
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека 8 мај е можен термин кога би се одржале вториот круг од претседателските избори и првиот круг од парламентарните избори. – И во минатото сме имале таква пракса. Така беше на последните избори 15 јули 2020 година. Затоа велиме дека 8 мај е повторно можен термин кога би се случил вториот круг претседателски заедно со парламентарните. Би имало 72 часа за рокови за жалби, за одлуки и да ...
Без реална и јасна стратегија обичниот граѓанин само ќе тоне во сиромаштија, а Македонија тешко дека ќе излезе на крај со скапотијата, алармираат економските експерти, анализира Алфа. Од година во година сиромаштијата зема се поголем замав. Колкав, како последно отсликаа невладините организации кои обелоденија загрижувачки податоци за дури половина милион луѓе кои преживуваат за помалку од 200 денари дневно. Експертите се загрижени и ...
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и прв човек на Анкетната комисија за онкологија денеска со прашање до поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. Мизрахи го праша Филипче како спроведувал тендери кога бил министер за здравство кога не добивал спецификација од Клиниката за онкологија за тоа какви лекови треба, колкава количина. „Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога никогаш не ви доставила спецификација за ...
Многу сериозно ова прашање го разгледуваме и во рамките на партијата и затоа денеска со мене се и двајцата потпретседатели. Сакаме да ги увериме луѓето коишто се дел од реалниот сектор и од бизнис заедницата дека ВМРО-ДПМНЕ е пријател, ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера сериозно да ја развива Македонија и ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера сериозно да помага и да биде партнер на бизнис заедницата, а не да биде непријател како што тоа се ...
Од година в година расте бројот на возила по скопските улици, а со тоа и недостигот од паркинг места. Скопјани, но и жителите на другите градови од кои доаѓаат во главниот град, мака мачат да најдат слободно паркинг место, објави ПлусИнфо. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во својата програма „За модерно Скопје“, најави дека по моделот на јавно-приватно партнерство, ќе се изградат нови катни гаражи кај Чаирчанка, кај амбулантата во ...
Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со ...
Пратениците денеска со мнозинство гласови ја поддржаа потребата од носење на новиот Деловник за работа кој треба да стапи на сила од следниот парламентарен состав. Претседателот на Собранието Талат Џафери, образложувајќи ја потребата од носење на новиот Деловник, рече дека тој е резултат на консензус од сите политички партии. – Ова е уште еден пример што докажува дека политичката дебата во Собранието може да резултира и да се финализира ...
Адвокатот Јанаки Митровски прекуи социјалните мрежи упати прашање со оглед на тоиа дека и покрај најавите делови од Скопје немаат парно греење: “ЕСМ снабдување со топлина”, нели грејна сезона почна?! М?! Или па да не е април, а јас не знам… Вчера пријавив дека радијаторите во зградата каде што сум јас во Аеродром се МРАЗ. По неколку часа ми се јави со одговор снимена операторка и ми вика “дефектот се санирал”. Нити каков дефект, нити кога ќе се ...
Многу штетна и опасна иницијатива. Вака политичките аналитичари, пратеници и партиски лидери со коишто разговараше Плусинфо ја коментираат идејата на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој предложи во Македонија да се формира дводомен парламент доколку не бидат изгласани уставните измени. Тој предложи едниот дом да го сочинуваат градоначалници на неколку поразвиени општини, а другиот дом да го сочинуваат пратеници, но во ...
Високото образование во Македонија во последните десет години се карактеризира со низок квалитет, нетранспарентност и коруптивни афери, велат од Форумот за образовни промени, од каде побараа да се спроведе ветинг на државните универзитети кој како што рекоа ќе послужи како основа за одржување на академскиот углед и борбата против корупцијата во високото образование – пренесе Слободен печат. „Не случајно, секоја академска година, нашите државни ...
