„Ќе го прифатиме францускиот предлог, а после тоа паѓаме и продолжуваме“. Вака бугарскиот премиер Кирил Петков пред министрите од неговата влада ја соопштил одлуката, да се прифати францускиот предлог за да се крене ветото за Македонија, а зад него, како што кажал тој, стојат францускиот претседател Емануел Маркон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Но, денеска во Собранието му се случува преврат – Опозицијата со 125 пратеници го разреши ...

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за Бугарската национална телевизија рече дека без бугарскиот Парламент нема да има одлука, јави дописникот на МИА од Софија. -Како премиер нема да донесам никаква одлука ако не ја донесе бугарскиот Парламент. Единственото нешто што ќе го кажам на масата со европските лидери е дека нема да го сменам бугарскиот став доколку нема одлука од бугарскиот Парламент, изјави Петков. Рече дека доколку е ...