Хајредини : Ниеден функционер од ДУИ не е повикан на одговорност за криминал и корупција

?????????

Остри критики од поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини до владејачките партии. Овој пат особено до коалициониот партнер, албанската ДУИ, која веќе дваесет години е на власт.
Хајредини во последната објава на Фејсбук посочува дека многу од криминалните активности во земајва се поврзни со нивното работење во власта, но притоа никој од нејзините функционери не е повикан на одговорност.

– Придонесот на ДУИ за катастрофалната состојба со криминал и корупција во земјата, е правопропорционален со времето колку биле и сè уште се на власт, но ниеден нивен функционер до денес не е повикан на одговорност – посочи Хајредини во својата објава на Фејсбук.

?????????