
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац, загина едно лице, а уште еден е повреден, јавуваат хрватските медиуми. Од Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста на СВР Брод-Посавина, се дознава дека починатиот (51) бил државјанин на Македонија, кој бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички. Другиот патник, кој е повреден во несреќата, исто така е македонски државјанин, а се наоѓал ...
Руските власти на Крим го ставија на аукција претходно Национализираниот стан на сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска во Јалта, проценувајќи ќе биде ставен на продажба со почетна цена од 2,5 милиони евра, соопштија властите во Крим. „Предмет на лицитацијата е имотот лоциран на адреса Крим, Јалта, општина Ливадија, улица Батурина, зграда 44 А, стан 501, со вкупна почетна минимална вредност од 24.642.490 рубљи“, се наведува во ...
Земјите членки на Арапската лига синоќа повикаа на итен прекин на израелските напади врз Појасот Газа. На вонредниот состанок во Каиро вчера, министрите за надворешни работи на 22-те земји предупредија и на „катастрофалните“ хуманитарни и безбедносни последици од интензивирањето на конфликтот. Израел започна одмазда против Хамас, кој многу земји го сметаат за терористичка организација, откако милитантите на групата ја нападнаа земјата во ...
Германија како најголем трговски партнер на Македонија ќе оствари негативен раст на економијата и тоа ќе влијае и на македонската економија. Негативниот раст, односно падот на економијата на моторот на ЕУ, Германија, е еден од клучните фактори кои влијаат врз случувањата во нашата економија, и објективно силно влијае врз економската активност во нашата земја“, објави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи. И ...
„Овој проблем со недостиг на учебници не е само оваа година, но овој министер имаше доволно време да ги спроведе препораките на комисијата“, изјави изјави Весна Бендевска, членка на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, во синоќешната Топ тема на ТВ Телма во врска со тужбата за Министерството за образование и наука (МОН) околу недостиг на учебници и на стартот на оваа учебна година. Бендевска потсети дека министерот секојдневно ...
Одложен е штрајкот на контролорите на летање што беше најавен за денеска и нема да има 6 часовен прекин на полетувањата и слетувањата од аеродромите во Скопје и Охрид. Нема да има ниту пак редуцирање на опслужувањето на прелетите, информираа синоќа од Министерството за транспорт и врски и Струковиот синдикат на контролорите на летање. Договорот е постигнат по 5.часовната средба што ја одржаа вчера попладне министерот за транспорт и врски ...
„СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира идната европска Влада“. Ова вчера од Куманово го порача претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски. „СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада. А, потоа и градоначалник од редовите на СДСМ ќе биде домаќин на одбележувањето на 11 Октомври ...
Мухамед Елмас, прв братучед на Елиф Елмас, со еврогол го запечати триумфот на фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години од 2:0 против домаќинот Полска на турнирот во Торун од квалификациите за Европското првенство. Фантастичниот удар на 17-годишниот офанзивниот играч за врска на Гостивар во 70. минута го одушеви и полскиот ТВ-коментатор и ја крена на нозе македонската клупа. „Црвено-жолтите“ имаа водство уште од 12. минута преку ...
„Седнавме на маса и ги обединивме силите, за да придонесеме кон промените, со цел да го откриеме злото и да се бориме против него. Ќе објавиме заедничка платформа, што значи дека ќе имаме понуда кон албанскиот граѓанин за еден нов ветер на албанската политичка сцена.“ – изјави лидерот на опозициското Демократско движење Изет Меџити во интервју за емисијата „Политико“ на ТВ Глоби. Оваа информација ја објавија информативниот портал „Алмакос“ и ...
Почна со работа Анкетната комисија во смисла на повикување на сведоци. Први беа повикани екс министерот за здравство, Беким Сали, меѓутоа исто така и министерот актуелен за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Беким Сали ја даде изјавата во врска со периодот на неговото престојување како министер за здравство, тоа се 11 месеци. И баш за тој период, 2021 година за кој што се однесува Извештајот на ДСЗР, тој кажа дека не ги имал информациите и дека ...
