Еден турист од Македонија е спасен, а по двајца се трага, кои исчезнале во водите на Егејско Море, на плажата Посиди. Плажата е позната по тоа што го менува изгледот поради присуството на морските струи и силните бранови. На плажата „Мити“ пливале туристи, пренесува Екатемерини повикувајќи се на локалните медиуми. Како што јави грчката телевизија „Скај“, исчезнатите го прославувале роденденот на забава на плажа. Тие скокнале во водата и ги ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело „Загрозување на сигурноста“. Лицето, како што информира Jавното обвинителство, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев дека „нема да умре од болест или старост“. Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото ...

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денеска во 14:35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52. Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија. -Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и ...

Поради закажани технички зафати во ситемот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром. Од РЦУК Скопје информираат дека утре од 08.00 до 12.00 часот без струја ќе бидат дел од село Крушопек – дел околу стопанските субјекти во Општина Сарај, од 12.00 до 15.00 часот ул. „2“ во с. Студеничани во Општина Студеничани, од 11.00 до 13.00 часот ул. „Томе Арсовски“ ...

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски по официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ, одржа прес-конференција во Советот на Европската Унија во Брисел. Во продолжение е целосното обраќање на премиерот Ковачевски: ,,Денес, ми припадна огромната чест, да се обратам на мојот мајчин македонски јазик пред 27-те земји членки на Европската Унија на Mеѓувладината конференција со која ги ...

Институтот за јавно здравје во изминатите три дена евидентираше нови 899 случаи на Ковид 19 од направени 2.466 тестови, но нема пријавено починати лица. Дополнителни ковид-мерки нема. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Од вкупно 2.719 активни случаи, најголем број се во Скопје – 1390, а во ...

Од присутните 68 пратеници во собраниската сала, во моментот кога информацијата за францускиот предлог беше ставена на гласање, а откако се исцрпи листата на дискутанти, гласаа сите 68 пратеници. Претходно, салата ја напуштија пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како и пратениците од Левица. Инаку, заклучоците кои се усвоени денеска добија извесни промени во текстот. Со тоа, Собранието на Македонија ги прифати предлог-заклучоците кои по ...

Почитувани Македонци, внимателно ја слушав загриженоста во однос на македонскиот јазик и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик без квалификација од ЕУ, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање денеска пред пратениците во Собранието, во рамки на 80-тата пленарна седница. Предлогот, нагласи Фон ...

Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и денеска, шести ден. Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население. – Нашите претставништва остануваат во постојан контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатото момче, и секоја нова информација ...

Од вкупно 1 153 тестирања од вчерашната ковид статистика, регистрирани се 411 лица позитивни на коронавирусот, односно 35 проценти од тестираните се позитивни. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од вкупниот број позитивни лица, 88 се реинфекции, а нема починати лица. Оздравени се 210 пациенти. Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со вирусот во земјава. Засега остануваат да ...

Пред пратениците во Собранието утре ќе се најде францускиот предлог, а седницата беше закажана откако Владата до Парламентот испрати дел од документите поврзани со предлогот. Претседателот на Собранието Талат Џафери за истиот ден, половина час пред почетокот на оваа седница, закажа уште една на која обраќање ќе има претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Седницата на која пратениците треба да расправаат за Информација за ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Парламентот на Финска денеска изгласа Закон за готовност, со што се овозможува поставување на бариери на границата со Русија. Законот е усвоен со големо мнозинство и веднаш стапува во сила. Поставувањето на бариери на границата со Русија се толкува како мерка на претпазливост поради можна руска одмазда по одлуката на Финска да стане членка на НАТО. Законот ќе има последици и за барателите на азил во Финска, бидејќи ќе и дозволи на Владата да ...

Зошто кај дел од субвенциите резултатите воопшто не се видливи, односно субвенционираме нешто за што немаме производство и дали е потребна реогранизација на моделот. Ова се двете клучни прашања на кои, како што рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговори ќе треба да даде Агро советот. Агро советот денеска ја одржа конститутивната седница, а неговата улога е преку широка, конструктивна дебата да ...

Претседателот Стево Пендаровски упати апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, најостро го осудува носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на ...

Основното јавно обвинителство Струмица отвори истрага против три лица, двајца мажи и една жена кои се сомничат дека како соизвршители го сториле убиството што се случи завчера во Струмица во Турското маало на улица „Бетовенова“. Според соопштението од ЈО во попладневните часови на 5 јули, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, по настаната вербална расправија, тројцата осомничени лишиле од живот едно лице и со умисла го довеле во опасност животот ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие. – Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата. Мицкоски вечерва учествува на протесниот марш што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон ...

