Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар. За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари. Се зголемува цената и на ...

СВР Тетово расчисти две кражби на златен накит расчисти извршени во април годинава во Тетово и тетовско Желино и поради основи на сомнение дека ги извршила кривичните дела до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишната Х.А. од тетовска Палатица. Х.А. се сомничи дека во куќа во Желино и стан во Тетово, каде била работно ангажирана, од нивните сопственици противправно одзела златен накит, кој го продала во ...

Уште двајца министри во бугарската Влада денеска ќе поднесат оставки. Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот. Тоа е резултат на одлуката на бугарската партија „Има таков народ“ да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот. Според лидерот на таа партија има две причини за тоа – двојната политика на премиерот Кирил Петков кон Северна ...

Наоми Кемпбел била многу возбудена кога пристигнала во Бугарија и требало да замине во снимање во Софија. Но, на самиот аеродром од неа било побарано да се тргне настрана и да биде целосно претресена. Ова се случило пред речиси цел месец, но Наоми била толку вознемирена, што досега не прозборела за ова искуство. Таа смета дека луѓето кои работеле на аеродромот биле расисти и дека била избрана за претрес само поради бојата на кожата. Сепак, ова ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден при акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, 30 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола. Од Министерството посочуваат дека изречени се и 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за ...

Ако сте оделе на курс по англиски или кој и да е друг јазик, сигурно сте научиле дека за разлика од бројчаните оценки од 1 до 5, или пак од 6 до 10 на факултет (5 во студирањето е паднат испит), се користат ознаките од абецедата A, B, C, D и F, со тоа што A е еквивалентно на 5, B на 4 и така натаму… Забележувате дека меѓу D и F недостига буквата Е. Всушност, Е се користела како најниска оценка, еквивалентна на 1, но системот морало да биде ...

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ вчера ги лишиле од слобода Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово поради криумчарење на мигранти. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед во возилото „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сирија. Дополнуваат дека мигрантите биле предадени во ...

Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15 899 кандидати, 14 320 се пријавиле за англиски јазик. Математика ќе полагаат 1231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика. Првиот испит – Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е ...

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна ...

Брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа во селото Гиновце, општина Ранковце. Според информациите од портпаролот на СВР Куманово Ивана Младеновска, сторителот бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако во Министерството за внатрешни работи била примена дојава. -Во текот на вчерашниот ден, во 15:15 часот во село Гиновце, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесетгодишниот Ф.А. од селото ...

Финска планира да изгради нови посилни огради на некои делови од границата со Русија, во очекување на „хибридни напади“ од Русија по кандидатурата на земјата за членство во НАТО. Плашејќи се дека Москва би можела да ги искористи мигрантите за политички притисок, Хелсинки вчера поднесе предлог-закон за зајакнување на оградите на некои делови од 1.300-километарската граница со Русија. Се очекува проектот да се реализира во најкраток можен рок. ...

Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија, изјави градоначалникот Вадим Бојченко и предупреди дека илјадници луѓе би можеле да заболат од колера и други смртоносни болести додека има тела на улица, а летото носи потопло време. Бојченко тврди дека бунарите се загадени со телата на загинатите за време на неколкунеделното руско бомбардирање и опсада и оти руските сили бавно ги собираат телата. – Има епидемија на дизентерија и колера, ...

Местото каде паѓаа лимови од покрив на зграда во Општина Центар на улица „Македонија“ се уште претставува потенцијална опасна површина за движење, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК) во врска со најавеното локално невреме во Скопско. Од ЦУК посочуваат дека станува збор за покривот на зградата на „Технометал Вардар“ спроти Спомен куќата на Мајка Тераза во самиот Центар на Скопје и упатуваат апел го граѓаните за внимателно ...

Два дена откако судот пресуди конфискација на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ но и на триесетина други штабови, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски излезе на прес конференција, на која најави дека доколку Апелациониот суд пресуди во полза на обвинителството, правдата за Талир 2 ќе се бара во судот во Стразбур. Мицкоски вели дека пресудата не била правна туку политичка, објави и десет правни факти, со кои претставник на партијата ќе настапи ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со лидерите на државите и владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСИЈЕ) денеска во Солун, учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На самитот со премиерот Ковачевски присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни ...

Пејачката Бритни Спирс вчера се омажи за Сем Асгари. Тие се во врска веќе подолго време. На венчавката биле поканети гости кои се најблиски пријатели на парот. Сепак, нивната венчавка не поминала без драма. Поранешниот сопруг на Бритни, Џејсон Александар, насилно се обидел да влезе – непоканет на церемонијата. Затоа морало да интервенира обезбедувањето на пејачката. Потсетуваме, тие се венчаа една пијана ноќ во Лас Вегас, но го поништија бракот ...

Бритни Спирс, иако одамна е возрасна жена, со години беше под старателство на своите татко и помлада сестра. Многумина сметаа дека се работи за заложништво и дека пејачката е „заробена“, без никакво право да го користи стекнатото богатство од кариерата. Сепак, Бритни е сега слободна да прави што сака, а ни покажа дека умее добро да се забавува и тоа на својата венчавка со новото момче Сем, во Лос Анџелес. На церемонијата присуствуваа и Мадона, ...

