Албанската влада го поддржала грчкиот предлог за ново обновување на петгодишниот Договор за пријателство, соработка, добрососедство и безбедност меѓу Грција и Албанија, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина. АНА-МПА пишува дека конкретниот Договор двете земји го потпишале во 1996 година со првично времетраење од 20 години, во 2018 година бил обновен за период од пет ...

Во православното предание има ред на работите. Ние се надеваме за автокефалија како што добија и од кого добија сите послехалкидонски цркви. Ниту бараме, ниту посакуваме, ниту заслужуваме експресни решенија, не сакаме нешто што ќе ја постави Охридската Архиепископија на половина пат и измеѓу, вели меѓудругото поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во интервју за грчкиот весник „То Вима“. Тој во интервјуто, кое беше објавено во петокот во печатеното ...

На денешната седница на Владата беше прифатен предлогот за продолжување на рокот на Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и ...

Во периодот од 30.05.2022 до 05.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 539 возачи. Од нив, 340 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 121 возеле без возачка дозвола, 15 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е без преседан одлуката за забрана за прелет на неговиот авион поради што ја откажа посетата на Србија. На вонредната прес-конференција, која беше свикана наместо да патува во Белград, Лавров рече дека тоа е политика на двојни стандарди. – Тие ќе кажат дека тоа им го кажале ЕУ и НАТО, а НАТО и ЕУ ќе кажат дека земјите сами одлучуваат, рече Лавров. – Нека ви биде јасно, нашите односи ...

Некој се ужаснува од помислата на тоа дека годините минат, а друг се гордее со она што го има постигнато во животот. Сите ние различно старееме и различно гледаме на тоа што животот ни носи. Сакате да дознаете нешто повеќе за себе во тој поглед? Прочитајте за својот хороскопски знак: Овен Овните се ужаснуваат од самата помисла на стареење. Но, овој знак е под силно влијание на Марс, такашто енергијата нема да им заслабне со текот на времето. ...

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на средба со амбасадорот на Руската Федерација Александар Боцан-Харченко Вучиќ изрази незадоволство од околностите што го спречија доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави дописникот на МИА од Белград. Амбасадорот Боцан-Харченко го информираше Вучиќ за причините за откажување на посетата на Лавров, дека тој бил спречен да дојде, бидејќи авионот на руската влада не ...

Обединетите нации се обидуваат да посредуваат во договор со Русија за да и овозможат на Украина повторно да извезува жито преку Црното Море, додека официјални лица и функционери од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се многу скептични дека Русија работи со добра волја, пишува денеска Политико. Според порталот, нивната примарна причина за песимизам се неодамнешните коментари на рускиот претседател Владимир Путин и руски ...

Кремљ има оптимизам за руската позиција во Украина, вели портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, кој пред медиумите не сакал да даде коментар или анализа за војната во Украина како успешна. „Ние во целост сме оптимистични“, рекол Песков на брифинг со новинарите. Тој сепак не сакал да даде детали за она што во моментов се случува. Рускиот претседател Владимир Путин пак, ја најави војната на 24 февруари, што пред своите граѓани го правдаше како ...

Со пет гласа „против“ и четири „за“ денеска на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања не беше прифатен предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, претседател на Собранието. Откако птретседателот на Комисијата Панчо Минов го прочита предлог дневниот ред петмина пратеници од власта гласаа против дневниот ред, додека четворица членови на ...

Скопје и Софија треба да изнајдат решение за отворените прашања и штом тоа ќе се постигне тоа ќе биде споделено со јавноста, додека Франција како претседавач со ЕУ ги олеснува разговорите помеѓу двете страни, но не постои конкретен предлог на маса, изјави денеска во Пробиштип премиерот Димитар Ковачевски. – Прво, во изминатите 30 дена се шпекулираше дека имало решение и дека некој го криел тоа решение. Јас цело време одговарав дека разговорите ...

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска. Ахмети и Генчовска разговараа за спорот меѓу Македонија и Бугарија, како и за решение кое ќе и даде зелено светло на нашата земја за почеток на преговорите со Европската Унија и одржување на првата меѓувладина конференција, додека земјата веќе ги има исполнето сите неопходни услови. Лидерот ...

Откако инспекциските служби ќе утврдат дали порастот на цените е реален, Владата ќе ги објави сите компании кои направиле вештачки скок на цените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Битиќи останува на ставот дека е направено вештачко зголемување на одредени производи, а како пример посочува тестенина за која маржата на добивка за два дена скокнала од 4 на 72,5 проценти. – Дека има вртоглаво и вештачко зголемување на ...

Во Пехчево реализирана акцијата „За поубаво Пехчево”, која беше организирана од страна на Советот по повод Светскиот ден за заштита на животната средина. – Во рамки на акцијата за чистење на централното градско подрачје се вклучија вработени во Општина Пехчево, сите општински институции и јавни претпријатија. Со оваа aкција сакаме да придонесеме за подигнување на јавната свест кај сите нас, за позитивно да влијаеме кон зачувување и заштита на ...

Од полноќ ново поскапување на цената на горивата. Ова следува откако денеска заседаваше регулаторната комисија за енергетика. Сите цени на горивата станаа трицифрени. Дизелот од полноќ ќе се продава поскап за 2,5 денари, додека бензините се зголемуваат за 0,5 односно 1 денар по литар. Ова се новите цени на горивата: Еуросупер БС-95 – 110 денари Еуросупер БС-98 – 112 денари Еуродизел БС Д-Е V – 102 денари Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ...

Цените на угостителските услуги во мај во споредба со април годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со мај лани за 9,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, зголемување во мај во однос на април годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти и Алкохолни пијалаци за 0,1 процент. Цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од минатата ...

РКЕ предложи промена на тарифниот систем за наплата на струја, во зависност од големината на потрошувачот. Новиот правилник е направен од страна на експерти од факултетот за електротехника и од машинскиот факултет. Со него се предвидува скалесто тарифирање, за да се обезбеди фер услуга за сите граѓани. – Потрошувачите ќе бидат поделени во четири блокови, во првиот блок се потрошувачи кои трошат до 210 киловатчасови енергија, во втор блок се ...

На 05.06.2022 година во 13.10 часот на автопатот А-1, во правец од с.Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник Негорци, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М.Ќ.(30) од с.Прдејци, патничко возило „форд фиеста“, со српски национални ознаки, управувано од М.Б. (68) од Република Србија ...

Изминатата недела биле санкционирани 195 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар, информираат од ЈП „Паркинзи на општина Центар“. -Во периодот од 30.05. до 05.06.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 112 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 83 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “. Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги поставиле до РКЕ во однос на ...

Српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан, со кој се потврдува одлуката на СПЦ, објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Патријархот Порфириј најави дека документот ќе биде доставен и до ...

„Секоја борба е неизвесна, а секоја операција носи ризик. Но, мораш или цел живот ќе трпиш болка и ќе бидеш нефунцкионален – и тогаш сфаќате дека тоа е моментот кога мора да застанеш пред својот непријаел. Во мојот случај, тоа беше дискусхернијата“, си ја отворила душата водителката Нина Радуловиќ, во една емисија. Таа морала да оди на операција, бидејќи ако не го направела тоа, веќе на тогашни 34 години немало да може да функционира правилно. ...

Секој од нас живее со своите најголеми стравови и кошмари, но и со надежта дека тие нема да се остварат. Но, тоа не значи дека не можеме да ги гледаме на малку позабавен начин, на пример од аспект на астрологијата. Овен – голотија во јавност Овните се плашат од тоа да бидат посрамени, па многу е веројатно дека и по неколкупати годишно го имаат кошмарот дека се разголуваат надвор од дома. Бик – паѓање Биковите сакаат да се чувствуваат безбедно и ...

Денешното темпо на живеење слободно може да се поистовети со луда железница или со тобоган. Возбудливо е, но може да биде и навистина заморно. Многу е разбирливо што не сакате ни пред себе да признаете дека сте уморни, но факт е дека во еден момент ќе треба да си дозволите еден подолг и поквалитетен одмор. Ова се знаците по кои ќе ги препознаете емоционалната и менталната исцрпеност: Сè ве иритира Како што поминуваат деновите, така се ...

Јужнокорејската армија соопшти дека Северна Кореја истрелала „непознат“ проектили, додека јапонската Влада тврди дека Пјонгјанг лансирал балистички проектил. Ракетната проба се случува само еден ден откако САД и Јужна Кореја ги завршија воените вежби во Филипинско Море. Изминатите недели Северна Кореја истрела серија проектили, вклучувајќи ја и нејзината најголема интерконтинентална балистичка ракета. Според разузнавачки информации Северна ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 4 јуни, на булеварот ...

Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63,4 проценти се населени, а 307 187 станови или 36,6 проценти се ненаселени. Вкупната корисна површина на населените станови 55 212 163 м2, додека на ненаселените е 27 850 636 метри квадратни. Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, ...

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 20 – 30 минути, соопшти утрово АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради одржување на ревијалната трка „Вози право, вози здраво“. Трката ќе се одржи од 18 до 20 часот, со старт од Порта Македонија, десно долж улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Даме Груев“, право по булеварот „ВМРО“ до крстосница со булеварот „Илинден“, лево по булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче“ – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев. Од тие ...

Бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска денеска ја продолжува работната посета на Македонија. Посетата се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства за адресирање на отворените билатерални прашања, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и прашањата за евроинтеграцијата на Македонија. Во фокусот ...

Скопје

8ᴼ/8ᴼ
0.51
93%
1017

Белград

13ᴼ/10ᴼ
3.09
90%
1014

Софија

7ᴼ/7ᴼ
1.54
93%
1020

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
0.91
90%
1017

Љубљана

12ᴼ/7ᴼ
1.54
92%
1015

Атина

17ᴼ/14ᴼ
4.92
73%
1010

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
2.57
100%
1015

Подгорица

11ᴼ/10ᴼ
2.06
94%
1016
Currency

61.5443

Currency

57.1309

Currency

71.6878

Currency

37.7477

Currency

41.8214

Currency

63.1777

Currency

8.07825

Currency

0.62373

Currency

0.37325

Currency

0.52555

Currency

1.76582

Currency

0.68517

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

854 $

Злато

74022 $

Бакар

9 $

Паладиум

30452 $

Платина

30736 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $