Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар за словенечката телевизија N1 потврди дека Словенија ќе го суспендира Шенген и ќе воведе гранична контрола со Хрватска и Унгарија. Тој рече дека за ова веќе ги информирал министрите за внатрешни работи на Унгарија и Хрватска. Според него, Министерството веќе има подготвено известување согласно Шенген-кодексот, кое Владата ќе го одобри и потоа ќе го испрати до Европската комисија. ...

Тона Карева Талеска, правна советничка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, вели дека трошоците за сите предмети кои завршуваат поради апсолутна застареност паѓаат на товар на државата, односно граѓаните. Уште повеќе, обвинетите во предметите може да поднесуваат и тужби за надомест на штета. „Нормално, сите предмети кои завршуваат поради апсолутна застареност, сите трошоци во однос на постапката, ги сноси самата држава… односно на товар на ...

Голем број пропалестински демонстранти одржаа седечки протест во американскиот Капитол во средата, барајќи од САД да поддржат прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Полицијата уапси повеќе демонстранти кои одбија да ја напуштат зградата. Активистите се отцепија од поголемите демонстрации во Националниот трговски центар и седнаа на подот во зградата на Канцеларијата на домот, додека група полицајци гледаше. Извикувајќи „прекин на огнот сега!“, ...

Со вечерниот тренинг на повеќе од 180 фудбалски таленти, новиот дом на младинската школа на најтрофејниот македонски клуб Вардар, „Кирил Симоновски-Џина“, во скопски Аеродром и официјално беше пуштена во употреба. Свеченоста со своето присуство ја збогатија поранешни играчи и легенди на „црвено-црните“, членови на навивачката група „Комити“ со мало пиротехничко шоу, како и најблиските на идните фудбалери на најпопуларниот клуб во Македонија. ...

Утре, од 10:30 часот до 11:00 часот ќе има предупредувачки протест пред сите здравствени установи во земјава. Во знак на револт од наталожените проблеми во здравството, ќе протестираат здравствените работници и административно техничкиот персонал, информираа од Независниот синдикат на здравствените работници. -Воедно ги замолуваме сите возачи на амбулантни возила да нè поддржат со едноминутна звучна сигнализација (од 10:30 часот до 10:31 часот) ...

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска не сакаше да го коментира застарувањето на делото злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Таргет-Тврдина“ со кој од натамошно гонење во случајот се спаси ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, но рече дека ставот на Европската комисија во однос на измените на Кривичниот законик не е сменет. „Мислам дека ставот на ЕК е многу јасен. Нејзиниот став не е сменет. Се разбира, од наша страна ние ...

Блупринт групата, целосно се повлече од Работната група за измените во Кривичниот законик, а предупредуваат дека последиците ќе ги гледаме допрва. „Зошто велам дека допрва ќе ги гледаме правните последици? – Затоа што не се само овие четири-пет предмети што застареа, односно формално завршија, да кажам досега. Туку има има и други предмети кои ќе видиме дека во блиска иднина ќе настапи апсолутна застареност и истите ќе завршат. Тоа има ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е оптимист оти уставните измени ќе се завршат успешно.“ – објави ТВ 21. ТВ 21 пишува: Османи вели дека не може да зборува за формалните и неформалните разговори за обезбедување гласови за уставните измени. Но нагласува дека секој ден се зголемува поддршката на граѓаните за уставните измени.“ „Ова го гледам секој ден кај луѓето на улица, кои велат не оставајте не повторно сами. Формалните и ...

Големиот кинескиот инфраструктурен проект познат како „Појас и пат“ се движи во „добра насока“ и покрај меѓународните тензии и конфликти, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг. Проектот е во „добра насока напред“, рече Си во Пекинг при отворањето на третата конференција „Појас и пат“. Тој додаде дека земјите во развој имаат корист од проектот започнат пред десет години. „Во светот се случуваат историски промени“, посочи тој. Меѓу ...

Пендаровски треба да клекне на колена и да се извини, смета екс вицепремиерот за евроинтеграции и амбасадор Ивица Боцевски. Боцевски во емисијата Заспиј ако можеш го анализира изјавите на Пендаровски од пред неколку години кога го фалеше СЈО и судството за затворските казни за предметот Тенк и изјавата што ја дава сега деканосидните во овој случај се невини. Боцевски потсетува дека Пендаровски знаел дека се осудени невини лица но не досега не ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на безбедносната состојба во земјава по подигнувањето на нивото на безбедност во европските држави изјави дека надлежните ја следат ситуацијата, но дека нема конкретни закани. -Во однос на состојбата во Македонија, тоа е надлежност на домашните служби, постојано сме известени за зголемувањето на сензитивноста без конкретни закани, но исто така сме во постојана координација и ги следиме ...