Министертсвото за финансии подготвува нова прераспределба на парите од државниот буџет до крајот на годината, дознава ТВ24 од висок владин функционер Ќе има дополнително кратење на парите за проектите со слаба реализиација и неопходни трошоци, за да се обезбедат средства за други неопходни намени. Владата изминатиот период веќе ја усвои првата прераспределба со која на удар беа капиталните инвестиции со слаба динамика, Засега нема информација ...
„Денеска е 11 Октомври, државен празник во Македонија – Ден на востанието за време на Втората светска војна. Но, историските факти велат дека тогашните Македонци ги пречекувале Бугарите со цвеќе и низ Источна Македонија немало ниеден, ама баш ниеден судир со Бугарите, или формален отпор кон нив. Разумно за тоа време, бидејќи бугарските фашисти беа ослободители на Македонците од геноцидната српска власт, исто како што и Албанците ги пречекаа ...
Меѓународниот ПЕН е вџашен од ужасната бројка на цивилни жртви во Израел и Окупираните палестински територии (ОПТ) поради избувнување на насилство меѓу Хамас и Израел. ,,Повикуваме на итен прекин на сите непријателства, заштита на цивилите и праведно решавање на конфликтот преку преговори меѓу Државата Палестина и Државата Израел, во согласност со меѓународното право. Ескалацијата на насилството започна на 7 октомври кога Хамас истрела ракети ...
Македонскиот поп-пејач Давид Темелков ја збогати прославата на Денот на народното востание на македонскиот народ 11 Октомври со промоцијата на својот најнов хит „Мојата Македонија“. „Долго те чував, а сега полетај слободно… Полетај далеку и кажи му на светот кои сме… Полетај далеку до работ на светот и допри ги сите наши, однеси љубов и окрепи ги оние на кои им е потребно, а нè има многу… Полетај, но врати се дома, дома припаѓаш… Летај песно ...
Додека расте нервозата кај стотиците Македонци кои незнаат како да се евакуираат од Израел, власта смирува дека се засилуваат подготовките за нивно безбедно враќање дома а Министерството за надворешни работи со штури соопштенија. Нема информации каде се сместени веќе евакуирани Македонци, како ќе бидат транспортирани до Македонија, дали ќе има комерцијални летови, летови од други земји итн. Од Владата велат дека во моментов се разгледуваат сите ...
Австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски, доби шанса да се бори за титулата во лесна категорија, откако и официјално е потврдено дека на 21-ви октомври на УФЦ 294 настанот во Абу Даби, ќе се бори со Русинот Ислам Махачев. Шампионот Махачев кој го победи Волкановски во нивната претходна борба, требаше да ја брани титулата против Чарлс Оливеира, но Бразилецот Оливеира се откажа поради повреда, па на негово место влетува ...
Во Израел е формирана вонредна Влада на национално едниство, по неколкудневни разговори меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и опозицискиот лидер Бени Ганц. Нетанјаху прво ги повика опозициските лидери – Јаир Лапид и Бени Ганц – да се формира вонредна влада во саботата, веднаш по нападот на Хамас. Изјавата на Нетанјаху и Ганц, претседател на партијата Национално единство, објавена сега гласи: „Двајцата се согласија за формирање итна влада и воен ...
На владиното лого „Непокор и слобода“ по повод денешниот државен празник 11 Октомври, кога почнала македонската борба против бугарскиот фашистички окупатор, повторно изостанаа Македонија и Македонци, а во обраќањата на функционерите по повод 11 Октомври, никаде не се спомна „бугарскиот фашистички окупатор“. Денеска, на 82-годишнината од денот кога започнала борбата на македонскиот народ, впрочем како и изминатите години на државни празници, ...
По низата соаднали на церемонии организирани од владата на СДСМ и ДУИ денеска се случи уште еден огромен скандал за време на настанот во чест на 11 Октомври кога на церемонијата беше пуштена партиска химна на државна прослава. Песната во инструментална форма која се слуша пред да почнат говорите на прославата е партиската химна на СДСМ што во никој случај не смеело да биде пуштена на државна прослава. Скандалот го открива новинарот Богдан ...
