
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Датумот на изборите треба да го договорат сите политички партии, а не само две, смета премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска изјави дека работните групи на партиите треба да го договорат терминот за избори и другите детали во врска со нив. – Датумот на изборите е предмет на дискусија меѓу сите политички партии, а не само на две политички партии. И Изборниот законик и одржувањето на изборите се прави согласно со закон и Устав, согласно со ...
„Новинарите се расиплива, а политичарите расипана стока.“ – вели новинарот Панде Колемишевски во својата колумна со ист наслов, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Власта е во облаци и живее во светот на своите фантазии Покрај другото, Колемишевски пишува: Една средба со медиуми заменик-претседателот на Владата за економски прашања Битиќи ја напушти демонстративно, поради незадоволство од прашањето на новинар на ТВ Алфа до премиерот ...
Жестоки обвинувања за криминалот на СДСМ, ДУИ и АА камуфлиран во ЕУ целофан, кој доаѓаат од водечки европски медиум, германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг. Весникот кој е еден од тие со најголемо влијание и во Германија но и во Брисел и во другите најважни земји членки на ЕУ смета дека власта на Ковачевски и Ахмети се инволвирани во огромна корупција која сакаат да ја прикријат со наводна проевропска реторика. Овие сериозни ...
Аналитичарот Џевдет Хајредини, реагира на уште застарена/ ослободителна пресуда: „Токму и само со прислушувањата на Мијалков, Заев дојде на власт и обезбеди и по него, СДСМ со Ковачевски, кого, не случајно, го донесе од корумпираниот ТЕЛЕКОМ, заедно со Али Ахмети да се одржат на власт. Поради ова и со амнестијата на сите други корумпирани криминалци, дефинитивно, од владеењето на правото и борбата против корупцијата во Македонија, не треба ...
Во однос на атмосферата и како се гледа во регионот, Еди Рама се покажува како највешт лидер и Албанија во моментов дава извесна надеж, оценува поранешниот вицепремиер. „Бевме во подобра реформа кондиција во 2019 година, кога пред се заради Франција, не успеавме да ги почнеме преговорите. Ќе видиме каков ќе биде извештајот во ноември, но ако судиме по минатиот извештај на ЕК, Албанија има оценка 1,6% подготвеност по сите поглавја, Македонија и ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера инсистираше на тоа дека смртоносниот напад врз болницата во Газа го извршиле „терористички варвари“, а не израелските одбранбени сили (ИД), објави „Хаарец“ Во објава на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, Нетанјаху нагласи дека „целиот свет знае“ кој е виновен. „Тие кои брутално ги убиваат нашите деца, ги убиваат и сопствените деца“, напиша израелскиот премиер. Марк Регев, висок советник на ...
Шефот н а македонската диполоматија и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи преку преку социјалните мрежи го осуди синоќешниот напад на болницата во газа во која загинаа најмалку 500-тини луѓе. Тој на ФБ и на Икс (Твитер) напиша „Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно ...
-Граѓаните се соочуваат со застрашувачко осиромашување и пад на стандардот. Во Македонија секојдневните трошоци се за 4 пати повеќе повисоки отколку во Европската Унија. За кратко време инфлацијата изеде третина од платите, а новите покачувања на ДДВ од 5 на 10% на основни прехранбени производи уште повеќе ќе удрат по џебот на народот. Затоа граѓаните се повеќе се откажуваат од тоа да купуваат нешто кое порано го купувале, или се одлучуваат да ...
Пендаровски можеше да спречи измени на Кривичниот законик, но тој потрча да ги потпише и да им се додвори на Ковачевски и Ахмети. Пендаровски експресно ги потпиша измените на КЗ, по налог на Ковачевски и Ахмети со цел криминалците од власта да не одговараат. Пендаровски можеше да го врати законот на повторно разгледување, но тој реши слепо да ги исполнува командите на Ковачевски и Ахмети, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Со потпис на ...
