СКОПЈЕ (АА) - Еруптираше вулканот Канлаон на островот Негрос на Филипини, јавува Анадолу. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs) објави дека ерупцијата на вулканот Канлаон започнала во 02:55 часот по локално време и траела пет минути. Надлежните институции го подигнаа алармот на ниво 3, што укажува на можност за натамошни ерупции. Како резултат на ерупцијата, забележано е паѓање на пепел во неколку области во западниот ...

ТИРАНА (АА) - Заврши гласањето на денешните општи избори во Албанија, известува Анадолу. Изборите, кои започнаа во 07:00 часот наутро и на кои право на глас имаа 3.713.761 гласачи, гласачките кутии се затворија во 19 часот по локално време. Според податоците од Централната изборна комисија на Албанија, до 18.00 часот гласале 41,37 проценти од гласачите. Педесет и три политички партии и три предизборни коалиции се натпреваруваа за место во ...

СКОПЈЕ (АА) - Полна Цветна месечина се издигна на небото над Менхетен во Њујорк, Соединетите Американски Држави, која во комбинација со градските светилки создаде воодушевувачка глетка, јавува Анадолу. Издигнувајќи се директно зад Емпаер Стејт Билдинг фрли сјај над центарот на Менхетен. Љубителите на небото имаа во што да уживаат, овековечувајќи го овој феномен со фотографирање. Инаку, полната месечина има неколку имиња, а во мај се нарекува и ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека претстојните мировни преговори меѓу Русија и Украина во Турција се „многу важни“, додавајќи дека смета оти „од таа средба може да произлезат добри работи“, јавува Анадолу. „Средбата в четврток со Русија и Украина е многу важна“, рече Трамп на прес-конференција. „Јас бев многу настојчив состанокот да се одржи“. Американскиот претседател изрази оптимизам во врска со ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја истакна подготвеноста на Турција да даде потребна поддршка во секоја фаза од мировните преговори меѓу Русија и Украина, јавува Анадолу. Во телефонски разговор, претседателот Ердоган и неговиот украински колега Владимир Зеленски разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, соопшти Претседателството на Турција на X. „За време на разговорот, ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција стана земја која светот ја гледа како клучен актер во дипломатијата за мир, во помошта, во поддршката и медијацијата на глобално ниво, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. „Претходно разговаравме со украинскиот претседател (Владимир) Зеленски. Минатата недела разговаравме за ова (украинско) прашање и со американскиот претседател Трамп, во врска со чекорите што можеме да ги преземеме за да ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Значајната улога на Турција како меѓународен посредник повторно е во центарот на вниманието бидејќи Истанбул се подготвува да биде домаќин на нов, и потенцијално историски, круг мировни преговори меѓу Русија и Украина во четврток, пишува Анадолу. Владимир Путин и Владимир Зеленски сигнализираа подготвеност за лична средба во турската метропола за да ги продолжат разговорите, привлекувајќи глобално внимание кон позицијата на ...

СКОПЈЕ (AA) – Италијанскиот регион Тоскана повторно нуди спектакуларен пролетен пејзаж, додека неговите познати ридови и земјоделски полиња се претвораат во шарен мозаик што привлекува посетители од целиот свет, јавува Анадолу. Снимките од воздух ја прикажуваат природната преродба што го означува доаѓањето на пролетта во срцето на Централна Италија. Зелените лозја, расцутените диви цвеќиња и брановидните полиња се протегаат на хоризонтот, ...

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за енергетика Ели Коен денес изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“, пренесува Анадолу. Коен во разговорот за израелскиот јавен сервис КАН истакна дека се разгледува таканаречениот план за „доброволна миграција“ предложен од Трамп. Од февруари Трамп континуирано повикува на „преземање“ на Газа и преселување на ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Јордан денес соопшти дека се координира со Турција, Сирија, арапските држави и меѓународната заедница „за да се стави крај на агресијата на Израел“ врз сириската територија, јавува Анадолу. „Нашиот став со Турција и Сирија е обединет во поддршката на безбедноста, стабилноста и суверенитетот на Сирија и во заедничката работа за справување со сите предизвици“, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади на ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Анкара внимателно ќе ги следи практичните чекори што ќе се преземат по одлуката за распуштање на терористичката организација ПКК, јавува Анадолу. Фидан, на заедничката прес-конференција со колегите од Сирија и Јордан, истакна: „Доколку оваа одлука биде спроведена искрено, тоа ќе биде многу корисно за сите и за иднината на регионот.“ Во врска со состојбата во ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Односите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се под зголемен притисок поради сериозни несогласувања околу клучни прашања за Блискиот Исток, непосредно пред регионалната посета на Трамп, во која нема да биде вклучен Израел, јавува Анадолу. Двајцата лидери, кои порано имаа усогласени ставови околу Иран и конфликтот во Газа, сега се длабоко поделени во однос на начините за справување ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес упати порака до учесниците на 16. Меѓународен економски форум „Русија - Исламски свет: Казан Форум“, повикувајќи на засилување на соработката во финансискиот сектор, технологијата и регионалната безбедност, јавува Анадолу. „Срдечно ви посакувам добредојде во гостопримливиот Казан“, изјави Путин до гостите на Меѓународниот економски форум, кој официјално започнува утре во Казан, главниот ...

БЕРЛИН (АА) — Новиот германски канцелар Фридрих Мерц денес изрази поддршка за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за 30-дневен „безусловен“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, известува Анадолу. Зборувајќи на прес-конференцијата во Брисел, Мерц рече дека со американскиот претседател Трамп разговарал за најновите случувања во Украина во текот на синоќешниот телефонски разговор и изразил поддршка за неговите напори за прекин на ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Одлуката на терористичката организација ПКК да се распушти и да го положи оружјето е клучен чекор кон „Турција без тероризам“, изјави денес портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, јавува Анадолу. „Одлуката на ПКК да се самораспушти и да го положи оружјето по повикот од Имрали е важен чекор кон целта за „Турција без тероризам“, рече портпаролот. „Доколку новата одлука на ПКК биде ...

СКОПЈЕ (АА) – Пристаништето во Киренија, едно од најпознатите туристички места во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), го открива импресивниот поглед кон тврдината Киренија, историски симбол кој носи траги од византискиот, венецијанскиот и османлискиот период, јавува Анадолу. Сместена веднаш до брегот, тврдината претставува еден од главните културно-историски споменици на регионот. Тврдината е омилена дестинација за посетителите кои сакаат ...

СКОПЈЕ (АА) - Психолошките последици од воените напади врз Појасот Газа сè повеќе се одразуваат врз менталното и физичкото здравје на палестинските деца, јавува Анадолу. Десетгодишната Лана ал-Шариф од Кан Јунис развила кожно заболување витилиго, предизвикано од силниот стрес, страв и постојаната анксиозност. Секојдневните воздушни напади и нестабилната безбедносна состојба во енклавата оставија длабоки траги кај најмладите. Детската психа, ...

ДАКАР (АА) – Фатма Есма Арслан Оздел Јапонскиот борач Шого Уозуми, кој живее во Сенегал, додека ги подучува децата на грчко-римски стил на борење, кој е дел од Олимписките игри, и самиот истовремено го учи традиционалното сенегалско борење. Шого Уозуми, познат и по локалниот прекар „Сонго Тине“, првпат дошол во Сенегал во 2017 година преку Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Во период од две години волонтерски ги подучувал ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Франција ја повика Европската комисија итно да го преиспита Договорот за асоцијација меѓу Европската Унија (ЕУ) и Израел, повикувајќи се на влошената хуманитарна состојба во Појасот Газа и сомнежите околу почитувањето на човековите права од страна на Израел, јавува Анадолу. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека потребно е да се преиспита партнерството меѓу ЕУ и Израел, имајќи ја предвид улогата на ...

АНКАРА (АА) – Најмалку 52.862 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 33 лица се убиени во израелските напади во енклавата во последните 24 часа, додека 94 се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади се искачи на 119.648. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, ...

ЖЕНЕВА (АА) — Соединетите Американски Држави (САД) и Кина се согласија за големо намалување на казнените царини за почетен период од 90 дена, сигнализирајќи олеснување во нивниот долготраен трговски конфликт и зголемувајќи ги надежите за долгорочна економска стабилност, се вели во денешното заедничко соопштение објавено од САД, јавува Анадолу. Со договорот, постигнат по интензивните преговори за време на викендот во Женева, двете земји ...

АНКАРА (АА) - Израелската армија е подготвена за воспоставување безбеден коридор во Газа и привремен прекин на огнот за ослободување на израелскиот војник Едан Александер, објавија денес израелските медиуми, јавува Анадолу. Израелскиот јавен сервис КАН соопшти дека Армијата ќе ги прекине нападите во Газа и ќе воспостави безбеден коридор од 12 часот по локално време за ослободување на војникот. Израелскиот „Канал 12“, исто така, објави дека ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ја засили својата жестока реторика против имиграцијата, тврдејќи дека во Соединетите Американски Држави (САД) има „инвазија“ од 21 милион недокументирани мигранти и предупреди дека земјата ризикува да стане земја од третиот свет преполна со криминал“ доколку не се спроведат масовни депортации, јавува Анадолу. „Во нашата земја има инвазија од 21.000.000 илегални странци, од кои многумина се ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, известува Анадолу. Во соопштението што го објави Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, на состанокот биле разгледани односите меѓу Турција и Русија, како и регионални и глобални прашања. Ердоган на рускиот претседател Путин пренесе дека неговата изјава мировните преговори меѓу Русија и Украина да ...

СКОПЈЕ (АА) – Голем број луѓе во Пешавар, Пакистан, излегоа на улиците синоќа за да го видат големиот огномет во знак на солидарност со пакистанската армија и да го прослават примирјето, еден ден по објавувањето на прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан, јавува Анадолу. Пакистан и Индија склучија договор за прекин на огнот на 10 мај по неколкудневните воени ескалации. Американскиот претседател Доналд Трамп, во објавата на својата платформа за ...

ТИРАНА (АА) - Според неофицијалните првични резултати од парламентарните избори одржани вчера во Албанија, Социјалистичката партија (ПС) предводена од актуелниот премиер Еди Рама е во водство, јавува Анадолу. Според резултатите објавени од Централната изборна комисија на Албанија (KQZ), досега е завршено пребројувањето во 1495 од вкупно 5225 избирачки места. Според објавените резултати, партијата на премиерот Рама води со 52,87 проценти од ...

КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека очекува Русија да обезбеди целосен и траен прекин на огнот почнувајќи од утре за да се стави крај на војната и додаде: „Путин ќе го чекам во Турција во четврток“, известува Анадолу. Во писменото соопштение што го објави на својот профил на платформата Телеграм, Зеленски даде оценка за предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на преговорите во Истанбул на 15 ...

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните разговори со Украина без предуслови на 15 мај во Истанбул, известува Анадолу. Путин даде изјава за новинарите по настаните одржани по повод Денот на победата на 9 мај и неговата средба со лидерите на странски земји. Потсетувајќи дека Украина не го прифати прекинот на огнот за енергетската инфраструктура предложен од САД во Украина, како и прекинот на огнот што ...

ВАТИКАН (АА) - Духовниот водач на католиците и претседател на Ватикан, папата Лео XIV, изјави дека е длабоко трогнат од настаните во Појасот Газа и дека сака итен прекин на огнот, известува Анадолу. Новиот папа Лео XIV избран во Ватикан на 8 мај, ја одржа својата прва неделна миса од големата ложа на базиликата „Свети Петар“. Во својот говор по мисата, Папата упати пораки во врска со меѓународните случувања. Потсетувајќи дека Втората светска ...

ТИРАНА (АА) - Албанскиот премиер Еди Рама гласаше на парламентарните избори на гласачкото место во селото Сурел во округот Тирана, известува Анадолу. Премиерот Рама, кој е и претседател на владејачката Социјалистичка партија (СП), заедно со неговата сопруга Линда Рама, гласаше во просториите на средното училиште во Сурел. Во изјава за медиумите по гласањето, Рама рече дека денес е зборот на народот и додаде дека прават сè за да ја направат ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.14
42%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
47%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 22ᴼ
1.03
55%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
6.55
36%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
50%
1019
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
7.72
40%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
54%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
33%
1013
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 33ᴼ
3.09
23%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
54%
1016
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
8.75
100%
1012
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71