На скапотијата како да и нема крај. Ниту две минимални плати не можат да бидат доволни за подмирување на основната потрошувачка кошничка за месец септември. Од ССМ пресметаа дека 120.000 граѓани не заработуваат ниту половина од потребното за основните трошоци, односно се на минималец. Нивните пресметки покажале дека за месец септември биле неопходни 48.379 денари за едно четиричлено семејство. Иако нотираат дека во септември потрошувачката ...
Министерството за надворешни работи денеска информира дека уште девет наши државјани го напуштиле Израел, преку различни транспортни рути. Станува збор за четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград. Вкупната бројка за изминативе три дена се искачи на 40 наши државјани што го напуштија Израел, соопшти МНР. „Дваесет пријавени граѓани од пограничните региони, кои се сметаа за безбедносно – ризични, утрово се префрлени на ...
Цигарите, пурите и течноста за електронски цигари поскапуваат од петок, кога стапуваат во сила измените на Законот за акцизите. Собранието ги усвои овие измени минатата недела на 3 октомври. Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија, а Владата, според образложението на законските измени, очекува да има зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно. За цигарите цената ќе биде за 9 проценти поголема. Дополнително, секој 1 ...
Метео-прогнозерот Славчо Попоски познат по своите анализи за временските прилики и неприлики, не ја исклучува можноста веќе пред ноември, Македонија да ја зафати студен бран, но и снег. Тој најавува и ниски температури. – Дали прерано ќе не зафати првиот зимски удар?! Ако вака останат работите, студ и снег насекаде на Балканот и во Македонија за десетина денови одсега. Да напоменеме дека промени во прогнозите ќе има! Какви? Останува да видиме!, ...
Земјоделците го креваат гласот за подобро утре. Лозари го блокираа патот Кавадарци – Неготино, кај месноста „Ило Виларов”, барајќи подобри услови за лозаропроизводство. Тие рекоа дека преку мирен протест бараат да се слушне нивниот глас и да ја изразат својата разочараност, од, како што рекоа, лошата гроздоберска сезона. Се пропуштаа итните случаеви. Полицијата е присутна на лице место, а сите што тргнале во овој дел на државата, се ...
„Би сакала да го честитам на сите граѓани 11-ти Октомври, еден од најзначајните празници во нашата држава. 11-ти Октомври не е само симбол за борба против фашизмот, 11-ти Октомври е симбол за наше национално ослободување. И затоа да е вечен и вековит“, порача Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во денешната дебата насловена „Образовни процеси – Мост од историјата кон иднината“, која е дел од кампањата ...
Светските и европските лидери на своите национални празници особено ако се работи за борба за ослободување и независност посетуваат историски локации каде се воделе големи битки, каде почнувале револуции или каде што се решавале за државност. За разлика од нив македонскиот премиер Ковачевски денеска на големиот празник 11 Октомври замина на изложба на ,,Олдтајмери”, односно стари возила. Каква е симболичната порака што сака да ја испрати до ...
ЕСМ пред почетокот на грејната сезона упати апел до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична ...
Во извештајот е правилно напишано дека за да се спротивставиме на овие предизвици за основните вредности што Советот на Европа има за цел да ги поддржува, извештајот повикува на зајакнато придржување кон основните вредности. Ова вклучува зајакнување на законодавството за спротивставување на екстремно десничарскиот екстремизам, подобрување на образованието и медиумската писменост и борба против онлајн радикализацијата, истакна Александар ...
„Сакам да ве известам дека информациите кои беа испратени во текот на вчерашниот ден од страна на УО на М-НАВ, како што известија одредени медиуми, дека се прифатени барањата на ССКЛ и дека е постигната спогодба поради која се става најавениот штрајк за 12.10.2023 година во период од 11ч до 17ч во мирување се тотална невистинити и дезинформација на јавноста која не само што ги доведува во забуна сите патници кои го планирале своето патување во ...
25 годишен скопјанец физички ја нападнал неговата сопруга пред влез на зграда во Кисела Вода во Скопје . Според соопштението од ОЈО , обвинетиот ја влечел за коса, ја изгребал, ја гризнал и упатувал закани по животот . Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ и најпрво со висок тон започнал да ја навредува оштетената. Потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот, нанесувајќи ...