Американскиот претседател Џо Бајден даде изјава во која изрази длабок гнев поради експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа, но не обвини никого за тоа. „Огорчен сум и длабоко тажен од експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа, која резултираше со ужасни загуби на животи“, рече Бајден во изјавата објавена додека летал од САД за Израел, пренесе Би-Би-Си. Според Бајден, штом се појавила веста за експлозијата, тој контактирал со израелскиот ...
Ннеколку секунди пред полетувањето на авионот од аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, во кој бил германскиот канцелар Олаф Шолц – се огласиле сирените за напад. Канцеларот веќе бил во авионот, но тој , како и другитре патници, мораѓа да ја почитува наредбата сите патници да излезат од него и да легнат на пистата. Шолц беше брзо евакуиран од авионот и однесен со автомобил во засолниште. „ Канцеларот со свои очи можеше да види две експлозии“, ...
Пропадна расправата во Владата на вчерашната седница на која требаше да се расправа за „корекција“ на платите на функционерите кои пред 7 месеци беа зголемени за 78%. Одлука за овој предлог денеска не била донесена затоа што на владината седница не присуствувал премиерот Димитар Ковачевски кој бил во Тирана. Во март годинава со одлука на Уставниот суд функционерските плати се зголемија за 78 отсто. На денешната седница било дискутирано за ...
Во поранешно Фени, сега кавадаречки Еуроникел Индустри вработените не добиле целосна плата. Од тие причини утре се очекува блокада во фабриката. Работите се радикализираа особено откако актуелниот менаџмент на комбинатот не успеал во петокот да ја исплати ниту целата септемвриска плата за вработените, ниту да им даде одговор ќе има ли пари за нормално работење на компанијата, како и пари за струја за печката. Фактор дојде до писмото кое првиот ...
За „азилот“ во Унгарија, на експремиерот Никола Груевски виновни многу луѓе, а најмногу Зоран Заев, а во поново време и Христијан Мицкоски. Ова тој го изјави во интервју за белградска „Политика“. „Во основа на сѐ е стравот од мое евентуално враќање во земјата. На прво место е односот на некои политичари кон мене во изминатите пет-шест години, но и нивната неспособност во севкупното водење на државата, како и криминално-коруптивни мотиви, поради ...
Либанското милитантно движење Хезболах повика денешпниот ден , да биде „Ден на гневот“ за да се осуди нападот врз болницата во Појасот Газа. Тврдат дека Израел е одговорен за експлозијата и дека тоа е „масакр“. „Утре, среда, нека биде Ден на гневот против непријателот“, се вели во соопштението на Хезболах, пишува „Тајмс оф Израел“. Палестинските власти ги обвинија израелските сили за нападот врз болницата, а палестинската милитантна група ...
Под импресии од топлиот пречек во Македонија, каде што остави силен печат со емотивниот настап на Меѓународниот фестивал на камерна музика „Интерфест“ во Битола, посебно со изведбата на македонски народни песни, јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу веднаш по враќањето во Јапонија најави нова посета. „Се гледаме пак Македонци!“, порача на социјалните мрежи басот и претседател на Токиската опера од пред споменикот на Александар Македонски на ...
Претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, не гледа ништо позитивно од самитот на т.н. Берлински процес за Западен Балкан во Тирана. „Белки сега на сите им е јасно по средбата во Тирана дека нема ЕУ за Западен Балкан. И нека не нè заплашува Османи дека поради опозицијата ќе ни се раздвоеле патиштата со Албанија. Каква Албанија, каква Македонија. А патиштата, како тргнало, ќе ни се состават некаде на патот кон небиднината. ...
Самата политичка партија ДУИ, немајќи други понуди од економскиот сектор како да им го подобри животот на граѓаните во Тетово, Гостивар, Скопје, Струга и на други места, сега гледа да ја префрли топката кај опозицијата и се обидува на секој можен начин да најде домашни или надворешни актери коишто можат да влијаат на одредена фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ. Ова го изјави поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од редовите на ...
