
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Вчера во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го привеле С.Б.(19) од Скопје и, во присуство на родител, извршиле службен разговор со малолетник од Скопје поради насилство во Чаир. „Тие се сомничат дека на 18.10.2023 околу 15.00 часот пред средно училиште на подрачјето на Чаир физички нападнале друг малолетник од Скопје, при што С.Б. со остар предмет му нанел повреди“, објави МВР. С.Б. бил задржан во ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување на „Трилинг“изјави дека „најдобро е Груевски да се врати, а ако се врати ќе заврши во затвор. Нема начин Никола Груевски да се врати, а да избегне одговорност“. За враќањето на Груевски, министерот вели дека со неговото евентуално враќање во Македонија тој ќе биде ставен зад решетки. „Никола Груевски ќе биде уапсен ако дојде во с. Македонија. За него нема само еден ...
Tранспортот на хуманитарна помош за Газа е започнат и граничниот премин Рафах е отворен, пренесува Der Standart. „Хуманитарниот конвој кој треба да пристигне денеска вклучува дваесет камиони со лекови, медицински материјали и ограничена количина конзервирана храна“, се вели во денешното соопштение на канцеларијата за медиуми на владејачката терористичка организација Хамас во Појасот Газа. Извор од американската амбасада во Израел изјави за ...
Претседателот Стево Пендаровски ги прогласи премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќ и министерот за надворешни работи Османи за неинформирани нереални политичари. Индиректната оценката на Пендаровски се однеува на надежта на овие тројца и на други членови на владата дека ќе дојде до уставни измени на краток рок. „Не можат од небо да паднат 8 пратеници“ – вели Пендаровски кој е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ нема да попушти за уставните измени ...
Опозициската партија потсетува дека премиерот Димитар Ковачевски ветуваше просечен годишен раст на БДП од 5%, а годинава според извештајот на Светска Банка ќе завршиме со најнизок економски раст во регионот со само 1,8%. Ковачевски и СДС зборуваа за инфлација од 5,6% инфлација, а Светска Банка прогнозира двојно повисока. Очигледно дека извештајот на Светска Банка е најдобриот демант за сите лаги кои ги пушта владата на ДУИ и СДС. ПОразителен е ...
ЕСМ дистибуција на топлина не може да влезе во објектот каде се наоѓаат сите цевки и пумпи кои се клучни за снабдување со парно греење на граѓаните на Водно, бидејќи државата минатата година го продала земјиштето на фирма поврзана со контроверзниот бизнисмен, Ангел Кастиљо. Радијаторите останаа студени во многу домови и во други објекти, меѓу кои и во основното училиште „Кочо Рацин“. Екипите на ЕСМ не можат да влезат и да направат подготовки ...
Предлогот за интерпелација на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата ќе се најде на собраниска седница на 2 ноември. Интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на 14 септември, ја поднесоа група пратеници од албанскиот опозициски блок во Собранието, а се однесува на судскиот предмет за пожарот во тетовската модуларна болница во кој на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица. ...
Шведската еко-активистка Грета Тунберг се влета во уште еден скандал, овојпат поврзан не со екологијата, туку со војната во Израел, пренесува Politico. Израелската војска во петокот ја критикуваше Тунберг откако испрати порака за поддршка на Палестинците во кој се вели дека „геноцид“ се случува во Газа. Тунберг рече дека „светот мора да проговори и да повика на итен прекин на огнот, правда и слобода за Палестинците и за сите погодени цивили“. ...
По 16 години, застаре преметот „Змиско око“ од 2007 година, во кој 46 вработени во „Македонија пат“ беа обвинети за злуопотреба на положбата и за злосторничко здружување. Тие беа обвинети дека на патарините не издавале фискални сметки , а парите ги ставале в џеб, па си ги делеле, и на тој начин заработиле неколку милиони евра. Триесет и осум обвинети најавуваат дека ќе ја тужат државата и ќе бараат максимум отштета. Спектакуларното апсење на ...
Белгискиот министер за правда, Винсент ван Квикенборн, вчера изјави дека одлучил да се повлече по притисокот околу начинот на кој Белгија постапи во случајот со напаѓачот од Тунис, кој уби две лица во Брисел оваа недела. Ван Квикенборн рече дека истрагата за 45-годишниот Тунижанец кој застрела двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел во понеделникот вечерта откри дека барањето на Тунис да го екстрадира од Белгија во август 2022 година било ...
„Во Основниот суд во Струга вчера, на 20 октомври 2023 година се одржа првото судско рочиште, на кое се соочија Рамиз Мерко, градоначалник на општина Струга, и Беким Ќоку, активист, советник на премиерот на Косово Албин Курти и претставник за Македонија на косовската политичка партија Движење Самоопределување (Ветевендосје).“ – објави ТВ Клан Македонија во својата информација со наслов „Мерко го тужи советникот на Курти! – овој му рекол дека е ...
Фудбалерот на годината во светот Карим Бензема се најде на удар на француската влада откако јавно изрази поддршка за Палестинците среде тековното бомбардирање на Газа од страна на Израел. Министерот за внатрешни работи Жерал Дарманин го обвини добитникот на Златната топка дека има врски со Муслиманското братство. Контроверзноста почна откако 35-годишниот, кој игра за саудискиот клуб Ал-Итихад, напиша на Твитер минатата недела дека „сите наши ...
Белата куќа побара од Конгресот речиси 106 милијарди долари за финансирање на плановите за обезбедување на границите на Украина, Израел и САД. Барањето на претседателот за финансирање дојде неколку дена откако Бајден го посети Израел и вети солидарност. Претставничкиот дом, кој лани го освоија републиканците, е без лидер повеќе од две недели. Некои републикански пратеници се заканија дека целосно ќе ја затворат владата за да стават крај на ...
Палестинската група Хамас денеска соопшти дека ослободила Американка и нејзината ќерка кои биле заложници во Газа по нападот на исламистите врз Израел на 7 октомври. Воениот портпарол на групата во соопштение нагласи дека заложниците се ослободени „врз хуманитарна основа како резултат на посредништвото на Катар“. Некои американски медиуми пренесоа дека жената се вика Џудит Раанан, а нејзината ќерка Натали. Медиуми во Тел Авив цитираат израелски ...
Скопска апелација го укина решението на Кривичен, кој одлучи дека амнестијата не важи за обвинетите организатори на настаните од 27-ми април, пренесе Телма. Ова значи дека судијата кој го води овој судски процес, сега треба повторно да одлучува и да се произнесе. „Апелациониот суд донесе процесно решение, откако процени дека првостепениот суд не посветил доволно внимание, односно не водел постапка за кривично-правен акт на која ќе ги изведе ...
Ако се водите од логиката на Артан Груби и информациите кои тој ги лиферува, стручњакот за игри на среќа и тендери, да оставиме тој да ги толкува, но најодговорно кажувам кворумот не беше направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а власта треба да си ја преземе одговорноста за она што го направи, а не да лиферува такви лажни вести, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Само вистина“ на Канал 5 во врска со измените од Кривичен ...
Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Анкетната комисија не бара кривична туку политичка одговорност и дека при сведочењето пред комисијата двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, додека пак екс министерот ...
Сензационалниот пораз на Италија од Македонија со 1:0 во Палермо во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар минатата година не може да го заборави ни Марио Балотели. „По натпреварот против Македонија кажав дека не сакам да доаѓам повеќе, но тоа беше еден тажен момент. Потоа, кога размислив добро, сфатив дека реално никогаш нема да си ја затворам вратата во Италија“, изјави 33-годишниот напаѓач на турскиот суперлугаш Адана ...
Реален и за жал повеќе од точен е извештајот Светска банка кој ја рангира македонската економија како најлоша во регионот. Ова е реакцијата на економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ кој во изјава за Алфа вели дека Владата мора да прави реални, а не само популистички стратегии за развој на економијата и генерално за домашното стопанство, зашто земјава останува со најнизок раст, најголем дефицит и висока инфлација. Според прогнозите од Светска ...
Најголемиот Македонец меѓу Јапонците, оперскиот пејач Казухиро Котецу, по враќањето од својата омилена земја Македонија, каде што остави силен печат со својот настап на Меѓународниот фестивал на камерна музика „Интерфест“ во Битола, објави фотографија во која носи македонска традиционална носија. „Ден по рециталот, кога сфатив дека сум Македонец“, напиша на социјалните мрежи басот и претседател на Токиската опера, кој ја освои битолската ...
