Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА Вардар го заврши настапот сезонава во еврокуповите. „Црвено-црните“ се елиминирани од швајцарската екипа Лозана која во реваншот од второто квалификациско коло забележа победа од 5:0 и со тоа ги анулираше 2:1 за Вардар од првиот дуел во Скопје. Дека се решени да ја анулираат предноста на Вардар, домашните покажаа на самиот почеток на дуелот кога со голот на Ное Дисене во 16.минута поведоа ...
Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА Вардар по убедливиот пораз од 5:0 од Лозана ги заврши натпреварите во еврокуповите во второто квалификациско коло. – Ние ја завршивме Европа, а на Лозана ѝ посакувам успех. Честитки за Лозана за пласманот понатаму, а ова за сите нас е доста тежок резултат. И за Вардар како клуб и за мене како тренер и за играчите и за навивачите. До првиот гол стоевме добро, но потоа се распаднавме и тим ...