Сакам да укажам на важноста на моментот од кој произлезе и самиот наслов на оваа теренска активност, а тоа е „Важно е!“. Важно е од тебе, од вас зависат промените, важно е да се запали црвената сијаличка, веќе не сме 5 до 12, можеби е 12 и 30 и сега е вистинскиот момент да сите ние направиме нешто за иднината на нашата татковина Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на средба со граѓани во Миравци во рамки на ...
Владата ги избриша цените за јадење, објави на социјалните мрежи, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. „Дали по објавувањето на ценовникот, како реакција од денеска министрите јадат бесплатно?“, напиша Стоилковски и објави фотографија. Стоилковски претходно вчера објави дека има смрзнати цени во владините бифеа наместо во продавниците. „Народот се турка за корка леб, а Ковачевски, Груби, Бујар, Спасовски, Стани Цаци си сркаат пилешка ...
Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 со Казахстан и со освоениот бод избори пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство 2024 во Северна Ирска. Ремито го донесе Адријан Зенделовски со голот во 81 минута, откако Казахстанците поведоа по 25 минути игра преку Жансултан Мухаметханов, кој во 60. минута беше исклучен поради втор жолт картон. Освоеното второ место во петтата група во полскиот ...
Приоритет од првиот ден ми е спојување на клинички центар, што како пример и референтен центар ми е Словенија и Љубљана како клинички центар, истите жители, истата географска големина. Ние не сме ни попаметни, ни побогати од нив и мислам дека треба да ги следиме нив, не треба да откриеме топла вода, рече министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната седница на Анкетната комисија за случајот си клиниката за онкологија, во македонското ...
Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, беше говорник на панел-дискусијата насловена „Градење на здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици“, во рамките на настанот насловен „Трансформација 28“, во организација на „Црвен крст на РСМ“. На темата за досегашната соработка и за корпоративните модели за општествена ...
Без премиерот Ковачевски, присутните вицепремиери и министри не донеле конечна одлука како да си ги скратат функционерските плати. На денешната владина седница се расправало за предлог за измените на закон за платите и надоместоците на функционерите кои во март со одлука на Уставниот Суд пораснаа за 78 отсто, ни потврди телефонски надлежната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Биле расправани повеќе варијанти како да се ...
„Пукање во Македонија ќе биде, ако не се изгласаат уставните измени. Соочени сме со вистинско предавство на националните и државните интереси до целосно упропастување на Македонија од страна на ВМРО ДПМНЕ. Власта треба да ги употреби уставните и законските механизми, за да го промени Уставот, за да продолжат преговорите за членство во ЕУ, а не да шири оптимизам и натаму и напразно да се надева дека ќе шревладее разумот. Ако ВМРО ДПМНЕ и ...
Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за „Tоплик- Сончев град“, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. – Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-137/22, во јавноста познат како „Tоплик- Сончев град“, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на ...
Три дена по поразот од Украина во квалификациите за Европското првенство, фудбалската репрезентација на Македонија се рехабилитира со убедлива победа над Ерменија од 3:1 на пријателски натпревар во Струмица, кој селекторот Благоја Милевски го почна со осум замени во однос на стартниот состав во Прага. Резултатот го отвори Александар Трајковски во 43. минута со својот 22. гол во 86. настап во националниот дрес, зацврстувајќи се на второто место ...
Министерството за надворешни работи (МНР) ги повикува сите државјани на Република Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот. -Информираме дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачуваме на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и ...
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека конечно ќе се изнајде законско решение за платите кои Уставен суд им ги покачи на функционерите за 78%, ама сепак оваа точка не се најде на дневен ред на владината седница, а ниту вицепрмеиерот не е достапен да ги објасни причините. Како ќе биде уредено прашањето за платите на функционерите и колку тие ќе се намалат, Битиќи детали не откри, но рече дека парите што ќе се заштедат ќе ...
Владата на седница усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила, што е во насока на заштита на животната средина, исполнување на обврските од потпишаниот Климатски договор од Париз за намалување на нето-емисијата на стакленички гасови, ...