извор за Франс прес. Парискиот музеј Лувр веќе беше евакуиран поради закана од напад. Музејот соопшти дека неговото затворање за посетители е поврзано со одлуката на владата да ја стави Франција во состојба на готовност по нападот ...
„Премиерот Димитар Ковачевски денеска јавно упати прашање до лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски колку пати тој и членови на партиското раководство во последниот период барале и имале средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со високи претставници на оваа партија.“ – објави „360 степени“. „360 степени“ пишува: „Истите тие партии, коишто сега се прават лавови, 11 години беа како мачиња во коалиција со истата таа политичка партија ДУИ, за која ...
Членот на Друштвото на писателите на Македонија Иван Антоновски вели дека претседателот на ДПМ Христо Петрески се однесува неморално со тоа што ја повлекол својата неотповиклива оставка. Според него и правни е невозможно да се повлече неотповиклива оставка. За однесувањето на Петрески, Античките новели верува дека ќе му суди судот на историјата. Првиот човек на ДПМ се изрезили кога прво поднесе оставка поради болест а потоа одеднаш оздраве и ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека Штип ќе добие обиколница. „Штип ќе добие обиколница. Целта на овој проект е да се спои влезот од Скопје со влезот од Струмица, урбанизирање на целиот потег како и можност за нова населба за домување. Изготвен е од страна на општина Штип основниот проект и проектната документација. Со овој проект ќе се олесни сообраќајот во градот, а товарните возила нема да ...
Не постојат некоректни прашања, постојат некоректни одговори . Избраните и именуваните лица додека земаат државна плата се должни да стојат и да слушаат новинарски прашања – новинарските здруженија и познавачите остро го осудија односот на вицепремиерот и Премиерот кон новинар на Алфа Телевизија, пишува Телевизија Алфа. Нејасно е зошто е ваквото дрско однесување на вицепремиерот , кога новинарот јасно укажа дека прашањето се однесува на став ...
СДС се фали со економски резултат кој што е најнизок во регионот. ММФ потврди дека и Косово и Албанија и Црна Гора се пред Македонија, и нивните економии се подобри и за 50% во однос на растот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Македонија согласно последните проекции ќе има и понизок раст на ДДВ од сите земји во Западен Балкан, а во исто време граѓаните ќе ги осиромашува и високата инфлација која исто така е една најголемите во Европа. Впрочем за тоа говори ...
Нов пораз во серија од Украина, и тоа со 2:0. Головите беа дело на Судаков во 30.минута и Караваев во судиското продолжение. А имавме игра, имавме и шанси. Но голманот на Украина, Трубин блескаше на голот. Имаше и Столе Димитриевски свои моменти, сепак бадијала. Македонија е поразена па така сега се чини дека е готов нашиот сон дека можеме да се пласираме на ЕВРО 2024. Сега Украинците имаат десет бода на второто место, но и два натпревари ...
Полициските билтени се полни со вести за уапсени дилери на дрога, при што најчесто се спомнуваат марихуана и „бела прашкасата материја“, што е официјалното име за кокаинот, но се спомнуваат и таблети екстази, пари, и оружје. Така, на 14 октомври во 00.25 часот, во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 20 и 24 годишнo лицe, двајцата од тој град. ...
„Ние немаме намера да влегуваме во партиска преписка со тоа дали треба лидерска средба или нема да има лидерска средба. Нема да влегуваме во менталниот склоп на фрустрирани луѓе, доколку ценат дека на тој начин ќе излеземе од потенцијалната политичка и уставна криза, нема проблем, прифаќаме се и во Собрание нека биде, еве работни групи нека седнат нека разговараат“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско ...
Зголемување на платите за 30% за здравствените работници и техничкиот персонал, нов колективен договор, бенифициран работен стаж за вработените во итната медицинска помош, радиографија и во психијатриската болница, како и итна промена на договорите – од договори на определено, со договори на неопределено време. Ова се барањата на Самостојниот синдикат на здравствените работници. Следната недела ќе има предупредувачки протест на работните места. ...
Израелската армија денеска му препорача на населението во градот Газа „да не губи време“ и да ја забрза евакуацијата. Луѓето беа повикани да ги напуштат своите домови и да се упатат кон јужниот дел на Појасот Газа пред да започне копнената офанзива, а патиштата кон север се веќе блокирани. Воениот портпарол Ричард Хехт соопшти дека денеска од 10 до 16 часот цивилите може да го напуштат северниот дел на палестинската енклава. „Знаеме дека ќе ...
Претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист датум – предлага лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, нагласувајќи дека има изгледи да се постигне консензус за ова прашање. Одговарајќи на новинарско прашање околу одржувањето на претстојните избори, Таравари напомена дека не го сменил ставот искажан и пред една година. – За Македонија како сиромашна држава подобро е овие ...
Поминаа повеќе од 15 месеци повторувајќи една иста работа дека уставни измени под бугарски диктат ќе нема, но ќе нема и во иднина. Сакам да повторам и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе биде влада нема промена на околностите, ако не видиме некаков прогрес бидејќи сега целосно е во насока на бугарските барања ќе нема уставни измени, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип која е во рамки на кампањата „Важно е! Од ...
Одговорот воопшто не беше наменет кон новинарот или кон телевизијата, или спрема кој било медиум, бидејќи моите одговори се кон прашањето. Сметам дека министерот Битиќи добро постапи и го поддржувам во тоа што го направи, изјави премиерот Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ кој присуствуваше на сенародниот собир кај манастирот „Свети Димитрија“ кај прилепско Селце. Тој одговори на новинарско прашање за ситуацијата при вчерашната ...
Тежок и речиси недостижен е патот за Македонија да влезе во ЕУ иако на државата и се направија сите можни преседани – вели поранешниот претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски. Тој не е оптимист дека земјава наскоро ќе биде членка на ЕУ, па затоа предлага нова стратегија за приближување, односно да се искористат европските пазари и фондови. “Голем дел од причините лежи во нашите слабости а јас ќе набројам само неколку. Недоволиво ...
Нова грејна сезона, нови проблеми за граѓаните. Од утре, 15-ти октомври, започнува грејната сезона 2023/2024 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува ЕСМ. Во тек на грејната сезона, испораката на топлинска енергија ќе се врши од 6-22 часот по строго утврдени правила и дијаграми. Според овие правила, на почетокот од грејната сезона во месеците октомври и првата половина на ноември кога ...
Војната меѓу Израел и Хамас ја потресе светската економска слика, која и онака не беше сјајна, па така деновиве цените на нафтата имаа драстичен скок. Тоа повлекува и поскапување на многу производи, бидејќи како што растат цените на суровата нафта, така и заканата од висока инфлација повторно ја зафаќа светската економија. Зголемување на цените на енергијата Поскапувањето на енергенсите во последните години стана горлив проблем кој влијае на ...
Хаос, нервоза, но и празни шалтери во пасошките одделенија каде граѓаните со месеци чекаат да извадат лични документи. На оние на кои сега им се истечени личните документи, а не можат да добијат термин за да си извадат нови, тешко дека ќе можат да си ја извадат платата или пензијата од банка ако немаат платежна картичка, анализира Алфа. Не може да се аплицира ниту за кредит, ниту пак за зголемување на дозволениот минус. Немањето важечки ...