Христо Петрески, претседател на Друштвото на писатели на Македонија денеска повторно извести дека поднел оставка откако ја повлече првичната од минатата недела поднесена – поради здравствени причини. Во кус допис упатен до членовите на Друштвото на писателите на Македонија и до медиумите, Петрески вели: „Ги известувам членовите на Друштвото на писателите на Македонија и медиумите дека денес официјално поднесов оставка на местото претседател на ...
Инфектолог проф. д-р Вело Марковски утре ќе поднесе кандидатура како независен кандидат за шеф на државата претстојните претседателски избори, соопшти неговиот тим. Својата кандидатура Марковски ќе ја промовира в четврток во 13 часот во просториите на локалот „Прима Данца“, во близина на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Скопје, каде ќе ја промовира и својата веб-страница velomarkovski.mk во која се содржани неговите досегашни ...
Деновиве повторно сме сведоци на вандалски чин на неколку локации каде од страна на несовесни граѓани оштетени се повеќе детски игралишта во Аеродром, пишува Независен. Во изминатите неколку денови, општинските служби затекнаа оштетени детски игралишта, уништени спортско – рекреативни реквизити и урбана опрема на повеќе локации во општината. „Најстрого го осудуваме овој вандалски чин и апелираме до граѓаните да бидат совесни кон јавните ...
Лицемерието на власта на СДС и ДУИ нема крај. Додека народот се тоне во сиромаштија поради високата инфлација, а власта вели дека тоа било така секаде, во владините бифеа цените стојат замрзнати и тоа на минимум, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Студентите нека се чудат што да јадат, пензионерите нека се борат секој ден дали да купат леб или лекови, ама затоа министрите ќе се гоштеваат по екстра ниски цени. Ако четврт бурек, ѓеврек и јогурт стануваат ...
Преку анализа која со народен речник претставува,,Сито и решето” американски државен медиум открива каква е врската меѓу вицепремиерот Артан Груби и стотина милиони евра сомнителен казино бизнис кој владата го менува со закон со европско знаменце што е против сите правила на Брисел. Анализата ја објавува Радио Слободна Европа на македонски јазик, американски медиум кој е финансиран од државата САД со што во балкански начин на анализа може да се ...
Жителите на Автокоманда реагираат на неиспорачувањето на топлинска енергија – парно – втор ден откако започна грејната сезона а утринските темпшератури паднаа и под 12 степени. Населбата Автокоманда на почетокот на годинава, беше исклучена од таканареченото„железарско парно“ што го добиваа од „Енергетика“ но без никакво објаснувње од ЕСМ беа информирани дека ќе продолжат да плаќаат по стара тарифа, додека системот не биде префрлен на новиот ...
Три од четири македонски служби за безбедност класифицирале информации за јавноста да не може да дознае дали илегално се прислушува во земјава, откри пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија говореше и за тоа дали во Македонија нелегално се следат комуникациите и зошто власта не презема ништо. „Сега веќе како што напредува технологијата и светот, така и следењето ...
Се работи на нов закон за платите на избрани и именувани лица за да направиме поправедно решение и ослободиме дел од средствата за ранбливите категориии, најави синоќа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Според него, со измена на Законот за плати на избрани и именувани лица, ќе се ослободи дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии. „ Добивме задолжение од владата за формирање на работна група за законот за ...
Во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што истакна дека власта го злоупотребува европското знаменце во собранието и ги крши процедурите а Артан Груби со измените на законот за игри на среќа се обидува да ги легализира сите прекршоци и криминали но одговорност мора да има. „Формално има неколку области кои што Европската Унија не ги регулира и ги има оставено на ...
Ова прашање го поставува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски во вчерашното гостување на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа. Одговарајќи на прашање за продажбата на хидросистемот Чебрен на грчка компанија со која се отуѓува енергетскиот капацитет на земја која во минатото не била пријателски настроена кон Македонија, Николовски поставува јавно прашање до владата за преговори за дел од дистрибутивната мрежа на ...
Техеран предупреди дека може да се очекува „превентивна акција“ во наредните часови и дека Израел ќе се соочи со последици за секоја акција што ќе ја преземе во Газа, објави државната телевизија. „Сите опции се отворени за фронтот на отпорот против воените злосторства на Израел“, рече министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан. „Фронтот на отпорот е способен да води долготрајна војна со непријателот… во наредните часови можеме да ...
„Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се “гоштеваат” штедејќи врз грбот на студентите, објави на Фејсбук „Студентски отпор“ „Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие комотно седат на кожни фотелји без грижа и ...
Сè уште нема официјална потврда за тоа што се случило. Откако белгискиот министер изјави дека напаѓачот кој вчера уби двајца шведски навивачи е убиен: Дел од белгиските медиуми пишуваат дека тој се уште е жив, но во тешка состојба. Бил застрелан во градите и бил реанимиран, пишува Nieuwsblad.be. Дел од медиумите пишуваат дека тој е убиен, додека дел од медиумите пишуваат дека преживеал. Белгиецот ДеМорген пишува дека е потврдено дека во ...
„Секој може да прави во својот живот што сака и да живее на начин како што тој ќе определи согласно законот, Уставот и сите правни акти кои се на сила. Јас потекнувам од едно традиционално семејство, за мене такво нешто е страно, сум немал такво искуство, велат луѓето го менуваат својот став или мислење кога тоа ќе го почувствуваат на сопствена кожа“, рече вчера кумановскиот градоначалник Максим Димитриевси и лидер на движењето ЗНАМ во интервју ...
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анектната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија. Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека денеска прв ќе одговара Филипче, а потоа ќе зборува Меџити, јави МИА. Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на ...
Барањето на Володимир Зеленски да го посети Тел Авив минатата недела во знак на солидарност беше одбиено, јавуваат израелските медиуми. Украинскиот претседател се надеваше дека ќе се појави покрај американскиот државен секретар Антони Блинкен. Зеленски изрази силна одбрана на Израел по нападот, велејќи дека Израел има несомнено право да се брани од нападите на палестинските терористи. „Теророт е секогаш злосторство, не само против една земја ...
Лидерот на партијата Демократско движење, Изет Меџити смета дека Алијанса за Албанците треба да биде во врвот на албанските опозициски движења, особено затоа што политичкиот наратив го градела против ДУИ. „За жал, ако гледаме што мислат нивното раководство и нивните структури, наместо да го држеа бајракот на опозиција, тие влегоа во ваква влада и се претворија во патерица за спас на Артан Груби и на владата, бидејќи не би имале бројки, би ...
Американскиот претседател Џо Бајден ќе го посети Израел во среда за да биде информиран за израелските планови за војна против милитантите на Хамас. Бајден ќе слушне од Израел како ќе ги спроведе своите операции на начин што ќе ги „минимизира цивилните жртви“, пренесе Би-Би-Си. Тој ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јасно ќе покаже дека Израел има право да се брани, најави државниот секретар Ентони Блинкен. Бајден јасно ќе ...
Белгиската влада го опиша фаталното пукање во понеделникот и убиството на двајца шведски државјани во Брисел како тероризам и распореди дополнителна полиција за да го спречи осомничениот да ја премине границата. Премиерот Александар де Кро го опиша нападот како „страшен“ и испрати сочувство до својот шведски колега. „Како блиски партнери, борбата против тероризмот е заедничка“, додаде тој. „Белгија и Шведска се обединети против теророт“, рече ...
Професорката Мирјана Најчевска ја коментира пораката од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до Западен Балкан дека пари од Европската унија ќе има само за оние земји што имаат волја за реформи. „А вака да ја условевте Бугарија? Ќе има пари за Бугарија ако го признае своето фашистичко минато како прв чекор во надминувањето на истото, ако престане да пројавува отворено асимилаторски намери кон Македонија и ако почне да ...