Дизелот поскапува, а бензините поевтинуваат по полноќ. Првпат горивата се изедначуваат во цените. Дизел горивото по полноќ ќе поскапи за половина денар, додека цената на бензинот ќе се намали за 1,5 денари по литар, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање. Според најавата од Бислимоски, литар дизел – гориво ќе се продава за 110 денари, колку што со намалувањето за ...

Утре ќе се задржи сончево и топло време, а попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. В среда и четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Од петок, пак, според УХМР, ќе преовладува ...

Починатото момче кое се удави во Црна Гора, е 21-годишен тетовец, Енис Халили, откри Клан Македонија. Тој заминал на сезонска работа во туристичкото место Утјеха, помеѓу Улцињ и Бар. Момчето влегло да се искапе во морето, но веројатно го повлекле силни морски струи и се удавил. По два часа, спасувачите успеале да го пронајдат мртвото тело на момчето. Како што соопшти македонското МНР по добиените официјални информации од властите на Црна Гора, ...

Одржана е главна седница на која РКЕ донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност, производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ, информираше денеска претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски. Најави дека РКЕ ќе ја информира Владата, која пак, е должна да организира јавен повик на кој ќе биде избран нов вршител за вршење на производство на топлинска енергија. Бислимовски очекува роковите за избор на нова ...

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по ...

Во текот на вчерашниот ден (19.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1062 возачи. Од нив, 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. ...

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максималните ќе се движат од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе ...

Неодамна во Грузија беше отворен висечки бар, изработен од стакло, во форма на дијамант. Тој се наоѓа на средина на мост над кањонот Дашибаши. Мора да признаеме – ова е идеално само за тие кои не се плашат од височина и кои немаат проблем извесно време да висат во воздух, додека низ проѕирниот под можат да го видат длабокиот кањон. Длабочината е најмалку 280 метри. Инвестицијата за отворање на овој бар е вредна 37 милиони евра и е финансирана ...

На денешната средба на владините коалициски партнери усвоивме и потпишавме Декларација за обезбедување стабилност за граѓаните, домашната економија и бизнис секторот во услови на глобална криза, информира премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на средбата со коалициските партнери во Владата. Тој посочи дека граѓаните се под постојан притисок од неизвесноста која произлегува од растот на цените на енергенсите и на основните производи на ...

ЈП „Улици и патишта“ соопштува дека е санирано оштетувањето на мостот во Драчево. – Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП „Улици и патишта“ интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево, посочуваат од јавното претпријатие. Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“, градежните работи и асфалтирањето биле извршени во најкус можен рок и мостот денеска од 13часот е биде пуштен во ...

На 18.06.2022 во 22.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(41) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија. Во друг случај синоќа на автопатот Гевгелија –Скопје, приведени се Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес. При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое ...

Иако голем дел од златните правила на сончањето веќе ви се добро познати, никогаш не е лошо да ги повторите и уште поважно, да ги применувате на дело. Пред сè, запаметете дека дури ниту најквалитетниот лосион за сончање, со највисок заштитен фактор, не нуди 100% заштита од УВ-зрачењата. Убавото време мами да поминуваме подолг период надвор, изложени на сончевото зрачење. Но, кремите со заштитен фактор не секогаш се доволна заштита од УВ-зраците, ...

Со пораки против хомофобијата, трансфобијата, расизмот, дискриминацијата и нееднаквоста, со пораките „Љубовта е слепа, а не хомофобична“; „Водете љубов, а не војна“; „Човеку, љуби“, илјадници граѓани маршираа на традиционалната парада на гордоста во Атина под слоганот „Безусловно“, за која учесниците и организаторите велат дека беше една од помасовните во изминатите години, јави дописничката на МИА од Атина. Плоштадот Синтагма и улиците во ...

Тело на маж од 46 години било извлечено од Сава во Белград, откако неколку часа претходно било извлечено тело на повозрасна жена. Сите докази укажуваат на тоа дека се работи за мајка и син. Постојат наводи дека е пронајдено и проштално писмо, но српската полиција засега не излегува со детали кои би можеле да ја попречат истрагата. Само неколку часа откако било пронајдено телото на жената, пријавено било дека е пронајдено уште едно тело, закачено ...

Поради официјална посета на премиерката на Република Финска, Сана Марин утре и задутре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи. -Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, соопшти МВР и апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Скопје ќе одржи протест за промени преку кој повторно ќе испорача барање за одржување предвремени парламентарни избори. Протестот е најавен со почеток во 20 часот пред зградата на Владата. Опозициската партија подолг период инсистира на одржување избори, а во Собранието спроведува и активна блокада на активностите. Одлуката за протестот ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти минатиот месец, ...

Предлогот на француското претседателство е чекор во правилна насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото, оценува претседателот на Бугарија Румен Радев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ доставен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, пренесува БГНЕС. Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот ...

Македонија е подготвена, сите услови се подготвени да се почнат пристапни преговори, очекуваме подготвеност и од Република Бугарија да се најде заедничко решение. Сите прашања што ќе се отворат подоцна можат да се решаваат и паралелно, вели во интервју за МИА шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ – Радман. Според него, сега е многу важно сега да се почне со пристапни преговори со цел на државите од Западен Балкан да им се испрати важна ...