Одвреме-навреме на сите ни е потребна детоксикација на организмот, а најдобар сојузник во тоа ни е водата. Секако, можете да користите и овошја и зеленчуци кои содржат во себе многу вода. Најдобар пример за тоа е краставицата. Овој рецепт можеби и веќе ви е познат. Во 2 литра вода се додава една исецкана краставица. Измијте ја добро, бидејќи треба да ја оставите и лушпата. Додајте неколку свежи јагоди, неколку парчиња лимон и листови нане. ...

Многумина ќе се согласат дека полувремето на Супербол од 2020, кога настапија Џенифер Лопез и Шакира е легендарно и едно од најдобрите во историјата на НФЛ. Сепак, Џеј Ло не била задоволна од фактот дека ќе треба да ја дели сцената со Шакира. Таа била навредена бидејќи не добила простор самата да го реализира шоуто. Во својот нов документарец, Џенифер ја нарече идејата „најлоша на светот“. Даа била бесна на НФЛ, бидејќи секое шоу трае околу 12 ...

Најголеми штети од невремето што вчера попладне го зафати неготинско, според првичните податоци од терен, има во месностите ,,Калдрма”, ,,Скрка”, ,,Бутче”, ,,Црно поле”. Ова го изјави денеска за МИА, градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. – Земјоделците секогаш ја имаат поддршката од Општината, така е и овојпат. Почитувајќи ги законските одредби, ќе го направиме тоа што е во нашите надлежности. Ќе се излезе во увид на лице место, со цел да ...

Фотографиите од младиот наследник на тронот го обиколија светот, а особено неговите моменти на непослушност. Војвотката Кејт неколкупати се обиде да излезе на крај со малиот принц Луи, а се обиде да го смири и неговиот вујко Мајк. Мајк е всушност сопруг на внуката на кралицата, Зара, која пак е ќерка на принцезата Ен. Во својот подкаст, чичко Мајк откри дека децата, меѓу кои и неговата ќерка Миа, всушност изеле премногу слатки пред церемонијата, ...

На 09.06.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци. Имено, на 08.06.2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша указ за воведување санкции против поединци, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин. Имено, во указот се наведени лицата против кои се воведуваат санкции, а на прв е рускиот претседател. На списокот се и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, рускиот премиер Михаил Мишустин, рускиот ...

Вселенскиот патријарх г. Вартоломеј вчера на нашиот архиепископ г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква. – Денеска, браќа мои, кога наскоро ќе се исполни великиот ден на Педесетница, стаса и многукопнежниот час на решение за ...

Забрзан економски раст, заштита на животната средина на ниво на европскиот просек и редефинирана енергетска политика, забрзување на дигиталната трансформација и промовирање на дигитална економија и образованието, младите и инклузивниот развој, се четирите приоритети на Рамката за развој МКД 2030 којашто денеска беше промовирана од претседателот Стево Пендаровски. – За да постои реална шанса за подобра иднина, од пресудна важност е клучните ...

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2022 година е 2,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2022, пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 11.2 %, Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од ...

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска пред БТВ изјави дека во текот на денот до Собранието ќе ја депонира оставката откако дознала дека премиерот Кирил Петков водел паралелни преговори за тоа како да падне ветото за Македонија. На овие средби како што вели таа Петков со европски лидери разговарал како да се заобиколи бугарското вето за Република Северна Македонија. „Министерството за надворешни работи е совршена ...

Метална шипка паднала врз дете од Куманово додека се возелo на рингишпил во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција”, соопшти денеска СВР Kуманово. Настанот во полицијата го пријавил таткото на детето, завчера околу 22.30 часот. – Б.Д.(49) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција“, додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила, соопшти СВР Куманово. ...

Македонскиот ракометар Кирил Лазаров вчеравечер го одигра претпоследниот натпревар во својата кариера на клупски план, последен пред домашната публика во Нант. Вицешампионот на Франција со победа испрати пет ракометари и тренерот Ентрериос, по што беше организирана прославата. Нант уште во претходното коло го обезбеди второто место па победата над Тулуз 32:18 нема големо значење. Лазаров во вториот постигна три гола (два со спекталарни цепелина) ...

На грчките острови Санторини, Миконос и Милос речиси пет од десет тестирани за Ковид-19 се позитивни, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) за стапката на позитивност во периодот од 30 мај до 5 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, највисока е стапката на Санторини, 23,4 отсто позитивни од направените тестови, на Миконос е 22,91 процент, на Милос 19,26 отсто, а ...

Скопје

12ᴼ/12ᴼ
4.12
82%
1016

Белград

14ᴼ/12ᴼ
3.09
91%
1014

Софија

10ᴼ/10ᴼ
1.54
89%
1018

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
1.33
88%
1017

Љубљана

13ᴼ/9ᴼ
0.51
90%
1015

Атина

17ᴼ/13ᴼ
4.12
73%
1010

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
3.09
94%
1015

Подгорица

16ᴼ/12ᴼ
0.51
88%
1015
Currency

61.5987

Currency

57.1762

Currency

71.7446

Currency

37.7477

Currency

41.8214

Currency

63.1777

Currency

8.07825

Currency

0.62373

Currency

0.37325

Currency

0.52555

Currency

1.76582

Currency

0.68517

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

854 $

Злато

74022 $

Бакар

9 $

Паладиум

30452 $

Платина

30736 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $