Американскиот претседател Џо Бајден доцна на 19 октомври ќе има обраќање до нацијата. Се очекува фокусот да биде на Украина и влошената состојба на глобалната безбедност, бидејќи продолжува војната меѓу Израел и Хамас, додека тој се подготвува да побара од Конгресот 100 милијарди долари за помош, од кои речиси две третини наводно, ќе бидат наменети за Киев. Бајден ќе одржи говор во 20 часот ( на полноќ според Средно време по Гринич) во Овалната ...

Секој понеделник наставата во училиштата на територија на општина Гази Баба ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија. „Нашата цел е да создадеме навика кај децата да од најмали нозе имаат почит и љубов кон својата татковина. Химната и знамето на нашата Македонија се нераскинлив дел од нашиот повеќевековен идентитет и тие ја заслужуваат нашата должна почит. На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба ја донесе ...

Македонија има најнизок економски раст и највисок буџетски дефицит во регионот, растот на бруто-домашниот производ значајно се потпира врз извозот, но најголемиот трговски партнер Германија има намалена побарувачка. Ова се главните поенти од извештајот за Македонија на есенскиот економски извештај за Западен Балкан од страна на Светската банка, кои имаат за резултат дека Банката ја намали прогнозата за економски раст на земјава за годинава од ...

Да престане да се вперува прстот во судството, се манипулира со бројки дека судењата траеле седум, осум, девет години, апелираше претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев по изјавите на дел од претставниците на власта дека токму неефикасното судство е причина за застарувањето на голем број на предметите во коишто им се судеше на поранешни високи функционери, меѓу кои и за масовното прислушување, а не измените на Кривичниот законик кои власта ...

Многу реакции во јавноста откако прво министерот за надворешни работи Бујар Османи а потоа и други луѓе од ДУИ изјавија дека живееле само од плата. Огромен број на граѓани не веруваат дека раководството на ДУИ живее од плата откако во јавноста излегоа стотици случаи на корупција во кои се инволвирани луѓе од Мала Речица. Најдобрата анализа за оваа ситуација со доза на иронија ја дава аналитичарот и новинар Ивор Мицковски кој ,,го фаќа жал”, за ...

Најпрвин правеа спектакли и естрадни атракции кога им упаѓаа на луѓето дома, кога со качулки на главите, со лисици на рацете ги изнесуваа ги носеа и потоа од сам старт без да ја почитуваат презумцијата на невиност ги обвинуваа дека се криминалци, дел заслужено, дел незаслужено. Од тие кои едно време беа шарени револуционери и кои што скандираа „Нема правда нема мир“, денеска од тие големи лавови и херои гледате дека не останаа ниту мали мачиња ...

Во трагедијата што се случила во Скопје опасен инсектицид во пита предизвикал смрт за едно лице и кома за други две лица. ,,Една жена почина, а двајца се во кома и во тешка здравствена состојба откако дома јаделе пита со праз кои сами ја подготвиле. Најверојатно се отруле со опасен инсектицид, но не се знае како тој завршил во јадењето, дали преку брашното, празот или некој друг начин. Деталите за овој трагичен случај во вестите на Алфа ги јави ...

Не треба да изостане реакција од Владата за транзитната такса за гасот што ја наметна Бугарија бидејќи новите цени на гасот ќе бидат дестимулативни за компаниите и за граѓаните, што, пак, ќе влијае и на најавената гасификација на земјата, коментираат експертите. Тие сметаат дека најзасегнати со зголемената цена ќе бидат топланите и компанијата „Те-То“, како и компаниите кои го користат гасот во процесот на производство. Граѓаните кои се греат на ...

Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата уште денеска не седне на преговарачка маса со синдикатот кој бара зголемување на платите и враќање на додатоците за плата. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски денеска во изјава за медиумите рече дека штрајкот нема да престане, а доколку работната група од Владата не седне на преговори, ќе стане поригорозен. – Владата треба да биде свесна дека ...

Со новиот американски удар за Ахмети и ДУИ кој доаѓа преку анализа на корупција и криминал на луѓе блиски на лидерите на ДУИ пропаѓа пропагандата на Мала Речица за оваа партија како ,,американски бренд” кој има поддршка од САД. Со истражувањата на Радиото Слободна Европа на македонски јазик за огромните пари кои на сомнителен начин се трошат од управен одбор во кој се луѓе на Ахмети, Груби и Ковачевски од Вашингтон доаѓа порака за СДСМ, ДУИ и ...

Sport Life“ обложувалниците, заедно со „Sportlife Gaming“ автомат клубовите во изминатите месеци, остварија повеќе донации и спонзорства, како дел од стратегијата за општествена одговорност на компанијата. Активно учествуваме во поддршката на спортот и развојот на општеството, особено на иницијативите од локален карактер и хуманитарните акции, бидејќи афирмацијата на спортот е потребна на сите нивоа – велат од Спорт Лајф и додаваат: Ќе ...

Економската политика на Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ ја доведе Македонија до бездната. Тие не чувствуваат никаква патриотска припадност и должност кон државата и континуирано ја носат во бездна и провалија на начинот на кој тие работат. Долгот галопира дојде до 8,3 милијарди евра што претставува практично околу 58 проценти од БДП, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Зелениково. ...

Основното јавно обвинителство донесе одлука за запирање на истрагата за делчевски ниви, притоа констатирајќи дека нема докази за овој предмет, и со тоа во вода падна уште една лага на СДСМ против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. По анализата на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка ...

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп повторно побара од власта да одговори „каде се милијардите дадени за реформи од странските подржувачи?“. Ова Коп го нагласи во контекст на тоа дека Македонија не треба да ја бара одговорноста во ЕУ што се уште не е членка, туку дека треба да тргне од себе за да може да ги исполни критериумите што се бараат. – Сепак сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да ...

Судот во Украина осуди поранешен полицаец на доживотен затвор, а други двајца се осудени на 15 години затвор, јавува Ројтерс. Пресудите се за смртта на десетици луѓе застрелани во 2014 година за време на протестите со кои беше соборен тогашниот проруски претседател. Сите тројца поранешни униформирани лица беа осудени во отсуство од страна на Окружниот суд бидејќи ` беа предадени на Русија во размена на затвореници во 2019 година. Случајот се ...

Онолку за колку што се зголемени платите на функционерите, толку да биде и зголемувањето на платите на вработените во судската администрација. На уште еден протест тие денеска побараа зголемување на платите за 78 отсто. 78% покачувањето беше овозможено откако откако Уставниот суд донесе одлука со која укинуваат два члена од Законот за плата на функционерите – имено на именуваните државни функционери односно министрите и нивните заменици, ...

„Не смеат да се случат измени на македонскиот устав само заради бугарските барања и албанските амбиции за федерализација на Македонија. Отворањето на Уставот за внесување на Бугарите во преамбулата е отворање и на можноста за сите барања, кои сѐ погласно се искажуваат од претставниците на албанскиот политички блок. Тоа се покажа и со воведувањето балансер (врамнотежувач) и Бадентеровото мнозинство како критериум за некаква правична етничка ...

Владата не негира тајни преговори кои носат опасност од урнисување на националната сигурност? Цели 48 часа од објавата на информацијата од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски за преговори кои можат да ја нарушат националната безбедност владата молчи. Своите информации за можниот скандал Николовски ги објави во понеделник вечерта во гостување на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа. Одговарајќи на прашање ...

На продолженото судење за Случајот „Ласкарци, во кој во „сообраќајкка“на автобусот на „Дурммо Турс“ во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење за несреќата во која загинаа, изнесе стручна оценка дека автобусот немал исправни кочници. Прашан дали АБС системот на овој автобус бил исправен на денот на незгодата, тој одговори не, пренесува Независен. ...

Поранешниот министер за правда Никола Тупанчески треба да го пополни амбасадорското столче во Белград, Србија. Нов амбасадор во Израел ќе биде Шпенд Садики од МНР, а во Полска заминува Јасмин Ќахил, исто така од МНР. Пред Комисијата за надворешна политика идната недела вкупно седум кандидати за нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи за дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите. ...

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој работи на проектот со коридорите 8 и 10д за помалку од половина година заработи десет пати повеќе од кинески „Синохидро“, изведувачот на автопатот Кичево – Охрид. Ова го покажува извештајот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за првата половина од 2023, пренесува Фактор. Мк До 1 јули за оваа година за реализација на автопатската делница Кичево – Охрид финансирана од кинеската Ексим Банка ...

По скандалот на Клиниката за Онкологија и измените на Кривичниот закон, германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) констатира дека владината корупција се прикрива зад знамето на ЕУ. Германскиот весник за скандалот на Клиниката за Онкологија во статија пишува дека луѓето во Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. „Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ го откри во две опсежни извештаи во ...

СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 проценти, во споредба со ДПМНЕ, соопштуваат од владеачката партија. Оттаму констатираат дека „во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари“. Во партиското соопштение стои и дека во времето на ДПМНЕ, минималната пензија била 9.000 денари, денес е 13.200 денари. -Со воспоставената методологија ...

Кога во 2016 година Клиниката за Онкологија набавила автоматизиран систем за подготовка на цитостатиците наречен КАТО систем, идејата била да се спречат загубите на дози цитостатици поради кои што клиниката губела пари, а пациентите ризикувале несоодветно дозирање, а со тоа и несоодветно лекување. „Самиот систем не дозволува да ви остане вишок на доза што нема да се искористи. Се се користи до крај. Цело време мониторот ви кажува да ја ...

Ноќеска вo 23.50 часот во полиција било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.АСНОМ со сервисна улица се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил марка БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(29) од Скопје, и автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автомобилот С.М.(33) од Кочани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во ...

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади го потврди ставот на земјата против секој обид за преселување на палестинското население во Јордан. „Нема да дозволиме Израел да ја пренесе кризата во Јордан, доколку има вистински обид да го направи тоа. Палестинците не го сакаат тоа. Јорданците не го сакаат тоа“, изјави тој за Си-Ен-Ен. „Тоа само ќе доведе до нова војна во регионот. Ќе ја прошири областа на конфликт, нема да донесе мир. ...

Здружената албанска опозиција нема да даде поддршка за уставните измени ако не се избришат оние 20% од уставот и да се заменат со албански јазик , вели секретарот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, пренесува ТВ21 „Сметаме дека тие уставни измени не треба да се направат без да се направат уште два конститутивни елементи на овие уставни измени, тоа се отстранување на навредливото име за албанскиот јазик во Уставот на Република Македонија и ...

На 12 септември 2005 година, Израел еднострано се повлече од Појасот Газа, а набрзо на власт дојде Хамас, исламистичко движење кое Израел и многу западни земји го сметаат за терористичка организација. Од 2008 до 2021 година, израелската војска четири пати ја нападна Газа за да ги спречи нападите на Хамас врз Израел и ја уништи инфраструктурата што се користеше за тие напади и ги уби лидерите на Хамас. Херзи Халеви, началникот на Генералштабот ...

Извесен Конор Като кој бил фатен дека наместо 90 км/ч возел околу 145 км/ч, добил казна од која се шокирал. Тој на дом,ашна адреса добил известување за казната што не го изненадило, но за малку ќе паднал кога ја видел висината на казната – еден милион и 480.000 долари. Со оглед на огромната сума, се обратил до надлежниот суд но оттаму ладно му рекоа да ја плати казната или да се појави на рочиштето. На крајот, сепакј се испоставило дека во ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека не е за фалење кога политичари велат дека не им била важна платата. Според него тоа е исто како да кажуваат „не живеам од плата“. „Јас живеам само од оваа плата и ми е важно“, рече министерот на вчерашната пресконферецнија на која стана збор за корекција на платите на функционерите и за антикризните мерки со кои ќе се пренасочат средства за ранливите групи граѓан. „Во овој случај разбирам ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
1.57
71%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
66%
1012
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
0.45
74%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
62%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
69%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 11ᴼ
4.63
48%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52