Владата вчера почна широки консултации за францускиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на земјава, најпрво со коалициските партнери. Веднаш по средбата со лидерите на партиите од владината коалиција, Францускиот предлог беше објавен и на веб-сајтот на Владата. Според власта овој предлог е солидна основа за градење став и во него се инкорпорирани сите наши барања и забелешки. Спротивно на тоа, опозицијата смета дека предлогот ги содржи ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор. Пред Собранието ќе бидат поставени 14 столчиња, а протестот ќе почне во 13:30 часот и во тој временски период сообраќајот ќе биде ...

На 26.06.2022 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско, и мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала К.В.(40) од ...

Во четврток на 30 јуни во Собранието на Република Северна Македонија се очекува да се одржи пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Парламентот Талат Џафери поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Џафери на денешното пленарно заседание потврди дека оваа пленарна седница ќе се одржи во четврток. Парламентот неделава има интензивна агенда во рамки на која ќе се одржат неколку седници почнувајќи од денеска. Утре се одржува средба на ...

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за еден денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 109 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 111,50, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109 и на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107 делари за литар. За 0,986 денари поевтинува и мазутот, и ...

Нашиот мозок има природна способност да им суди на другите, без притоа да ги запознае какви луѓе се и што ги прави различни и интересни. Првичните судови ги поставуваме уште при ракување и при перципирање на говорот на телото. Често, имаме целосно мислење за некого, базирано само врз лесно воочливите однесувања. Всушност, кога формираме мислење, често повеќе влијаат некои ситни детали поради кои носиме заклучок и не ја гледаме поголемата слика. ...

Со шатори и транспаренти, ССМ излезе на најавениот протест на влезот односно излезот на Скопје, кај Автокоманда. Ова следува откако нивните барања не беа исполнети за покачување на платите и усогласување за 2806 денари. „Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2806 ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Како што соопштија од УХМР, попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. УВ индексот ќе достигне 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе ...

Париското обвинителство денеска соопшти дека е отворена истрага во врска со наводите за силување против француската министерка за развој и меѓународни партнерства, Крисула Захаропулу и посочи дека случајот се однесува на периодот кога таа работела како гинеколог. Првата пријава за силување била поднесена на 25 мај, по што била покрената истрага на 27 мај, а втората пријава била поднесена на 16 јуни. Захаропулу работела како гинеколог пред да се ...

Британските здравствени власти ќе почнат да нудат вакцини против мајмунски сипаници за геј мажите и бисексуалците, бидејќи тие се изложени на најголем ризик да се заразат со таа болест. – Лекарите може да размислат да вакцинираат некои мажи кои се изложени на најголем ризик од инфекција, се наведува во соопштението на Британската агенција за здравствена безбедност. Агенцијата идентификувала дека промискуитетните хомосексуалци се во најголем ...

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше веднаш откако бугарското Министерство за надворешни работи побара од премиерот Еди Рама да зборува на соодветен јазик на политичар на земја кандидат за членство во ЕУ. „Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на ...

Ми се допаѓа францускиот предлог и мислам дека не може да има друг таков предлог, изјави денеска во Брисел бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков. Тој нагласи дека ќе остане доследен на дадениот збор и на што „му го ветил на бугарскиот народ“ дека Народното собрание мора да се произнесе по предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија. – Се надевам дека во наредните денови Народното ...

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот, објави денеска на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи. – И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда), како прашања за кои не може да се постигне согласност ...

Коњановски-

1 минута - Апла

Скопје

13ᴼ/13ᴼ
2.06
72%
1007

Белград

11ᴼ/10ᴼ
2.57
63%
1008

Софија

11ᴼ/10ᴼ
2.57
81%
1009

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
6.76
66%
1007

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
2.06
86%
1000

Атина

23ᴼ/21ᴼ
5.14
54%
1004

Тирана

14ᴼ/14ᴼ
2.06
63%
1008

Подгорица

16ᴼ/15ᴼ
2.57
55%
1007
Currency

61.5521

Currency

57.5361

Currency

71.7049

Currency

37.3818

Currency

41.9844

Currency

62.88

Currency

7.94039

Currency

0.6176

Currency

0.37038

Currency

0.52508

Currency

1.76733

Currency

0.69045

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

610450 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

870 $

Злато

74392 $

Бакар

8 $

Паладиум

31935 $

Платина

28923 $

Родиум

152411 $

Цинк

89903 $