Ние немаме формално добиено предлог, треба кај нас да стигне како кандидат откако Унијата ќе усогласи став. Се разбира, јас имам начин како да имам пристап до тој документ, правиме анализа, но, ќе кажеме наш став за сите прашања кога ќе дојде време за тоа, кога ние ќе сметаме дека ќе биде во наш интерес тоа да го направиме, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Одговарајќи на новинарско прашање за прифатливоста на измените во ...

Предлогот на француското претседателство не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ, смета поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. -Клучното прашање е дали преку ваков договор сме поблиску до целта- членство во ЕУ. За мене, нема никакви дилеми. Со ваква рамка, ЕУ е подалеку од денес, кога се уште немаме почнато преговори, вели Димитров во изјава за Дојче Веле, по објавувањето на францускиот предлог за надминување на ...

Во предлог-преговарачката рамка на француското претседателство се ЕУ именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“, без дообјаснувања или фусноти. Предлог на Франција предвидува на 23 јуни годинава Советот за општи работи на ЕУ да ја усвои Преговарачката рамка за Северна Македонија и за истиот ден да закаже политичка меѓувладина конференција. Како што наведува „360 степени“, кој имал ...

Владите на Македонија и Бугарија подолго време не можат да постигнат договор за решавање на билатералните спорови. Често, пракса е да се вклучи трета страна и да даде неутрален предлог, кој парламентите и владите на засегнатите страни можат да го прифатат, одбијат или да го користат како основа за решение. Таков е и т.н. француски предлог, за кој многу се зборува во последно време. Бура реакции предизвика именувањето на македонскиот јазик, но ...

Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ се очекува официјално да биде испратен до бугарската Влада францускиот предлог за отстранување на ветото наметнато од Бугарија на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. И Скопје и Софија од ЕУ бараат гаранции за евентуално решение за остранување на ветото. Скопје бара гаранции дека барањето за влез на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде последното бугарско барање во однос на овој проблем. ...

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 109,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 111,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, Екстра ...

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека Европската унија има одговорност не само кон Украина, туку и кон Западен Балкан, коментирајќи ја вчерашната поддршка на Киев од лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија. – ЕУ не смее да потпадне под геостратешката „тунелска визија“. Ние имаме одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, што се кандидати со години, објасни Шаленберг. ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека сегашните геополитички случувања само ја потврдиле тезата дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан претставува инвестиција во стабилноста и безбедноста, не само на регионот, туку и на Европа. -Западниот Балкан географски, политички и културно е дел од Европа, и затоа нема никакво сомнение дека неговата иднина е како дел од европската и евроатлантската Алијанса. Самата карта ...

Пронајдено безживотно тело во атарот на делчевското село Драмче. Според информации од делчевската полиција се работи за 81-годишник со иницијали Б.А, кој бил пронајден од страна на женско лице кое собирало печурки. -Телото е пронајден од страна на женско лице во шумата кај Новачко Маало во селото Драмче. На местото излегле медицински лица и МВР, кои ја констатирале смртта на починатиот Б.А, се вели во информацијата од полицијата. Настанот се ...

Моделот и блогерка Драгана Спасовска, наводно, е причината за разделбата на Шакира и Пике. Таа живее и работи во Дубаи и во изјава за Фокус потврдила дека е пријателка со Пике, но не можела ништо повеќе да додаде. Драгана е со мешано македонско и бугарско потекло. Подолго време, бугарските медиуми постојано ја бараат на телефон, но таа не смее да коментира ништо во врска со наводите. Веста дека по 11 години врска од која имаат две деца, се ...

По победата на енергичните Калуш Оркестра на Евровизија, едно од главните прашања беше дали ќе може Украина да го организира фестивалот во 2023. Оваа земја претходно беше домаќин на Евросонг во 2005 и 2017, по победите на Руслана и Џамала. Калуш се трети победници од оваа земја. Иако традиционално, победникот е следен домаќин на Евровизија, овојпат, според ЕБУ, не се задоволени безбедносните стандарди за одржување на фестивалот. Од домашниот ...

При патување во Италија, се подразбира дека треба да се проба пица или некои од другите тестенини својствени за италијанската кујна. Меѓу најпознатите во Италија се „Неаполската“ и „Римската пица“. Имено, токму во Неапол во 17. и 18. век била направена првата пица, првично како храна за сиромашните семејства. Во своите почетоци, пицата се состоела од тесто, зачини, маслиново масло и домати, а подоцна почнале да се додава и Моцарела-сирење, ...

Скопје

10ᴼ/10ᴼ
1.56
85%
1017

Белград

13ᴼ/10ᴼ
3.09
90%
1014

Софија

7ᴼ/7ᴼ
1.54
93%
1020

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
0.91
90%
1017

Љубљана

12ᴼ/7ᴼ
1.54
92%
1015

Атина

17ᴼ/14ᴼ
1.79
73%
1010

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
1.54
100%
1015

Подгорица

12ᴼ/10ᴼ
1.54
94%
1016
Currency

61.5987

Currency

57.1762

Currency

71.7446

Currency

37.7477

Currency

41.8214

Currency

63.1777

Currency

8.07825

Currency

0.62373

Currency

0.37325

Currency

0.52555

Currency

1.76582

Currency

0.68517

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

854 $

Злато

74022 $

Бакар

9 $

Паладиум

30452 $

Платина

30736 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $