ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Армија соопшти дека денеска пресретнала две балистички ракети истрелани од Јемен, од кои една предизвика активирање на сирените за воздушен напад во неколку големи израелски градови, објавија воени и медиумски извори, јавува Анадолу. Првата ракета ги активираше сирените во Ерусалим, Тел Авив, Ришон Лецион, Херцлија, Лод и други населени места, јави израелскиот весник „Једиот ахронот“. Израелската Армија потврди дека ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските сили убија речиси 60 Палестинци во воздушните напади пред зори врз Појасот Газа, меѓу кои имало жени и деца, според локалните медиуми денес, јавува Анадолу. Официјалната палестинска новинска агенција Вафа јави дека израелските воени авиони погодиле станбени згради и бегалски камп во градот Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, при што загинале најмалку 45 Палестинци. Се додава дека спасувачите на цивилната ...

ВАШИНГТОН (АА) - Мисијата на Обединетите нации за поддршка во Либија (УНСМИЛ) изрази загриженост поради тековните судири во главниот град на северноафриканската земја, јавува Анадолу. „УНСМИЛ е длабоко вознемирен од ескалацијата на насилството во густо населените делови на Триполи втора ноќ по ред, ставајќи безброј цивили во сериозен ризик“, соопшти на X. Исто така, итно повика на „итен, безусловен“ прекин на огнот во сите населени области, ...

АНКАРА (АА) - Кина започна со приспособување на царините за увезени производи од Соединетите Американски Држави (САД) по договорот меѓу двете земји за почетно 90-дневно намалување на царините по преговорите во Женева, пренесува Анадолу. Вчера, Комисијата за царински тарифи на Државниот совет на Кина соопшти дека приспособувањето на царините за увезените производи од САД ќе започне од среда во 12:01 часот по пекиншко време, јави новинската ...

ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека трговските разговори со Кина во Швајцарија поминале многу добро и дека е постигнат голем напредок, известува Анадолу. Претседателот Трамп на својот профил на платформата Truth Social сподели објава на оваа тема. Истакнувајќи дека во Швајцарија се одржал многу добар состанок со Кина, Трамп во објавата наведе: „Дискутирани беа многу работи, има согласувања за многу прашања. На ...

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и за Украина, каде што постои реален прозорец на можности за напредок кон мир“, истакна Руте во објава на X пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО на 14 и 15 мај во Анталија, турска туристичка ...

ЖЕНЕВА (АА) - Шефот на Обединетите нации (ОН) за човекови права денес изрази длабока загриженост поради депортацијата од Соединетите Американски Држави (САД) на голем број лица кои не се нивни државјани, особено оние испратени во земји различни од нивната матична земја, предупредувајќи дека оваа практика може да ги прекрши меѓународните стандарди за човековите права, јавува Анадолу. Помеѓу 20 јануари и 29 април, 142.000 лица се депортирани од ...

БЕРЛИН (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика земјите членки денес да ја засилат поддршката за меѓународните мировни операции нагласувајќи дека сериозниот недостаток на финансии ги загрозува овие клучни мисии, јавува Анадолу. „Мировните операции можат да успеат само ако имаат цврсти мандати и јасна, предвидлива и континуирана финансиска и логистичка поддршка“, изјави Гутереш на меѓународна средба во Берлин. ...

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, денес изјави дека Турција е решена трајно да го искорени тероризмот и чекор по чекор да изгради „Турција без тероризам“, јавува Анадолу. Говорејќи на Форумот за медиуми Турција - Балкан: Градење заедничка иднина во ерата на комуникации, организиран од Дирекцијата за комуникации на Турција во Истанбул, Алтун истакна дека Турција успешно се справила со ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Речиси 400 претставници на филмската индустрија, вклучувајќи актери добитници на „Оскар“ и „Златна палма“, потпишаа отворено писмо со кое бараат итен прекин на злосторствата во Газа повикувајќи ја меѓународната филмска заедница пред годишниот Кански фестивал да го прекине молчењето за страдањето и смртта, јавува Анадолу. „Барањето на потписниците е јасно – тие повикуваат на одбивање да се прифати смртта, уништувањето и ...

СКОПЈЕ (AA) - Етна, највисокиот активен вулкан во Европа, синоќа повторно еруптираше исфрлајќи пепел и лава над Сицилија во својата најнова вулканска активност, пренесува Анадолу. Ерупцијата започна во југоисточниот кратер, кој се наоѓа на надморска височина од 2.900 метри, јави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Локалните медиуми објавија дека пепелта од ерупцијата паднала врз неколку блиски населени места, ...

БЕЛГРАД (АА) – Европската Унија (ЕУ) останува силно посветена на пристапувањето на Србија како стабилна и просперитетна земја, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, од Белград, јавува Анадолу. Коста престојува во посета на Србија, каде што беше примен од српскиот претседател Александар Вучиќ. „Моментално имаме позитивен замав во ЕУ за проширување и тоа е јасна можност за Србија да се надоврзе и да го искористи. Европската ...

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека Русија продолжува со подготовките за мировните преговори со Украина, закажани за четврток во Истанбул, јавува Анадолу. „Руската страна продолжува со подготовките за разговорите, што треба да се одржат во Истанбул в четврток. Тоа е сè засега, нема понатамошни коментари“, изјави Песков за време на прес-конференцијата во Москва. Тој не ги откри имињата на членовите на руската ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и американскиот државен секретар Марко Рубио денес разговараа за билатералните односи и регионалните прашања, вклучувајќи ги Сирија, Газа и Украина, соопштија турски дипломатски извори, јавува Анадолу. Во телефонскиот разговор, Фидан ја истакна важноста од укинување на санкциите врз Сирија за стабилноста и просперитетот на земјата. Во телефонскиот разговор се разгледани и ...

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Анкара, јавува Анадолу. Ердоган, заедно со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, го примија Руте во Претседателскиот комплекс и одржаа состанок зад затворени врати. Не се објавени повеќе детали од средбата. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на ...

АНКАРА (АА) - Денес во Ријад започна самитот на Соединетите Американски Држави (САД) и Саудиска Арабија, на кој присуствуваат американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот престолонаследник Мухамад бин Селман, објавија саудиските медиуми, пренесува Анадолу. Државната телевизија „Ал Икбарија“ соопшти дека официјалниот самит се одржува во кралската палата „Ал-Јамама“ во Ријад, а за време на самитот ќе бидат потпишани нови договори меѓу двете ...

ЖЕНЕВА (АА) - Најмалку 57 деца во Газа починале од последиците на неисхранетост од почетокот на блокадата на хуманитарната помош на 2 март, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) денес, повикувајќи се на податоци од палестинското Министерство за здравство, јавува Анадолу. На прес-конференција на Обединетите нации во Женева, претставникот на СЗО за Западниот Брег и Газа, Ричард Пеперкорн, ја опиша ситуацијата како „една од најлошите ...

АНКАРА (АА) - Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со седиште во Газа соопшти дека жали за убиството на новинарот Хасан Еслаих и рече дека Израел го убил додека бил на лекување во болницата „Насер“ откако преживеал претходен обид за атентат. Во соопштението се додава дека со атентатот на Еслаих ...

АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман по пристигнувањето во главниот град Ријад на почетокот на регионалната турнеја, пренесува Анадолу. Саудиската телевизија Ал-Икбарија објави дека Трамп и Бин Селман разговарале на кралскиот терминал на меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад. Не се дадени никакви информации за содржината на нивните разговори. Турнејата на Трамп ...

ТИРАНА (АА) - На парламентарните избори одржани на 11 мај во Албанија победи Социјалистичката партија (ПС) предводена од актуелниот премиер Еди Рама, според неофицијални резултати, јавува Анадолу. Според резултатите објавени од Централната изборна комисија на Албанија (KQZ), досега е завршено пребројувањето во 4.943 избирачки места од вкупно 5.225. Според објавените резултати, партијата на премиерот Рама победи на изборите со 52,08 проценти од ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Русија тврди дека 30-дневниот прекин на огнот што се бара во Украина има цел да му даде на Киев „простор за дишење“ за да ги продолжи своите воени дејства во услови на тековниот конфликт во земјата, кој сега е во четвртата година, јавува Анадолу. Во коментар објавен од руското Министерство за надворешни работи, портпаролката Марија Захарова го претстави ставот на Москва во однос на процесите поврзани со договорите од Минск, ...

АНКАРА (АА) - Австралискиот премиер Ентони Албаниз и неговиот Кабинет денес положија заклетва за втор мандат откако неговата партија победи на неодамна одржаните избори, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Албаниз положи заклетва како премиер пред генералниот гувернер Сем Мостин, објави Еј-би-си њуз. Новата Влада ќе има 42 члена, составена од 23 члена на Кабинетот, седум дополнителни министри и 12 помошници министри, кои положија ...

АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес пристигна во Саудиска Арабија на својата прва турнеја низ Блискиот Исток откако ја презеде функцијата во јануари, пренесува Анадолу. Трамп беше пречекан од саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман по неговото пристигнување на меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, според саудиската државна телевизија Ал-Икбарија. Регионалната турнеја на американскиот претседател вклучува и ...

СКОПЈЕ (АА) - Еруптираше вулканот Канлаон на островот Негрос на Филипини, јавува Анадолу. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs) објави дека ерупцијата на вулканот Канлаон започнала во 02:55 часот по локално време и траела пет минути. Надлежните институции го подигнаа алармот на ниво 3, што укажува на можност за натамошни ерупции. Како резултат на ерупцијата, забележано е паѓање на пепел во неколку области во западниот ...

ТИРАНА (АА) - Заврши гласањето на денешните општи избори во Албанија, известува Анадолу. Изборите, кои започнаа во 07:00 часот наутро и на кои право на глас имаа 3.713.761 гласачи, гласачките кутии се затворија во 19 часот по локално време. Според податоците од Централната изборна комисија на Албанија, до 18.00 часот гласале 41,37 проценти од гласачите. Педесет и три политички партии и три предизборни коалиции се натпреваруваа за место во ...

СКОПЈЕ (АА) - Полна Цветна месечина се издигна на небото над Менхетен во Њујорк, Соединетите Американски Држави, која во комбинација со градските светилки создаде воодушевувачка глетка, јавува Анадолу. Издигнувајќи се директно зад Емпаер Стејт Билдинг фрли сјај над центарот на Менхетен. Љубителите на небото имаа во што да уживаат, овековечувајќи го овој феномен со фотографирање. Инаку, полната месечина има неколку имиња, а во мај се нарекува и ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека претстојните мировни преговори меѓу Русија и Украина во Турција се „многу важни“, додавајќи дека смета оти „од таа средба може да произлезат добри работи“, јавува Анадолу. „Средбата в четврток со Русија и Украина е многу важна“, рече Трамп на прес-конференција. „Јас бев многу настојчив состанокот да се одржи“. Американскиот претседател изрази оптимизам во врска со ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја истакна подготвеноста на Турција да даде потребна поддршка во секоја фаза од мировните преговори меѓу Русија и Украина, јавува Анадолу. Во телефонски разговор, претседателот Ердоган и неговиот украински колега Владимир Зеленски разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, соопшти Претседателството на Турција на X. „За време на разговорот, ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција стана земја која светот ја гледа како клучен актер во дипломатијата за мир, во помошта, во поддршката и медијацијата на глобално ниво, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. „Претходно разговаравме со украинскиот претседател (Владимир) Зеленски. Минатата недела разговаравме за ова (украинско) прашање и со американскиот претседател Трамп, во врска со чекорите што можеме да ги преземеме за да ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Значајната улога на Турција како меѓународен посредник повторно е во центарот на вниманието бидејќи Истанбул се подготвува да биде домаќин на нов, и потенцијално историски, круг мировни преговори меѓу Русија и Украина во четврток, пишува Анадолу. Владимир Путин и Владимир Зеленски сигнализираа подготвеност за лична средба во турската метропола за да ги продолжат разговорите, привлекувајќи глобално внимание кон позицијата на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
45%
1013
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
82%
1017
weather icon

Загреб

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
50%
1019
weather icon

Софија

28ᴼ / 27ᴼ
0.36
56%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.23
44%
1015
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
53%
1020
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
5.14
38%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
48%
1013
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
35%
1014
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
3.13
27%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
7.2
100%
1013
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71