Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Марко Коловски е познат македонски музиколог, новинар и публицист. Сега е пензионер, но се’ уште активно пишува. Работел во музичката програма на Македонско радио. Бил уредник на Редакцијата за класична музика и уредник на музичката програма на Македонското радио. Во декември 2002 година беше именуван за Директор на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија – Танец. Токму во фокусот на разговорот на колегата Милчо Јованоски со Марко ...
На денот на упокојувањето на Мајка Тереза, 5 септември, познатиот македонски уметник и основач на “Цветната патека на Мирот”, Живко Поповски Цветин, додели четири коверти со реплика од писмото што му го испратила Мајка Тереза на 21 март 1984 година. Репликите беа доделени на: Мисијата сестри на Мајка Тереза во Скопје; м-р Нада Милкова, директор на културниот центар “Метаноја” на која ѝ беше доделена и Цветинова награда за мир; Валентина ...
Топлото време може да го отежне добриот ноќен сон. Но, постојат научно докажани методи за брзо заспивање. Ви претставуваме неколку од нив. Секое трето возрасно лице пријавува некаков облик на несоница, а околу половина од нив велат дека тоа им го нарушува функционирањето преку денот. Во лето ситуацијата само се влошува. Топлотните бранови значително го нарушуваат квалитетот на спиењето – студиите покажуваат дека дури и кратки топлотни бранови од ...
Деновиве започна доделувањето на Нобеловите награди, а сите годинешни добитници ќе бидат познати до 13 октомври. Доделувањето на наградата низ децениите не секогаш минуваше без контроверзи. 7 факти што изненадуваат. 1. Нобеловата награда како семејна традиција на семејството Кири Марија Кири е до денес единствена: таа е единствената личност која добила Нобелови награди во две природни науки – во 1903 година за физика и во 1911 година за хемија, ...
Од Љубљана, Валентина Ѓоргиевска Парго Министри, регулатори, инвеститори и претставници на приватниот сектор од цела Југоисточна и Источна Европа се собраа во Љубљана на 3-та конференција за унапредување на инвестициите во обновливи извори, организирана од Секретаријатот на Енергетската заедница и Владата на Словенија, за да ги поттикнат инвестициите во обновливи извори и да го унапредат преминот на регионот кон чисти, меѓусебно поврзани ...
“Космополитската организација Рок-кор Орфеј- Кочани Македонија по повод својот 50 јубилеј доделува Благодарница на Дадо А. Топиќ “Македонија” за долгогодишна успешна соработка и придонес за развој и духовно обединување на македонските и светските универзални вредности. Претседател Коце Икономов и рок-пророк Симеон Иванов Канго”. Вака гласи наградата која е прогласена деновиве пред години, поточно на 28.11.2012 година, а сега веќе и предадена, и ...
Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2026 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „По песната птиците се разликуваат“. Тоа е една од мислите кои Прличев често ја употребувал во своите беседи пред охриѓани. Со конкурсот кој го распишува четврта година по ред Библиотеката сака да го поттикне творештвото на младите луѓе да ...
Да се остава поучна и корисна трага со своето творештво, е цел и сон на секој добар писател. Со ваков мотив твори и српскиот автор Боривоје Бора Живаљевиќ кој живее и работи во Белград (потекнува од Штаваљ, општина Сјеница). Негови дела се изразени во збирки поезија и проза, застапени се и во повеќе антологии и списанија низ целиот регион, фален е и наградуван, а во Македонија дочекуван со голема чест од страна на неговата фела. Минатото лето ...
Приказната на Љупчо Чинго од Охрид за Австралија е двонасочна, негова лична ама поврзана и со неговата мајка Павлина. Таа решава да замине во Австралија и на една година да биде професор по мајчин јазик во средна школа во Сиднеј на македонските деца. Има право според тогашните закони меѓу Југославија и Австралија целото семејство да е со неа. Љупчо бил при крај на Електро факултетот во Скопје и решил само еден семестар да пропушти и да ја ...
Lujan–Fryns синдромот е ретко генетско нарушување поврзано со Х-хромозомот, кое се јавува исклучиво кај машки лица. Се карактеризира со блага до умерена интелектуална попреченост, типични физички одлики и проблеми во однесувањето. Карактеристики – висок и слаб раст – макроцефалија (голема глава) – наследување X-доминантно – настанува поради мисенс (missense) мутации – блага до умерена интелектуална попреченост Причини – синдромот е наследен – ...
Слаѓана Стојкова – Костоски, новинар-дописник за МИА. Зад себе оставам уште една година исполнета со радост, среќа и многу предизвици. Година што ќе ја паметам по доаѓањето на мојот втор ангел, Тео и погледот на двете мали очиња, охридски бисерчиња. Секако тука се и лудориите на Ана, малата грижлива сестричка. Не можам да ги изоставам и професионалните случувања и трката по нови вести и информации. Иако во изолација поради предизвикот со кој се ...
Денис Мурат – посилната половина од Дуо „ДИС“ Оваа година за мене е посебно среќна. Семејството ни се прошири. Јас и мојата сопруга Стефани го добивме синот Каин. Има неполни шест месеци а ни го смена животот на подобро за цели 180 степени. Во шега, а кој знае можеби ќе е вистина тој ќе биде идниот тапанар во нашиот бенд. Инаку, да се вратам на темата. Роденедените си ги сакам како можност за дружба со оние кои и секој обичен ден мислат на ...
-Голема благодарност на почитуваниот “Публицитет” за вниманието и одвоениот простор. Уште една година останува зад мене, напорна година полна со предизвици и премрежија, време во кое беше ставено на тест професионалното и човечко битие на сите нас. Денес, кога се сумираат огромните последици од пандемијата, славење роденден и не е некој приоритет, многу поважно е да покажеме повеќе одговорност и емпатија, да го сочуваме здравјето и да го ...
Д-р Ристо Медароски, хирург – уролог во Општа болница во Охрид. Секој убав повод, буди прекрасни чувства во мене. Така е и со денот на моето раѓање. Тие што ме знаат, знаат дека обожувам друштво и секако кафеани. Традиционално торта, подароци, насмевки и бакнежи во кругот на семејството, сигурно ќе има време и за колегите и пријателите. Годините се само бројка. Се надевам дека новите 365 денови ќе бидат доволно убави и возбудливи. ...
Во фокусот на 64-тите Струшките вечери на поезијата годинава беше Глаголицата, како една симболична врска, мост кој обединува низ вековите. Врска меѓу Македонија и Словачка уште од времето на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и поетска Словачка од каде што ни дојде и годинашниот лауреат на Златниот венец на поезијата поетот – Иван Штрпка. Токму затоа за промоција на годинашното издание беа подготвени графички и видео содржини ...
Од денеска членовите на Библиотеката имаат можност да изнајмуваат нови наслови. Станува збор за книгите: „Ноќта кога дојдоа сватовите“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, „Сенки од минатото“ од Лусинда Рајли, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд, „Длабоко во душата“ – од Јасмина Кадра, „Ако не те видам никогаш повеќе“ од Лаура Мартинез Бејли, „Господар на злото“ од Донато Каризи и многу други Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на ...
Дравет синдромот е многу ретка и тешка форма на епилепсија која започнува во раното детство – најчесто во првата година, околу шестмесечна возраст. Состојбата е доживотна и бара постојано медицинско следење. Почетните напади најчесто се тонично-клонични грчеви со продолжено траење, кои обично се јавуваат при повишена температура и на почеток може да личат на фебрилни конвулзии. Симптоми Децата со Дравет синдром често имаат: Заостанат ...
Мери Крстеска, наставник по македонски јазик во ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид и овластен лектор за македонски јазик. Роденденот за мене е многу важен ден, кај нас дома сите родендени ги славиме. Сакам да сум со семејството и моите пријатели. На денот на мојот роденден сум многу среќна, сите упатени честитки до мене ми се многу драги и многу ми значат. Во животот сѐ е поубаво ако се споделува. Мислам дека годините колку се повеќе, толку се ...
Марина Шикова – Димовска, родена е во Охрид, 1982 година. Таа дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ – Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Авторка е на збирката раскази „Приказни од кујната“, на книгата раскази за деца „Езерото ми раскажува“ и на стихозбирката „Мое место“. Нејзини раскази се објавувани и во неколку книжевни списанија. Застапена е во првиот и вториот поетско – прозен Алманах од ...
Со традиција подолга од 20 години, нуркачите на Нуркачкиот центар Амфора во соработка со здружението за Ретки болести со поддршка на волонтерите на Црвениот крст од Охрид и ја поставија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода, симболично одбележувајќи ги новогодишните и божиќните празници. Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден. Нека ...
Весна Јованоска, вработена во Општина Охрид, Одделение за култура и културно наследство и водител во Ин ТВ сателитска телевизија. Секоја година ни е подарок! Секој роденден ни е благослов! Секој роденден иста и секој роденден нова желба. Онаа, истата желба е универзалната желба на секој од нас, да сме здрави, живи и сите на број и да имаме благослов да славиме уште многу родендени. А, за овој мој роденден мојата желба е секој нареден ден да ...
Јасна Стојаноска, водител на австралиската ИН ТВ. Роденден е денот кој го чекаме цела година… Овој ден е посебен за мене и има огромно значење, особено поради тоа што сум родена на Водопост, ден пред големиот христијански празник Водици. Оваа година поради моменталната ситуација со Ковид-19, роденденот ќе го прославам во кругот на најблиските. За мене годините се само бројка и нека се множат во здравје, среќа, мир и љубов. Истото им го ...
Mr.ph Мери Филева Маленкова од Охрид. Оној кој е задоволен не се споредува со друг.Оној кој не се споредува со други не е завидлив и огорчен.Оној кој е среќен знае да усреќи уште некого.Оној кој себеси и уште некого покрај себе усреќува го открил смисолот на животот не барајќи го.Задоволството потекнува однадвор! Среќата доаѓа од внатреБлагодарам Публицитет на укажаната почит. Како и секој и овој мој роденденски ден до секое битие на планетава ...
Симона Калајџиска, дипломиран електроинженер, сопственик на приватната градинка “Лилипут Дворче” во Скопје. Родендените секогаш ги одбележувам во кругот на семејството, сопругот Горан и двете деца Михаил и Софија, кои секогаш ми подаруваат љубов и внимание, бидејќи каде животот почнува, љубовта никогаш не завршува. Покрај семејството максимално сум посветена на мојата работа во градинката, каде што со максимален труд во овие вондредни услови, ...
Во рамките на меморандумот за соработка што неодамна го потпишаа општина Охрид и Здружението за хумано домување Хабитат-Македонија, денеска со првата обука на учесниците, започна проектот за воспоставување на Регистар на станбени згради и Регистар на управители на станбени згради. Проектот претставува иницијатива за подигнување на јавната свест за квалитетно домување во колективни станбени згради, значењето на енергетската ефикасност и ...
Снежана Караџовска – Попова од Охрид. проф по солфеж и историја на музика во ДМУ Тодор Скаловски Тетоец во Струга, музички едукатор за деца од предучилишна возраст во Музичко Катче и оснивач и актер во Куклениот театар Си беше еднаш. Благодарам од срце за честа да споделам нешто за мојот роденден. Секој проживеан ден е успех самиот по себе, така што му благодарам на Господ што сум здрава и жива, му благодарам за моето прекрасно семејство и ...
Градежните активности за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“ се во финална фаза. Рано утринава започна поставувањето на вториот асфалтен слој на коловозот, на потегот од крстосницата со пристапниот пат кон село Велгошти до влезот во село Лескоец. Во текот на претходните денови на овој потег од улицата се изврши асфалтирање на пешачките и велосипедските патеки. Градоначалникот Константин Георгиески заедно со надлежните за сообраќај и ...
На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата по дејности, согласно која 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите, почнувајќи од платата за месец април. Со нивелацијата на платите опфатени се сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од ...
Во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во: -Скопје 604 -Куманово 80 -Битола 72 -Велес 62 -Охрид 60 -Кавадарци и Штип по 44 -Прилеп 43 -Гостивар 40 -Гевгелија 38 -Тетово 29 -Струмица 28 -Неготино 23 -Струга 20 -Кочани 19 -Кичево 18 -Радовиш и Берово по 10 -Свети Николе и Крива Паланка по 9 -Ресен, Виница и Богданци по 7 -Делчево, Валандово и Крушево по 6 -Демир Капија 5 -Пробиштип, ...
Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис на 20. декември ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20 часот. Пијанистот Франческо Барбаџелета е истакнат уметник познат по својата беспрекорна техника, префинета музичка чувствителност и ...