Времето ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ=7 Во Скопје, прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови ...

Претпријатијата од Северна Македонија, Србија и Албанија кои ги управуваат патарините работат на поврзување на системите за електронска наплата на патарините, најави на денешната прес-конференција на Самитот Отворен Балкан во Охрид, премиерот Димитар Ковачевски. Тоа значи, како што рече, дека граѓанин од Србија со таг за електронска наплата со своето возило ќе може без застанување да помине и на македонска и на албанска патарина. Системот ќе го ...

Флавио Бријаторе важи за еден од најголемите италијански заводкици, иако во моментов има 72 години. За него се шпекулира дека се гледа со манекенката Марија Лудовика Кампања, која е 46 години помлада од Бријаторе. Досега тој бил во врска со Наоми Кемпбел, но не се венчаа, како и со Хајди Клум. Тој е всушност биолошки татко на најстарата ќерка на Хајди, Лени. Бријаторе ја остави убавата манекенка додека беше бремена. До 2017 беше во брак со ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои првиот е осомничен за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другите двајца за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, како и за поттикнување на првоосомничениот да изврши злоупотреба на службената положба. Во ...

Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект во Битола и против А.Д. (24) од Битола, вработена во објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете”. Од СВР-Битола појаснуваат дека при контрола во објектот било утврдено дека А.Д. послужила со алкохолни пијалоци 10 малолетници, кои ...

Со официјални обраќања на премиерите на Македонија Димитар Ковачевски, на Албанија, Еди Рама и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија денеска во Охрид почнува Самитот „Отворен Балкан“. Според најавата од владината прес-служба, обраќање ќе има и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, а преку видео порака ќе се обрати и заменикот ...

На 07.06.2022 во Сојузна Република Германија од слобода е лишен В.К.(31), македонски државјанин, кој беше баран со меѓународна потерница, а е осуден на пет години казна затвор за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, сторено во 2013 година. Апсењето на В.К. е резултат на успешната соработка на полициите на Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија, благодарение на која досега се приведени повеќе ...

Судот го конфискува белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, одлучи судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го водеше случајот Талир 2. За екс премиерот Никола Груевски, пресудена е затворска казна од 6 години, додека пак за екс генералниот секретар на партијата, пресудена е алтернативна мерка, условна осуда според којаако во рок од 5 години стори кривично дело, ќе одлежи двегодишна затворска казна. Судијката посочи дека и покрај тоа што Божиновски ...

Во Кривичниот суд во Скопје денеска во 12:30 часот ќе биде објавена пресудата за случајот „Талир 2“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога ...

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска соопшти дека по 99 месеци ја прекинува коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ и дека таа коалиција повеќе не може да опстои во оваа скопска Општина. – Јас како градоначалник со моите години и со моето искуство и со мојот карактер не можам да дозволам повеќе некој да се поигрува и со мене и со Советот на Општина Карпош, но и со интересите на граѓаните на Општина Карпош во кои влегуваат и обични ...

Војната во Украина го прави „Отворен Балкан“ поголема нужност, отколку што беше и пред да започне оваа војна која не изненади сите. Отворен Балкан е битен и за нашите луѓе, за заедничкиот простор каде се раѓаат нашите деца и за нивната иднина. Фокусирани сме на иднината. Денеска сме тука токму затоа, бидејќи сакаме да продолжиме кон иднината без да ги затвораме очите пред се уште нерешените проблемите, но убедени сме дека тие можат да се решат ...

Лидерот на ГРОМ, градоначалникот на Општина Карпош Стефче Јакимовски, се налути и ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во општината, поради како што рече притисоци, подметнувања и нарачки од еден центар. -По 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека повеќе таа коалиција не може да опстои овде во Општина Карпош. Затоа што јас како градоначалник со моите години, и со моето искуство, и со мојот карактер, не можам да дозволам повеќе ...

Компанијата Samsung Electronics вчера беше домаќин на Bespoke Home 2022, глобалниот виртуелен настан на кој беше претставена новата линија на Bespoke уреди. Овогодинешната тема е изградена врз концептот за проширување на просторот, како би се заштедило време и би се обезбедило потполно искуство во домот што ги надминува стандардните апарати за домаќинство. „Позитивниот одзив на минатогодишниот настан Bespoke Home нѝ докажа дека нашата визија за ...

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемиле за 2.980 денари во однос на јануари, покажуваат пресметките што секој месец ги прави Сојузот на синдикати на Македонија, изработувајќи ја синдикалната минимална кошница. Според објавените податоци, синдикалната кошница во мај изнесувала 38.791 денар и е зголемена за 8,32 проценти во споредба со јануари годинава. За една година, односно во споредба со мај лани ...

Во интервјуто кај Опра, принцот Хари и Меган Маркл открија информации дека членови од кралското семејство често биле загрижени околу тоа каква ќе биде бојата на кожата на нивните деца. Меган има мешано потекло, а нејзината мајка е Афро-американка, додека татко ѝ Томас е белец. Во кралското семејство имало многу случаи во кои принцови се венчавале со жени кои „не се според стандардите“. Па така, чичкото на кралицата Елизабета се повлекол од ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице, соопштија од ОЈО Струмица. – Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се ...

Ретрограден Меркур е период во кој на сите ни се чини дека нештата одат наопаку. Но, не е само Меркур кој решава да си поигрува со нас овој период. Имено, многу луѓе забележале низа неповолности, а оние кои веруваат во астрологија се сигурни дека одговорен за тоа е токму Меркур и неговото ретроградно движење. Сатурн, планетата на ограничувањата, се движи ретроградно на 4 јуни и носи значителни промени на речиси сите знаци. Неговото влијание ќе ...