Голема семејна трагедија отвори равенка со многу непознати, откако трочлено семејство од Скопје, сопруг, сопруга и баба, се затруле со отров „метомил“ или попознат како „Ланате“ откако јаделе домашно подготвена пита со праз. Мажот што јадел од зелникот со праз е во стабилна состојба, а жената и натаму е во кома и лежи на Карил, откако почина 47-годишната жена, која ја изгубила битката за живот поради труење со „метомил“ пестицид. Од ...
„Претседателот на Собранието Талат Џафери порача дека е вистинско време сите политички партии, кои во своите програми се залагаат за евроинтеграција, да ја покажат оваа заложба и на дело. Според него, усвојувањето на уставните измени ќе овозможи отворање на преговарачките поглавја, а тоа ќе резултира со забрзано темпо на реформи.“ – објави ТВ Алсат. ТВ Алсат пишува: „Натамошното одложување на пристапувањето би можело да го доведе во прашање ...
Пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија денеска се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ. Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ побараа да престанат нападите во Палестина. Емин Хусрев, претседател на здружението „Копру“ рече дека нападите во последните дванаесет дена во кои се таргетираат цивили, меѓу кои значаен дел жени и деца, „кулминираа со бомбардирањето на баптистичната болница Ал Ахли, акт кој е ...
Македонија во неизвесност откако Бугарија воводе нов данок за увоз и пренос на рускиот гас преку гасоводот Турски тек, на кој остро реагираа Србија и Унгарија, објави РСЕ. Претставници на енергетски институции во земјава велат дека оваа одлука ќе влијае врз цените на гасот во земјава, а дел експерти сметаат тоа нема да се случи поради либерализација на пазарот на природен гас. Државните институции засега не даваат никакви одговори. Македонските ...
Не знам кој го советува премиерот Димитар Ковачевски да води „мачо – игра“, демек тој е тој што одредува дали ќе има или не предвремени избори, тој кажува кога ќе биде датумот, па кажува дека нема да има лидерска средба туку можело работни групи, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој потоа додаде: „Во ред, нека одреди Ковачевски ден кога да се сретнат работните групи, ние сме подготвени да номинираме претставници“. Тој на друго ...
Речиси шест години континуирано сум предмет на клевета од страна на клеветничката СДСМ, навреди од страна на СДСМ и нивните измеќари и полтрони. Се обидуваат да го нарушат мојот углед, мојата чест со тоа што континуирано речиси шест години објавуваат лаги, конструираат случаи и на таков начин мисат дека ќе опстојат повеќе на политичката сцена, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Гази Баба која е во рамки ...
Иако грејната сезона почна до нашата редакција пристигнаа повеќе поплаки дека радијаторите на дел од корисниците и понатаму се ладни. Граѓаните, како што објави Фактор, се жалат на неажурност и потенцираат дека за реакција од надлежните биле приморни да пријавуваат неколку пати, и тоа повеќе жители од една зграда. – Бидејќи од првиот ден кога беше најавено пуштањето на парното немавме греење, веднаш во понеделникот почнав да пријавувам. Тек ...
„Стравот се зголемува како што се приближуваат изборите. Анкетите покажуваат дека владиното мнозинство е загрижено дека ќе биде ‘жртва’ на волјата на народот. Онаа иста волја, со која си поигра и која ја игнорираше кога го менуваше името на државата и влезе во процес на нејзино идентитетско обезличување. Народот веќе не е уплашен. Но, власта е уплашена – престрашена!“ – вели универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна ...
Анализата на РСЕ ги потврди нашите ставови дека државна лотарија ја спинува јавноста, велат од АСОМ. – Истражувањето на Радио Слободна Европа докажа дека дел од тендерите на Државна лотарија ги добиваат компании блиски на владеачката гарнитура, што дополнително ги потврди нашите тврдења дека владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е незаконска и дискриминирачка, а повикот ...
Новиот лидер на грчката левичарска партија Сириза, Стефанос Каселакис, вчера во Њујорк стапи во геј-брак со својот партнер, Тајлер Макбет. Наследникот на Алексис Ципрас во Сириза, кој е првиот геј лидер на политичка партија во Грција, беше изненадувачки избран за шеф на левичарската опозициска партија на крајот на септември. Новодојденецот во политиката и грчката јавна сцена, Каселакис (35), бизнисмен и поранешен трговец на Голдман Сакс, ...