Дали Македонија ќе оди напред во евроинтегративниот процес зависи исклучиво од самата земја и политичките чинители преку носењето на уставните измени и спроведувањето на неопходните реформи, изјави денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир. Ставот на Гир, кој евроамбасадорот досега неколкупати го има споделено, денеска го повтори откако беше прашан дали е можно да дојде до одвојување на Северна Македонија и ...

Настапите на Ковачевски се само форма без содржина. Сè му е во стилот „јас не сум од овде“ или „купи ден помини“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски, како што велат, треба да знае дека Владата на ДУИ и СДС со измените на Кривичниот законик направи директен упад во правниот систем и правната држава и тој лично е одговорен за тоа што сегашните судски процеси застаруваат. „Правдањето со некакво усогласување со европско законодавство беше ...

Луѓе на вицепремиерот Артан Груби и премиерот Димитар Ковачевски ја водат најнеуспешната државна лотарија на светот покажува анализата на Радиото Слободна Европа на македонски јазик. Македонската државна лотарија е единствената во светот која што и покрај монополската позиција, долга традиција и интерес од јавноста е со негативен биланс што е речиси неверојатно ако се знае дека таа никогаш предходно не била во минус. ,,Државна лотарија се фали ...

„Насловот многумина би го замениле со прашањето: Зошто премиерот ништо не разбира!? Неговиот последен јавен скандал со еден новинар во целава катастрофална ситуација во државава ги исцртува повеќето негови неразбирања! Изнесува квалификации за нешта, коишто целосно не ги разбира. Меѓу другото и за фашизмот, односно за нечие фашистичко однесување, што е навистина скандалозно.“ – вели Златко Теодосиевски, историчар на уметноста и ...

Функционерските плати коишто изминатиот период предизвикаа еден куп реакции во јавноста и беа иницијална каписла за серија протести, сепак ќе се кратат, односно ќе заминат под нож. Премиерот Димитар Ковачевски, седум месеци по стапувањето на сила на одлуката на Уставниот суд со што платите на функционерите рипнаа за 78 проценти, најавува дека за недела – две ќе се изнајде друго поприфатливо решение. Засега нема информации за колку би можеле да ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не верува оти војната меѓу Израел и Хамас ќе ескалира во конфликт од пошироки размери, бидејќи „играчите не се подготвени за понатамошна ескалација“. „Што се однесува до нападот на болницата, тоа е страшна трагедија. Стотици мртви и стотици ранети се катастрофален настан“, рече Путин за време на неговата посета на Пекинг. – Навистина се надевам дека ова е сигнал да се стави крај на овој ...

Годишната инфлација во Еврозоната во септември падна на 4,3 отсто, од 5,2 отсто претходниот месец, објави Евростат, статистичката агенција на Европската унија. Во ЕУ инфлацијата е малку повисока во септември и изнесува 4,9 отсто, што е намалување за еден процентен поен во однос на годишната инфлација во август. Највисока инфлација во ЕУ во септември има Унгарија – 12,2 отсто, потоа Романија со 9,2 отсто и Словачка со девет отсто. Од другата ...

Дури 112.500 евра им должи Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска на советниците во Советот на Град Скопје. Тие пари треба законски да ги добијат како надомест за извршувањето на нивната функција, а дел од нив наплатата ќе ја бараат преку суд, објави ПлусИнфо. Според информациите до кои дојде Плусинфо во разговор со неколку советници, ниту еден од нив нема добиено пари за мај, јуни, јули, август и за септември, во висина од една ...

Ако се изгаси печката, тоа според нас ќе значи крај на фабриката, бидејќи потоа, според нашите информации, ќе треба долго време и многу пари повторно да се стави фабриката во функција“, рече Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација во фабриката. Синдикатот на „Еуроникел Индустри“ најави блокада на фабриката, ако на средба со раководството на компанијата не најдат заедничко решение како да се одржи во производство единствената печка ...

Макстил со инвестиција вредна 9 милиони евра ќе внесе значајни промени за унапредување на производниот процес. Потпишан е договор за набавка и испорака на нова кружна странична ножица за сечење лим. Набавката на новата машина е во вредност од 6,3 милиони евра, додека целата инвестиција се очекува да достигне вредност од 9 милиона евра. Набавката на новата машина, која ќе биде составен дел на погонот Валавница, за Макстил ќе значи оптимизација ...

„Несомнено е дека ќе имаме и голема финансиска помош, ако ги направиме уставните промени и ако ги продолжиме преговорите со ЕУ. Ова е последната шанса за Македонија. Ако продолжат Мицкоски и неговите пратеници со инаетот, во следните еден до два месеца ќе нема веќе надеж за нас.“ – „порачува“ така наречениот „политички аналитичар“ Ацо Лукаровски, кој е, всушност, политички активист на СДСМ, во својата колумна со наслов „Судбината на Македонија ...

Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена атрактивна каматна стапка од 5 отсто. Минималниот износ кој граѓаните ќе можат да го вложат во овој иновативен финансиски инструмент e 10.000 денари. Рокот на достасување е две години и на имателот на обврзницата ќе му донесе вкупен принос од 10 отсто. На првата аукција на граѓанската обврзница граѓаните пројавија два пати поголем интерес ...

Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците, рече дека нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа во која беа сместени стотици ранети лица, но додаде дека „треба да се утврдат сите факти“ за трагедијата. Говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, претседателката рече дека експлозијата, при што загинаа најмалку 200, ја претворила болницата „Ал Ахли“ во Газа во „огнен пекол“, ...

Може ли воениот конфликт помеѓу Израел и Палестина да има импликации врз Македонија и да ја загрози безбедноста на припадниците на еврејската заедница во земјава? На оваа тема Плусинфо разговараше со искусни експерти од сферата на безбедноста и (контра)разузнавањето, кои отворено им порачуваат на припадниците на безбедносните служби да бидат крајно внимателни, бидејќи, како што велат, секогаш постои опасност радикални исламски елементи – ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе допатува во посета на Македонија до крајот на месецот. Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски. Како што рече, интерес да ја посети земјата изразил и францускиот претседател, Емануел Макрон. „Претседателката на Европската комисија до крајот на месецот ќе ја посети Северна Македонија. Претседателот Макрон неколкупати јавно изрази желба и рече дека во некоја од неговите ...

Смрзнувачка во детската болница „Козле“. Пациенти се жалат дека нема греење во собите каде што лежат заедно со своите бебиња. Мајка на три месечно бебе реагира дека ова е нечовечки чин и бара овој проблем да се реши, објави ТВ Алфа. Во изјава за Алфа вели дека во болницата повеќе се разболуваат, отколку што оздравуваат. Рече дека немало парно греење ниту во болничките соби, ниту пак во амбулантите. Дека детската болница „Козле“ има проблем со ...

Во Франција владее паника откако шест аеродроми се евакуирани денеска по добиените електронски пораки со„закани за напад“, изјави полициски извор за локални медиуми. Евакуацијата на аеродромите во Лил, Лион, Нант, Ница, Тулуз и Бове во близина на Париз ќе им овозможи на властите „да ги расчистат сите сомнежи“ дека заканите би можеле да се реални, рече изворот. Шест аеродроми беа погодени од ова предупредување добиено по електронска пошта, ...

Од Демократски сојуз велат дека со измените на Кривичниот законик, со предлог законот за амнестија и со најавената трета амнестија или ставање во сила на одлуката за аболиција на Ѓорге Иванов, ДУИ и СДСМ дефинитивно го урнисале правниот систем во државата и создале предуслови мафијата да владее во Македонија, да трупа капитал и да ги блокира евроинтеграциите. Вакво мафијашко владеење нема ниту во јужноамериканските држави! Многу е опасно што ...

Дали Фондот за здравствено осигурување е обврзан да даде согласност за барањето на одредена клиника за дополнителни средства. На пример дали е задолжителна согласност од ФЗО за случајот на Клиниката за онкологија, го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски поранешниот директор на ФЗО, Орхан Рамадани кој ја вршеше функцијата во период од 2015 – 2020. Прашањето Милошоски го постави на собраниската Анкетна комисија за случајот ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
71%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
77%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.1
72%
1012
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.24
75%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
88%
1011
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
67%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
75%
1011
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52