Полицијата синоќа изврши контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица, при што кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода. – Ноќта 16-ти кон 17-ти јуни, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе ...

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне до 7. И во Скопје претпладне ќе биде сончево со слаб северен ветер, а од пладне ќе има развој на нестабилна ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 ...

Малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, кое можеби пред четири години и не беше толку познато за јавноста, од 17 јуни 2018 година стана симбол и асоцијација за Договорот од Преспа, откако токму таму беше потпишан договорот кој многумина го сметаат за историски, но и модел за мирно решавање на споровите, бидејќи стави крај на речиси 30 годишниот спор меѓу две соседни земји, јави дописничката на МИА од Атина. ...

„Ќе го прифатиме францускиот предлог, а после тоа паѓаме и продолжуваме“. Вака бугарскиот премиер Кирил Петков пред министрите од неговата влада ја соопштил одлуката, да се прифати францускиот предлог за да се крене ветото за Македонија, а зад него, како што кажал тој, стојат францускиот претседател Емануел Маркон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Но, денеска во Собранието му се случува преврат – Опозицијата со 125 пратеници го разреши ...

Актерот Езра Милер, кој го глуми Флеш во филмовите на Ди-си Комикс, како да исчезна од лицето на земјата по обвиненијата дека киднапирал тинејџерка и ѝ го перел мозокот. Филмот „Флеш“ беше најавен за 2023, но судбината е веќе неизвесна. Милер неколкупати беше фатен како насилно се пресметува со луѓе, ги напаѓа, а од Ворнер Брос веќе размислуваат да го прекинат неговиот договор и да најдат нов актер да го глуми Бери Ален. Полицијата се уште не ...

Станот во којшто некогаш живееле Џони Деп и Амбер Хард се продава за 1,76 милиони долари, па сега се знае и како изгледа неговата внатрешност. Поранешната двојка живеела тука 15 месеци, а домот се наоѓа во центарот на Лос Анџелес во зградата наречена „Источна Колумбија“. Имотот од 1930 година се простира на површина од 1.780 метри квадратни. Покрај тоа што е украсен со високи тавани, се состои од една спална соба, две бањи и кујна со дневна ...

Јелена Карлеуша требаше да настапи на Тиквешки гроздобер, но очигледно, тоа не им се допадна на кавадарчани. Од самиот момент кога беше најавено нејзиното гостување, па се досега, реакциите беа само негативни. Градоначалникот Јанчев, по тој повод, соопшти дека српската ѕвезда сепак нема да настапи и дека договорот ќе биде откажан. „Овие денови ја објавивме целосната програма за ‘Тиквешкиот гроздобер’ 2022 година. По пауза од две години, сакаме ...

За двајца жители на тетовско Гајре кои вчера нападнале полицајци определени се мерки притвор и психијатриско лекување, информираат од СВР Тетово откако денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднеле кривична пријава против А.М.(40) и Л.М.(39). Со кривичната пријава двајцата биле изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој на А.М. му определил мерка притвор од осум дена, додека на Л.М. мерка за безбедност- ...

ОН истражува наводно испраќање на украински деца во Русија, каде наводно ќе им бидат понудени на посвојување на руски семејства, изјави денеска шефицата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права. Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН, на неговата 50-та седница во Женева, Мишел Башеле рече дека нејзините служби „ги истражуваат наводите за присилна депортација на деца од Украина во Руската Федерација“. Според тие обвинувања, некои ...

Откако Владата ќе добие официјално писмо од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги дека се одземени лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Град Скопје ќе објави јавен оглас на кој доколку не се јави заинтересиран понудувач ќе одлучиме тоа да го прави ЕСМ како што веќе направивме во текот на изминатата грејна сезона. Ова го истакна министерот за економија Крешник ...

Популарната ѕвезда одлучи дека засекогаш ќе расчисти со своето семејство, вклучувајќи ги и сестра ѝ и брат ѝ. Бритни неодамна се венчаше со Сем, а никој од членовите на семејството не беше поканет, бидејќи тие се на нејзиниот список на непожелни личности. Неодамна во тој список го додаде и брат ѝ Брајан. „Не беше поканет на мојата венчавка. Дали навистина мислиш дека сакам да дојде брат ми кој не ми дозволи да се напијам едно виски четири ...

Во својата сторија ММС пишува дека од балкон во Капиштец и тоа на „Рузвелтова“, некој истурил цело тенџере шпагети, а содржината за малку ќе паднела врз минувачи. Оваа појава ја има на повеќе локации низ Скопје, но и други градови. Многу луѓе решаваат дека најсоодветен начин за ослободување од отпад е да го исфрлат преку терасата. Мотивите на станарот на „Рузвелтова“ не се познати, но соседите останале забезекнати од ваквата постапка. Тие ...

Тенисерот е познат по својот брак со Јелена, со која практикуваат што поприроден начин на живот и веганска органска исхрана. Но, тој пред повеќе од 10 години се забавуваше со познатата диџејка Лидија Поповиќ. Таа за него има само добри зборови, иако врската одамна им завршила. „Нашите патишта се разделија и во тоа нема ништо лошо. Секој има своја кариера. Јас со задоволство се сеќавам на тој период. Немам лош збор за него“, рекла Лидија. ...

На 14.06.2022 околу 14.15 часот во СВР Скопоје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес , кај надвозникот што води кон с. Бадар, А.М.(37) од Велес, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката О.Х.А.(39) од Велес, констатирани во компекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила ...

Бугарскиот премиер Кирил Петков вети дека ќе го укине ветото за старт на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ до крајот на француското претседателство за време на негова средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска пред пратениците во бугарското Собрание. – Тоа беше на мојата прва средба со еврокомесарот Оливер Вархеји. На состанокот присуствуваа седум-осум ...