„Приказната на слугинката“ од Маргарет Атвуд често предизвикува контроверзии и е забранувана откако беше објавена во 1985 година… За да ја подигне свеста за денес растечката цензура и лавината барања за забрана на некои книги во американските училишта, издавачот „Пенгвин рандом хаус“ (Penguin Random House) издаде огноотпорен примерок од дистопискиот роман за теократијата која ги принудувала плодните жени да им раѓаат деца на привилегираните. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата ќе отвори „книга на крвниците“, што всушност претставува систем за собирање докази за воените злосторства за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација. Украинското обвинителство соопшти дека, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, евидентирало повеќе од 12.000 воени злосторства, во кои се осомничени повеќе од 600 лица. -Следната недела ќе биде објавена ...

Државата веднаш да преземе мерки за пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима, апелираа вчера од Стопанската комора на Македонија, од каде побараа штедење особено на електричната енергија и од државата, граѓаните и од компаниите. Во меѓувреме, Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во мај достигна 11,9 отсто, а од Владата најавија одлука за евентуална интеревенција кај цените до ...

Светска банка предвидува раст на бруто домашниот производ на Македонија од 2,7 проценти годинава и 3,1 отсто во 2023 година. Светска банка, во јунскиот извештај за глобалните економски изгледи, ги намалува претходните економски проекции за земјава, годинава за 1.0 отсто, а за 2023 за 0.3 проценти. Економскиот раст во 2024, според проекциите на СБ, ќе достигне 3,2 отсто. Прогнозата за глобалниот раст за 2022, пак, е намалена за речиси третина, на ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил. ...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека палењето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола од страна на пејачот Ламбе Алабаковски е реакција на според нив, „акцијата на власта поврзана со распродавањето на државните и национални интереси“. Сепак, велат од партијата, тие не поддржуваат никаков вид на насилство и сметаат дека тоа не е одговор на проблемите. „Таквата распродажба на националните интереси, дозволувањето и патронатството на провокации сервирани ...

Второобвинетот во случајот „Талир 2” Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, упати критики до Основниот Кривичниот суд – Скопје дека во тек на судењето за овој предмет му се прекршени неговите права. – Судот стори повреда на правото на мојата одбрана со тоа што прифати како доказ да биде изведено вештачење од Обвинителството кое е изготвено без знаење и учество на одбраната, рече обвинетиот Божиновски. Воедно, ...

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар пристигна во БиХ за да изрази силна поддршка за високиот претставник Кристијан Шмит, чиј авторитет го оспоруваат српските власти и Русија. Според Американската амбасада во Сараево, заменик-помошникот државен секретар Ескобар во БиХ присуствува на состанокот на политичките директори на земјите-членки на Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (ССМ), телото што ...

Турција тесно соработува со Русија и Украина за да се постигне договор за планот за рестартирање на извозот на жито од украинските пристаништа, дури и во контекст на тековните конфликти низ целата земја, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. Според планот на Обединетите нации, би се отворил безбеден поморски коридор за да се реши глобалната прехранбена криза предизвикана од руската инвазија во февруари, која го запре извозот на жито ...

Европската унија и Европскиот парламент се договорија да воведат универзален полнач за паметни телефони, таблети, конзоли и дигитални камери во Унијата до есента 2024 година, а потоа и за лаптопи, соопшти Европарламентот. Регулативата, со која ќе се воведе USB-C на сите електронски уреди со мала и средна големина, има за цел да го ограничи отпадот штетен за животната средина и да ги заштити правата на потрошувачите кои се принудени да ...

Франција како претседавач со ЕУ со засилен ангажман за олеснување на разговорите помеѓу Скопје и Софија со цел тргање на ветото и старт на преговорите. По разговорите викендов на ниво на министри за надворешни работи властите во земјава се охрабрени дека ако има добра волја има простор за решение, но бе преголем оптимизам. Софија пак, смета дека треба да работи на убедување на европските партнери дека бугарските ставови во спорот со Скопје, ...

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор, откако денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена, потврдија извори од Судот за МИА. Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зеќири ...

За речиси 12 отсто скок на индексот на трошоците на животот во мај годинава наспроти мај минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало пак, е зголемен за 12.1%. Индексот во мај 2022 година изнесува 102, а индексот на цените на мало пак, 101.5. „Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6.7 %, ...

Скопје

16ᴼ/16ᴼ
1.03
72%
1018

Белград

20ᴼ/17ᴼ
2.57
74%
1015

Софија

10ᴼ/10ᴼ
2.06
93%
1019

Сараево

19ᴼ/19ᴼ
2.44
58%
1018

Љубљана

17ᴼ/14ᴼ
1.54
79%
1015

Атина

20ᴼ/17ᴼ
6.69
61%
1014

Тирана

18ᴼ/18ᴼ
0.51
68%
1017

Подгорица

18ᴼ/17ᴼ
0.51
59%
1017
Currency

61.5443

Currency

57.1309

Currency

71.6878

Currency

37.7121

Currency

41.7883

Currency

63.1277

Currency

8.07825

Currency

0.62373

Currency

0.37325

Currency

0.52561

Currency

1.76582

Currency

0.68518

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

854 $

Злато

74022 $

Бакар

9 $

Паладиум

30452 $

Платина

30736 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $