
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



ЛОНДОН (АА) - Роберт Превост, 69-годишен кардинал од Чикаго, Соединетите Американски Држави (САД), е избран за нов папа - првиот Американец што некогаш се искачил на папската функција, јавува Анадолу. Тој ќе го земе името папа Лео XIV, што е прв пат да се земе името „Лео“ за папа, од 19 век. Новоизбраниот папа се појави на централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ за да ги изговори своите први зборови како папа. Обраќајќи се на присутните ...
СКОПЈЕ (АА) - Повторно е прекината конститутивната седница на Парламентот на Косово поради недостаток на кворум, известува Анадолу. Конститутивната седница во Парламентот на Косово започна со задоцнување од 30 минути, а со неа претседаваше најстариот пратеник Авни Дехари. Претседавачот Дехари констатираше дека во салата се присутни 113 пратеници и дека седницата може да продолжи. На почетокот на седницата Движењето „Самоопределување“ повторно се ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Проектот за Патот на развојот, предводен од Туркије и Ирак, ќе даде „значаен придонес“ за стабилноста и просперитетот и на Ирак и на целиот регион, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. На заедничката прес-конференција со ирачкиот премиер Мухамед Шиа ал-Судани во главниот град Анкара, Ердоган ја изрази желбата на Туркије да постигне брз напредок по прашањата како што е продолжувањето на испораката ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека и официјално е заклучен договорот за ретки минерали со Украина, јавува Анадолу. „Тукушто го заклучивме договорот за ретки минерали со Украина, кој е целосно ратификуван и одобрен од нивните законодавни тела“, изјави Трамп во Белата куќа. Трамп истакна дека наскоро ќе разговара со украинскиот претседател Владимир Зеленски. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е ...
БЕЈРУТ/ИСТАНБУЛ (АА) – Едно лице е убиено, а осум се повредени во израелските воздушни напади во јужен Либан денес, што е најновото кршење на договорот за прекин на огнот, соопшти Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека жртви се пријавени во нападите врз покраината Набатија. Државната новинска агенција ННА соопшти дека два брана воздушни напади ја погодиле шумата Али ал-Тахер и поранешното археолошко наоѓалиште ...
ЛОНДОН (АА) - Бел чад излезе од оџакот на Систинската капела, сигнализирајќи го изборот на нов папа, јавува Анадолу. Се очекува новиот папа наскоро да се појави на балконот што гледа на плоштадот, каде што ќе се обрати на насобраните граѓани. Висок кардинал треба да го потврди изборот со традиционалното соопштение „Habemus Papam“, што на латински значи „Имаме папа“. Потоа кардиналот ќе го претстави новиот папа со неговото избрано папско име, ...
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД и Велика Британија постигнале епохален трговски договор, јавува Анадолу. „Утрово, со возбуда објавувам дека постигнавме историски трговски договор со Велика Британија“, рече Трамп во Белата куќа. Тој истакна дека договорот со Велика Британија е првиот во серијата договори за трговија за што неговата администрација преговараше во текот на изминатите четири недели. „Со ...
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија го пречека ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани, кој е во официјална посета на Туркије, известува Анадолу. Коњаниците го пречекаа службениот автомобил на Судани на улицата пред Претседателскиот комплекс и го следеа возилото до протоколарната порта. Претседателот Ердоган го пречека Судани на главниот влез од комплексот. Откако Ердоган и Судани ги зазедоа своите ...
ЛОНДОН (АА) – Европската Унија (ЕУ) денес објави дека ќе покрене постапка против Соединетите Американски Држави (САД) поради нивните „т.н. реципрочни“ царини кај Светската трговска организација (СТО), јавува Анадолу. Европската комисија соопшти дека започнала јавна консултација за листа на американски увозни производи што може да бидат предмет на контрамерки од ЕУ доколку тековните преговори меѓу ЕУ и САД не резултираат со заемно корисен исход и ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Ѓинпинг денес потпишаа заедничка изјава за продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство меѓу двете земји, јавува Анадолу. Изјавата беше усвоена од двајцата претседатели по разговорите во потесен и поширок круг разговори одржани во руската престолнина Москва, каде што Си пристигна еден ден претходно на четиридневна посета за да учествува на годишната воена парада ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот Парламент денес го ратификува договорот за минерално и економско партнерство потпишан со Соединетите Американски Држави (САД) минатиот месец, отворајќи го патот за заедничко инвестирање за повоена обнова на земјата, јавува Анадолу. Украинскиот пратеник Јарослав Железњак на Телеграм соопшти дека Врховната рада го усвоила договорот со 338 гласови „за“ и ниту еден против. Договорот, потпишан на 30 април во Вашингтон, ...
СКОПЈЕ (АА) - Во услови на континуирани израелски напади и зголемена блокада, кризата со вода во Појасот Газа расте, а жителите во Хан Јунис користат вода која им се испорачува со цистерни за да ги задоволат своите дневни потреби, јавува Анадолу. Пристапот до чиста вода останува многу ограничен и нередовен, што ги влошува хуманитарните предизвици со кои се соочуваат Палестинците додека израелските напади се во тек. На 2 март Израел ги затвори ...
АНКАРА (АА) - Ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани ќе присуствува на програмата „ФОКУС: Односи меѓу Туркије и Ирак“ што ја организира АА, со цел оцена на односите меѓу Туркије и Ирак, известува Анадолу. Судани ќе даде оцена за билатералните, регионалните и меѓународните димензии на односите меѓу Туркије и Ирак, едно од актуелните и клучни прашања на Блискиот Исток, во рамките на програмата „ФОКУС: Односи меѓу Туркије и Ирак“ што ќе се одржи во ...
ГАЗА (АА) - Дирекцијата за цивилна одбрана во Појасот Газа објави дека кризата со гориво предизвикана од континуираните напади и блокада на Израел, го парализирала нејзиниот капацитет за реагирање во вонредни ситуации, а 75 % од возилата за цивилна одбрана се надвор од употреба поради недостаток на гориво, известува Анадолу. Во писменото соопштение на Дирекцијата за цивилна одбрана во Газа се вели: „75 % од нашите возила не работат бидејќи нема ...
БИШКЕК (АА) – Со свечена воена парада во Киргистан беше одбележана 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија од страна на Црвената армија на Советскиот Сојуз во Втората светска војна, известува Анадолу. Министерството за одбрана на Киргистан организираше воена парада на плоштадот Ала-Тоо во главниот град Бишкек. На настанот присуствуваа претседателот на Киргистан, Садир Жапаров, премиерот Адилбек Касималиев, претседателот на Парламентот, ...
ВАТИКАН (АА) - Не е избран новиот папа на Католичката црква ниту во вториот и третиот круг од гласањето што се одржа во конклавата, а кое започна вчера вечерта и продолжи утрово, поради што од оџакот на Систинската капела повторно се издигаше црн чад, известува Анадолу. По смртта на папата Франциск, последниот духовен водач на католиците и шеф на државата Ватикан, на 21 април, утрово се одржаа вториот и третиот круг гласање за да се избере ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските војници привеле најмалку 45 Палестинци на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу. Во заедничко соопштение на Здружението на палестински затвореници и Комитетот за затвореници и ослободени лица, кој е дел од Организацијата за ослободување на Палестина, се наведува дека израелската војска продолжува со нападите врз окупираниот Западен Брег. Последните 24 часа во различни делови на Западниот Брег израелската армија ...
КАНАДА (АА) - Во полн цут сега се лалињата на полињата низ Канада, прекривајќи ја земјата со светли бои со доаѓањето на пролетта, известува Анадолу. На видеото снимено од воздух може да се видат живописни полиња со лалиња во градот Нијагара на езерото (Niagara-on-the-Lake), во канадската покраина Онтарио. Посетителите на локалната фарма уживаат во сонцето и да собираат лалиња. Годишната сезона на лалиња привлекува стотици посетители на полето ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денес парадата во руската престолнина Москва по повод Денот на победата закажана за 9 мај ја опиша како „парада на цинизам“, известува Анадолу. „Утре организаторот на масовните гробници во Буча ќе ги разоткрие злосторствата на нацистите, а оние што ја организираа блокадата на Мариупол ќе зборуваат за опсадата на Ленинград. Тоа ќе биде парада на цинизам“, рече Зеленски. „Едноставно, не ...
ВАТИКАН (АА) - Вториот ден од гласањето за избор на новиот папа на Католичката црква започна утрово откако вчерашниот прв круг од изборите не даде никакви резултати, известува Анадолу. По смртта на папата Франциск, последниот духовен водач на католиците и шеф на државата Ватикан на 21 април, изборниот процес за одредување на 267. папа на Католичката црква, која има 1,4 милијарди членови низ целиот свет, влезе во втор ден. Денес 133 кардинали на ...
ПАРИЗ (АА) - Ерупција од емоции на прославата на Шанзелизе во Париз синоќа откако Париз Сен Жермен со победата над Арсенал обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА, известува Анадолу. Илјадници навивачи ја исполнија култната авенија, палејќи факели, мавтајќи со знамиња, скандирајќи и прославувајќи ја победата. Сепак, подоцна стана тензично по интервенцијата на полицијата, со цел да ја растера толпата поради информациите за ...
АНКАРА (АА) - Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, во телефонски разговор му изрази благодарност на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, за поддршката што Туркије му ја дава на Пакистан, известува Анадолу. Премиерот Шериф на својот профил на социјалната мрежа X објави пост во врска со неговиот телефонски разговор со турскиот претседател Ердоган. Изразувајќи благодарност за поддршката на Туркије за Пакистан, Шариф истакна дека ги цени ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и ја изрази подготвеноста на Туркије да „стори сѐ што е во нејзина моќ за да спречи натамошно ескалирање на тензиите“ меѓу Индија и Пакистан, јавува Анадолу. Турскиот Директорат за комуникации истакна дека во телефонскиот разговор станало збор за тензиите меѓу Индија и Пакистан, за нападот што се случи синоќа и за ...
ЊУЈОРК (АА) - Полицијата во Њујорк приведе повеќе десетици пропалестински демонстранти на Универзитетот Колумбија, известува Анадолу. Десетици демонстранти што протестираа во знак на поддршка на Палестина во библиотеката „Батлер“ на Универзитетот Колумбија во САД синоќа беа приведени. Во Универзитетот Колумбија, кој се смета за центар на палестинските демонстрации на американските универзитетски кампуси, голем број студенти одржаа протест во ...
СКОПЈЕ (АА) – Израелските власти намерно ги пресушуваат изворите на вода на Западниот Брег со цел иселување на Палестинците, јавува Анадолу. Изворот Ал-Ауџа, еден од најважните природни ресурси на окупираниот Западен Брег, речиси целосно е исушен од страна на израелските сили. Палестинските власти наведуваат дека изворот Ауџа целосно пресушил „првпат“ по децении како резултат на намерните практики на израелските власти. Пресушувањето на изворот ...
СКОПЈЕ (АА) – Поради затворањето на граничните премини и постојаната блокада Палестинците во градот Хан Јунис во Појасот Газа сè почесто се принудени да користат магариња и коњски коли како превозно средство, јавува Анадолу. Недостигот на дизел и бензин, поради израелските напади и прекинот на снабдувањето, доведе до целосен застој во јавниот превоз. Поголем број такси-возила не функционираат, а жителите се обидуваат да најдат алтернативни ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) ќе се стреми кон постепено укинување на санкциите за Сирија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на денешната заедничка прес-конференција со сирискиот колега Ахмед ал-Шара, кој престојува во Париз во прва посета на европска земја откако ја презеде функцијата, јавува Анадолу. „Му реков на претседателот дека ако тој продолжи по својот пат, ние ќе продолжиме по нашиот: прво, со постепено укинување на ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес рече дека во наредните 24 часа најверојатно ќе има објава во врска со ситуацијата во опколениот Појас Газа, јавува Анадолу. „Ќе видиме што ќе се случи. Многу се разговара за Газа во моментов. Го знаете тоа, нели? Значи, веројатно ќе знаете во следните 24 часа“, рече Трамп еден ден откако најави „многу голема објава“. Трамп одби да прецизира на што ќе се однесува објавата кога беше ...
ЖЕНЕВА (АА) - Црн чад се издигна од оџакот на Систинската капела вечерва, сигнализирајќи дека во првиот круг гласање во папската конклава не успеале да изберат нов папа, јавува Анадолу. Продолжувајќи ја повеќевековната традиција, 133 кардинални електори се собраа во Ватикан за процесот на избор на 267. поглавар на Католичката црква, по смртта на папата Франциск минатиот месец. Денот започна со свечена миса во базиликата „Свети Петар“, предводена ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изрази надеж дека Индија и Пакистан ќе можат веднаш да ги запрат тековните прекугранични борби, со оглед на растот на загриженоста поради ескалацијата на насилството, јавува Анадолу. „Тоа е толку ужасно“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Се согласувам и со двајцата. И двајцата ги познавам многу добро и сакам да ги видам како го решаваат ова. Сакам да ги видам да запрат и ...