Светската здравствена организација (СЗО) има информации дека од почетокот на годинава, мајмунски сипаници се потврдени кај 1.600 лица, а постојат сомнежи за уште 1.500 случаи во 39 земји, соопшти директорот Тедрос Адханом Гебрејесус. Тој прецизираше дека мајмунските сипаници се присутни со години во седум од тие земји, додека останатите 32 држави се погодени сега. Како што тој информираше, регистрирани се 72 смртни случаја од претходно ...

Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на Ковид-19, неколку дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави бриселскиот портал „Политико“. „Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините“, напиша Трудо преку Твитер. Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во јануари годинава ја прими бустер-дозата, за истиот месец да биде позитивен ...

Печурките обично имаат видлива нечистотија на себе, па секогаш првата помисла е дека тие треба да се измијат… Сепак, готвачите се поделени околу тоа. Во некои готварски училишта, миењето печурки под млаз вода се смета за „грев“. Имено, така наводно, може да впијат вода и да ја изгубат и онаа зеленкаста боја којашто прво „го заситува окото“, но и вкусот. Затоа, младите готвачи честопати учат да користат влажна хартиена крпа и нежно да ја бришат ...

На 15.06.2022 околу 02.30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Бмв” со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни ...

Ким Кардашијан на Мет-галата се појави во легендарниот фустан на Мерилин Монро, кој познатата актерка го порачала за себе, за настапот пред Кенеди. Таа барала фустан кој ќе стане легенда, но ќе биде уникатен и препознатлив само за неа. Овој дизајн е дел од приватната колекција на музејот „Рипли“ и засега никој не знае колку пари платила Ким Кардашијан за да може да го изнајми и носи. Познатата старлета е позната по своите облини, но изјави дека ...

Владата на Република Северна Македонија на денешната 52 седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, соопшти владината прес-служба. Со оваа одлука, која е донесена по претходна консултација со бизнис заедницата и во координација со надлежните институции и која започнува да се применува од утре, за леб ...

На 14.06.2022 полициски службеници од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции -Единица за брзо распоредување и СВР Скопје во координација со надлежен Jавен обвинител од ОЈО Скопје, а во координација со Управата за извршување на санкции, спроведе координирана полициска акција на локација на Скопје. Притоа, извршени се претреси во КПУ Идризово, со цел ...

На Фејсбук повторно се шират лажни наградни игри, во кои се злоупотребуваат брендови или популарни личности, со цел да се натераат граѓаните да се регистрираат на сомнителни линкови и да ги внесуваат личните податоци, вклучително и нивните платежни картички. Проблемот е што, дури и покрај минатите искуства со КАМ (во поштенско сандаче), ДМ-дрогериите, Макпетрол, а сега и Техномаркет, луѓето и понатаму наседнуваат. Објавата на лажната страница на ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека починат маж вчера попладне е пронајден во стан во Кисела Вода. Од МВР велат дека лицето е пронајдено починато во сопствениот стан, а случајот бил пријавен во 18.45 часот. Полицијата утврди дека станува збор за 73-годишниот Г.И. од Скопје. „Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и Јавен обвинител, ...

Во собраниската Комисија за финансирање и Буџет денеска треба да продолжи расправата за ребаланс на Буџетот за 2022 година. Според министерот за финансии Фатмир Бесими, со предлог-ребалансот на Буџетот треба да се одржи макроекономската стабилност, да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, но и да се одржи социјалната сигурност на граѓаните. Тој во своето експозе вчера на собраниската Комисија за финансирање и буџет посочи ...

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер Зоран Заев. – Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за ...

Нов конфликт на балканската естрада. Јелена Карлеуша и Аца Лукас одамна „не се мирисаат“, но овојпат причина за нивниот нов конфликт се пејачките Ана Николиќ и Милица Павловиќ. Имено, Ана снимила демо верзија на песна, која се нашла на албумот на Милица, а Аца смета дека песната требало да остане кај Ана. Тој дури и објавил инсерт од изведбата на Ана кај себе на Инстаграм, што ја налути неговата поранешна другарка Јелена Карлеуша. На тоа, таа ...

Миленикот на неколку генерации, Џастин Бибер, откри дека има Ремзи-Хантов синдром, кој се манифестира со делумна парализа на лицето. Најчесто зафатена е едната половина од лицето. Ремзи-Хант синдромот, е вирусна инфекција на геникулатниот ганглион, фацијалниот нерв, што се јавува кога инфекцијата со херпес зостер влијае на фацијалниот нерв. Канадскиот пејач им објасни на обожавателите во видеоснимката на Јутјуб дека вирусот нападнал нерв во ...

радоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски изутрината беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде во текот на викендот паднал таван од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен. – Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен ...

Скопје

17ᴼ/17ᴼ
1.54
68%
1018

Белград

20ᴼ/19ᴼ
2.06
68%
1015

Софија

14ᴼ/12ᴼ
2.06
82%
1019

Сараево

19ᴼ/19ᴼ
2.44
58%
1018

Љубљана

20ᴼ/15ᴼ
1.03
71%
1004

Атина

19ᴼ/17ᴼ
7.6
63%
1015

Тирана

18ᴼ/18ᴼ
1.03
72%
1017

Подгорица

23ᴼ/19ᴼ
0.51
52%
1017
Currency

61.5443

Currency

57.1309

Currency

71.6878

Currency

37.7121

Currency

41.7883

Currency

63.1277

Currency

8.07825

Currency

0.62373

Currency

0.37325

Currency

0.52561

Currency

1.76582

Currency

0.68518

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

854 $

Злато

74022 $

Бакар

9 $

Паладиум

30452 $

Платина

30736 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $