„Половина Македонија беше затрупана од првите снежни врнежи за оваа година, затоа што „Македонија пат“, како 6 години до сега со СДС на власт ни во доцна есен и зима не е спремна за чистење на патиштата од снежни врнежи“ соопшти ВМРО-ДПМНЕ од каде побараа директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, да не се крие, туку да си поднесе оставка.. Десетици граѓани вчера беа заглавени по патиштата, а Стража и Маврово беа целосно непроодни. А, ...

„ДУИ се спротивставува на укинување на техничката Влада како што бара ВМРО-ДПМНЕ. Според потпретседателот на партијата Бујар Османи, македонската опозиција инсистира на тоа, бидејќи е против премиер-Албанец.“ – напиша ТВ Алсат на својата интернет-страница со напоредна објавена фотографија од официјален партиски амбиент-простор на ДУИ, во кој истакнати на централно место се наоѓаат знамињата на Соединетите Американски Држави и Албанија, потоа на ...

„Докажано: Првите пештерски луѓе биле Бугари!“ – овој наслов на „научната статија“ на бугарскиот портал „bradva.bg“, објавен уште на 1 мај 2015 година, го пренесува на својот фејсбук-портал македонскиот новинар-астролог Илија Бошков Крајнички со свој коментар: „Како да не им се верува на Бугарите кога имаат вакви докази?! Се уште во тој стадиум на еволуција!“ Инаку, покрај другото, во таа тогашна „научна статија“ „bradva.bg“ има напишано: ...

„Се чекаат уставните измени, кои, според Европската комисија, нелогично се одолговлекуваат и се блокираат во ситуација кога е кажано дека без тој чекор Македонија нема што да бара во ЕУ. Земи или остави. А каде ќе кршиш глава понатаму – твоја работа. Навистина, каде ќе кршиме глава кога (ако) ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт?! Не знаеме, не ни кажуваат, за да ги добијат полесно изборите.“ – многу „загајлено“ вели Ана Пановска, поранешната одговорна ...

Платите се од големо значење за работниците од Балканот, каде голем дел се борат како да заработат повеќе. Токму оваа тема, или како некој заработува добра плата беше тема на дебата меѓу корисниците на Редит во соседна Србија, објави Фактор. Авторот на објавата дополнително го образложи прашањето – дали сте ангажирани на работа која ви обезбедува задоволителна плата, над 1.000 евра и која е таа работа, но да не е поврзана со програмирање. Еве ...

Измамници со лажни повици за сообраќајни несреќи на нивни блиски повторно во обид да изнудат пари од нивните семејства. До телевизија Телма гледачка попладнево пријави дека на нејзините родители кои се повозрасни лица, им се јавило машко лице со приказна дека таа направила сообраќајна несреќа. Јавувањето било од шестоцифрен фиксен број, со скопски повикувачки префикс, на кој кога ѕвоневме од нашата редакција не можеше да се воспостави телефонски ...

Видеа од кавги и тепачки на „црн петок“ ги преплавија социјалните мрежи. Такви сцени доаѓаат и од Турција. На едно видео може да се забележат жени како се борат околу јакна, а меѓу нив била и една баба. Се туркале, ја повлекле јакната и на крајот едната ја скинала таа што сакала и ја зела со себе. На друго видео кое кружи на социјалните мрежи, жените се караат пред продавница, додека други шокирани гледаат што се случува. Мораше да реагира ...

Наскоро граѓаните пак ќе можат да ја користат евтината дневна тарифа на струјата. Од 1 идниот месец се враќа евтината дневна тарифа. Таа ќе се користи од 13 до 15 часот и е воведена поради повеќемесечното намалување на цената на струјата на берзите. Евтината дневна тарифа е укината на почетокот на 2022 година, кога имаше поскапување на цената на струјата за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа, цената на струјата ќе се зголемеше за ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување денеска (25.11.2023) спасија четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно, поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата. Првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа ...

„Треба да сме фер со луѓето, она што можеме да го ветиме е стабилност и сериозност. На Македонија и требаат стабилни, а не шарлатани и требаат искусни луѓе, а не деца кои не знаат кај се и како со државата. Тоа ние го имаме, имаме тим на луѓе и секако подготвуваме програма која ќе одговара на реалноста во Македонија, една таква поставеност и посветеност со силна битка со криминалот, кревање на економијата и заштита на македонските национални ...

Елиф Елмас го постигна победничкиот гол за Наполи на гостувањето во Бергамо кај Аталанта во 13. коло од италијанската Серија А. Играчот за врска на фудбалската репрезентација на Македонија влезе во игра во 63. минута, а 11 минути до крајот стрелаше прецизно во долниот лев агол. Претходно, Хвича Кварацxелија го доведе во водство шампионот од Неапол во 44. минута, а израмни Адемола Лукман во 53. минута. Вториот првенствен гол на Елмас сезонава по ...

Во Македонија треба да научиме дека обединувањето на добрите страни во општеството е тоа што може да направи иднина во земјата, изјави сопственикот на Феро Инвест и Брако, Кочо Анѓушев, на настанот по повод одбележувањето на 20 годишниот јубилеј на компаниите. Анѓушев пред присутните предложи најголемите македонски компании да се обединат и да формираат акционерско друштво кое ќе инвестира во изградба на голем батериски систем од 200 мегават ...

Доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито е виновен што актуелниот шеф на НАТО Јенс Столтенберг дел од детството го минал во луксузна вила на легендарниот српски премиер Никола Пашиќ. Овие историски факти во контекст на изјавата на Столтенберг за првиот сладолед и полнети пиперки во подкастот ,,30 секунди” ги открива потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски. Дел од изјавата на Николовски на овој линк Целата емисија Николовски ...

Според информациите од АМСМ повеќе патни правци во државава се затворени за сообраќај поради снегот. Службите информираат дека од 17:20 часот патниот правец Струга- ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила. Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила, а исто и на патниот правец Превој-Буково, и обратно. Патниот правец Гостивар-Стража пак од ...

Перо Јаневски, скромен и срдечен жител на Општина Аеродром, инаку пасиониран риболовец му прати порака на Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК… : „ТРЕБА ДА СНИМИТЕ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ СО НАС СПАСЕНИТЕ, БЛАГОДАРНОСТ ОД 112. – Инфаркт… борба за живот… во првиот можен миг се јавил на 112 во ЦУК… а бил сам далеку во прекрасната дивина на Македонија при обичен ден за рекреација, на риболов на Езеро Козјак, уживајќи како пасиониран риболовец во успешниот ...

Ах, тој пуст ПР, оѓин да го изгоре. Ова е краткиот статус на денот кој го објавува аналитичарот и новинар Ивор Мицковски кој коментира фотографија на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од посета на Битола. На фотографијата Спасовски слуша рапорт од полицаец додека стои на улица која речиси се распаѓа а тој е на чекор од локва со вода. ,,Со посебно задоволство денеска, со моите колеги од различни ресори во Владата, сме на посета во ...

Вистински хаос се случува денеска на планинскиот превој Стража каде колони возила се заглавени поради снегот, објави Курир. ЦУЈ информираше дека сообраќајот на превојот „Стража“ е во прекин излизгана цистерна за превоз на нафта кај „Тајмишка Раскрсница“. На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа како колони возила се заглавени на планинскиот превој Стража. Граѓаните коментираат дека снегот повторно ги изненадил надлежните. Забрана ...

Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило „рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето – потврдуваат од МВР. Сите вработени биле евакуирани од споредните влезови на трговскиот центар, а исто така Молот го напуштиле и купувачите по појавата чад и ...

Пензионери вчера на плоштадот во Свети Николе ги донесоа старите чевли со што испратија порака дека со ниските пензии не можат да си дозволат да си купат ниту еден пар нови чевли, објави „Плусинфо“. Трајче Станојков член на Иницијативниот одбор за протест на пензионерите во Свети Николе вели дека не отстапуваат од барањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. „…се собравме да го изразиме нашето незадоволство оти веќе четири ...

Црногорскиот бизнисмен Мирослав Дака Давидовиќ му се заканувал на потпретседателот на Александар Николовски за случајот поради кој контроверзниот сопственик на тетовската фирма Шик Јелак стана дел од американската црна листа. Николовски раскажува како Дака дошол на цената листа на американското министерство за финансии и како дошле заканите од црногорецот кој платил 300 илјади евра за контакт со Драги Рашковски и екс премиерот Заев за два ...

Министерот Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека се преговара со Бугарија и Грција да дозволат прелет на авионот со кој би допатувала руската делегација предводена од министерот Сергеј Лавров на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржина крајот на месецот во Скопје. „Се преговара со Бугарија и Грција. Ако ние донесеме одлука, не гледам зошто да не прифатат, зошто одлуката на ЕУ е јасна, вели со исклучок на настани поврзани ...

„Улогата на техничкиот премиер-Албанец е формално-техничка и без посебна политичка тежина, а можеби само исполнува политичко-национален фолклор на таканареченото ‘албанско создавање политики’. Ќе мора и техничкиот премиер-Албанец да ‘плива’ во државната политика, која е унитаристичка и која дише во духот на македонскиот народ, а не во духот на * Македонија како држава на повеќе етнички заедници. Неколкумесечното албанско раководење со Владата ќе ...

Нема простор за промена на моделот на пржинска влада на овие избори, преблиску сме за да ги смениме правилата на игра во последен момент, рече денеска министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи. Според него, за овие избори не може да има промени на моделот, а многу е важно и на претстојната лидерска средба во декември да се постигне консензус, дали изборите ќе се одржуваат споено или одвоено, пренесе МИА. Како што ...

Рејтингот на СДС, Ковачевски и Пендаровски во пакет е како вицот своевремено за модел на Нокиа, секој месец се помал и помал. Граѓаните ја изгубија довербата во оваа владина гарнитура, затоа што ветуваа правда, а донесоа неправда, затоа што ветуваа борба против криминал и корупција, а всушност тие го организираат и спроведуваат криминалот во Македонија, ветуваа живот, а донесоа ужас, ветуваа стапки на економски раст од 5-6%, а сега сме на дното ...

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во четвртокот изјави дека е подготвен да ја избрише техничката влада и да го укине правилото за поставување премиер Албанец 100 дена пред изборите, на Фејсбук утрово реагираше поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. „Пржинска влада е најголемата глупост што ѝ се случила на Република Македонија. Авторите на пржинската влада гледам дека се големите демократи и продаваат демократија ...

Повеќе од илјада луѓе се собраа синоќа на протест во Амстердам по големата победа на екстремно десничарската „Партија на слободата“оваа недела, пренесе Ројтерс. На централниот плоштад Дам во Амстердам, луѓето запалија свеќи или запалија светла за мобилни телефони во главно тивок протест, два дена по општите избори на кои Партијата на слободата (ПВВ) на антиисламскиот политичар Герт Вилдерс освои најмногу места. Екстремниот десничар Герт Вилдерс ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за правда Викторија Аврамовска Мадиќ (чиј сопруг е филмски продуцент) се дел од во жестоката војна за контрола на филмските пари во Македонија, објавува Радио Лидер во анализа на пресметката во ресорот филмска уметност. Евидентна борба за преземање на филмскиот сектор се случува деновиве во Македонија. Од една страна се заменик министерката за правда Викторија ...

Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Минималните утрински температури ќе се движат од –3 степени во Mаврово до 9 во Гевгелија, а максималните дневни од 3 во Маврово и 13 Целзиусови степени во Гевгелија. Во Скопје облачно и студено претпладне со врнежи од дожд кои ...

Триесет и девет лица беа ослободени од израелските затвори вчера, согласно договорот меѓу Израел и Хамас, со кој исто така беа ослободени 24 заложници од Газа на почеток на четиридневниот прекин на огнот. Меѓу ослободените се 22 жени, како и две девојчиња. Ослободени се и 15 тинејџери помлади од 18 години – најмладиот има 14 години, пренесе Индекс.хр Многу од затворените Палестинци и не знаат зошто биле затворени. Некои отслужуваат казни за ...

Остри критики од поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини до владејачките партии. Овој пат особено до коалициониот партнер, албанската ДУИ, која веќе дваесет години е на власт. Хајредини во последната објава на Фејсбук посочува дека многу од криминалните активности во земајва се поврзни со нивното работење во власта, но притоа никој од нејзините функционери не е повикан на одговорност. – Придонесот на ДУИ за катастрофалната состојба со ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
3.09
81%
1008

Белград

2ᴼ/0ᴼ
2.06
89%
1009

Софија

7ᴼ/7ᴼ
3.09
73%
1010

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
2.08
63%
1011

Љубљана

6ᴼ/0ᴼ
1.54
86%
998

Атина

12ᴼ/9ᴼ
4.47
79%
1000

Тирана

4ᴼ/4ᴼ
1.03
100%
1008

Подгорица

6ᴼ/2ᴼ
2.57
61%
1009

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

585498 $

Рутениум

24115 $

Калај

34 $

Сребро

910 $

Злато

76574 $

Бакар

8 $

Паладиум

32379 $

Платина

29904 $

Родиум

151607 $

Цинк

90429 $