АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман по пристигнувањето во главниот град Ријад на почетокот на регионалната турнеја, пренесува Анадолу. Саудиската телевизија Ал-Икбарија објави дека Трамп и Бин Селман разговарале на кралскиот терминал на меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад. Не се дадени никакви информации за содржината на нивните разговори. Турнејата на Трамп ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) ги укинуваат санкциите врз Сирија за да промовираат „нов почеток“ за земјата, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу. Говорејќи на самитот на земјите од Персискиот Залив и САД во саудискиот главен град Ријад, Трамп рече дека одлуката е донесена по разговорот со двајцата лидери. „Откако разговарав за ситуацијата со престолонаследникот Мухамед и претседателот на ...
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп се состана со сирискиот претседател Ахмад ал Шара во главниот саудиски град Ријад, што претставува нивна прва средба, пренесува Анадолу. Белата куќа и саудиските медиуми јавија за состанокот, но засега не се дадени детали за неговата содржина. Официјален претставник на Белата куќа претходно изјави дека Трамп се согласил да се состане со Ал Шара за време на неговата посета на Саудиска Арабија ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп и престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, вчера во Ријад склучија спогодба за стратешко стопанско партнерство меѓу САД и Саудиска Арабија. Британските медиуми пренесуваат дека партнерството опфаќа договори во сферите на енергетиката, рударството и одбраната. Спогодбата за одбрана е насочена кон воената соработка меѓу двете држави, вклучувајќи ги модернизацијата и развивањето на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, придружуван од деловни лидери и високопрофилни личности, пристигна во Ријад, Саудиска Арабија, каде започна својата прва турнеја во странство по почетокот на вториот мандат. Трамп беше дочекан со борбени авиони и официјален ВИП прием во Кралскиот двор, организиран од саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман. Главните теми за време на посетата ќе бидат мирот и војната со Иран, како и економските ...
Претседателот Доналд Трамп и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, де факто владетел, се ракуваа и потпишаа економски договор меѓу САД и Саудиска Арабија. Договорот вклучуваат енергетска соработка, модернизација на саудиските вооружени сили, судска соработка меѓу Министерството за правда во САД и саудиското судство, помош меѓу царинските власти и соработка меѓу музејот Смитсонијан и саудиските институции. Ова е еден од првите чекори ...
АНКАРА (АА) - Денес во Ријад започна самитот на Соединетите Американски Држави (САД) и Саудиска Арабија, на кој присуствуваат американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот престолонаследник Мухамад бин Селман, објавија саудиските медиуми, пренесува Анадолу. Државната телевизија „Ал Икбарија“ соопшти дека официјалниот самит се одржува во кралската палата „Ал-Јамама“ во Ријад, а за време на самитот ќе бидат потпишани нови договори меѓу двете ...
Се вели дека дел од пакетот се проектили, ракети, радарски системи и транспортни авиони. САД долго време се снабдувач со оружје на Саудиска Арабија, но таа врска се наруши во 2021 година кога администрацијата на Бајден престана да продава офанзивно оружје на Ријад, наведувајќи загриженост за улогата на земјата во војната во соседен Јемен. Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година, исто така, беше широко објавено како фактор - ...