СКОПЈЕ (АА) - Министрите за внатрешни работи на Северна Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, денес во Белград потпишаа договор помеѓу двете влади за заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево, пренесува Анадолу. Како што е истакнато од Министерството за внатрешни работи на РСМ, тоа треба да овозможи имплементација на системот „One Stop“, со цел побрз транспорт на луѓе, поголема ...

АНКАРА (АА) – Јеменските Хуси денес соопштија дека истрелале ракета кон аеродромот „Бен Гурион“ во Централен Израел, со што ја прекинале работата на аеродромот, пренесува Анадолу. Во соопштението на војската на Хусите се вели дека Ракетните сили го таргетирале аеродромот „Бен Гурион“ со балистичка хиперсонична ракета и предизвикале прекин на операциите на аеродромот на речиси еден час. Претходно израелската армија тврдеше дека пресретнала ракета ...

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни работи Мехмет Кемал Бозај на Бизнис-форумот Турција-Грција во Истанбул, јавува Анадолу. Бозај потсети дека посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Грција во 2023 година резултираше со договор со грчкиот премиер ...

ДРАЧ (АА) - „Џиро д’Италија 2025“, една од најпрестижните организации во велосипедските спортови, која се одржува 108. пат, оваа година започна во градот Драч, во Албанија, известува Анадолу. Сто и осумдесет велосипедисти ќе вртат педали 164 километри на стартот од трката „Џиро д'Италија 2025“. Првата етапа што се вози низ Албанија ќе започне од пристанишниот град Драч, а ќе заврши во главниот град Тирана. И втората и третата етапа од „Џиро ...

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек оствари средба со министерката за финансии на Северна Македонија, Гордана Димитриеска-Кочоска, како и со делегацијата што ја придружува, известува Анадолу. Министерот Шимшек на социјалните мрежи сподели објава во врска со средбата. Изразувајќи задоволство што им бил домаќин на министерката Кочоска и нејзината делегација, Шимшек во објавата наведе: „Се договоривме да воспоставиме ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека годишната инфлација во земјата паднала на 40-месечно најниско ниво во април и дека ќе продолжи да паѓа, јавува Анадолу. „Годишната инфлација непрекинато паѓа 11 месеци. Во април го достигнавме најниското ниво во последните 40 месеци. Ако даде Господ, тоа ќе продолжи“, рече Ердоган за време на настан на бизнис-тело во Истанбул. Ердоган изјави дека дефицитот на тековната ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Во писмото во кое му го честита изборот на новиот папа Лав XIV, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните трагедии, особено во Газа, јавува Анадолу. Според соопштението на официјалниот профил на Претседателството на платформата X, Ердоган истакнал: „По повод Вашиот избор за папа, Ви упатувам срдечни честитки во име на мојата земја и во мое име.“ Ердоган рече ...

БЕРЛИН (АА) – Германците имаат сè понегативен став за Израел, 60 години по воспоставувањето на билатералните дипломатски односи, покажа новото истражување објавено денес од Фондацијата „Бертелсман“, јавува Анадолу. Извештајот посочува на значителна промена во расположението на Германците кон Израел во последните четири години. Во 2021 година 46% од анкетираните германски граѓани имале позитивен став кон Израел. Во меѓувреме, само 36% имаат ...

АНКАРА (АА) - Израелската војска денес соопшти дека пресретнала ракета истрелана од Јемен преку своите системи за противвоздушна одбрана, пренесува Анадолу. Израелските медиуми, меѓу кои и порталот за вести „Тајмс оф Израел“, објавија дека сирени за воздушен напад биле активирани во неколку области низ Централен Израел, каде што луѓето на мобилните телефони добиле пораки за рано предупредување за ракетен напад. Се додава дека летовите и ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека царината од 80% за кинеските стоки „се чини правилна“, додека Вашингтон се подготвува за трговски преговори на високо ниво со Кина во Швајцарија, јавува Анадолу. „Царината од 80% за Кина се чини правилна! До Скот Б.“, порача Трамп преку „Truth Social“, упатувајќи го прашањето до државниот секретар за финансии Скот Бесент, кој ќе ја предводи американската делегација на ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Дронот „Бајрактар Акинџи“, едно од истакнатите турски беспилотни борбени летала, успешно го заврши тестот за гаѓање со комплетот за наведување ТЕБЕР-83 на турската одбранбена компанија „Рокетсан“, објави денес компанијата „Бајкар“, јавува Анадолу. „Бајрактар Акинџи успешно го заврши првиот тест за гаѓање со комплетот за наведување ТЕБЕР-83, развиен од Рокетсан“, соопштено е преку платформата X. Халук Ѓорѓун, секретарот на Турски ...

АНКАРА (АА) - Најмалку 52.787 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година досега, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 27 лица се убиени во израелските напади врз енклавата во последните 24 часа, а 85 се повредени, со што бројот на повредени се искачи на 119.349. „Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат ...

СКОПЈЕ (АА) – Туркије повторно ќе ја преземе командата над Косовските мировни сили (КФОР) во рамките на НАТО почнувајќи од октомври 2025 година, за период од една година, јавува Анадолу. Веста ја објави контраадмиралот Зеки Актурк, советник за печат и односи со јавноста во турското Министерство за одбрана, на прес-конференција, нагласувајќи дека Туркије ќе продолжи да придонесува за меѓународната безбедност и стабилност. „Во периодот октомври ...

МАДРИД (АА) - Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес изјави дека колку што е можно поскоро до Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ќе ја достават нацрт-резолуцијата во врска со израелската блокада на Газа, известува Анадолу. Албарес разговараше со новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ што се одржа во Варшава, главниот град на Полска. Тој изјави дека ги презеле сите чекори во врска со ...

БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес го обнови својот предлог за укинување на сите царини меѓу САД и Европската Унија, известува Анадолу. Зборувајќи на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Коста, во Брисел, Мерц рече дека разговарал за потенцијални решенија за тековните трговски спорови со САД за време на синоќешниот телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп. „Му реков дека ...

БЕРЛИН (АА) - Новиот германски канцелар Фридрих Мерц денес рече дека ќе ја прошири соработката со Турција, истакнувајќи ја нејзината витална стратегиска улога во рамките на НАТО, јавува Анадолу. „Турција е исклучително вреден и важен НАТО-партнер за нас и ќе направам сè што можам за да го одржам и понатаму да го проширам ова партнерство“, изјави Мерц на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Брисел по ...

МОСКВА (АА) - По повод Денот на победата, Русија на Црвениот плоштад во Москва одржа голема воена парада во чест на 80-годишнината од триумфот на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна, јавува Анадолу. Во рамките на прославата се одржа голема воена парада на која маршираа војници, парадираа воени возила, а борбени авиони изведоа воздухопловни летови. Денот на победата на 9 мај се одбележува во Русија и други земји, ...

КИЕВ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнаа во Лавов, Украина, известува Анадолу. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во објавата на својот профил на платформата X наведе дека високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнале во Лавов во ...

БЕРЛИН (АА) — Новиот германски канцелар Фридрих Мерц денес изрази поддршка за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за 30-дневен „безусловен“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, известува Анадолу. Зборувајќи на прес-конференцијата во Брисел, Мерц рече дека со американскиот претседател Трамп разговарал за најновите случувања во Украина во текот на синоќешниот телефонски разговор и изразил поддршка за неговите напори за прекин на ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес во своето обраќање по повод 80-годишнината од Денот на победата изјави дека вистината и правдата се на страната на неговата земја и дека цела Русија ја поддржува нејзината „специјална воена операција“ во Украина, известува Анадолу. „Вистината и правдата се на наша страна. Целата земја, целото општество и народот ги поддржуваат учесниците во специјалната воена операција. Горди сме на ...

АНКАРА (АА) – Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, изјави дека зголемените тензии меѓу Индија и Пакистан „не ја засегаат“ неговата земја и дека САД нема да се мешаат во ситуацијата, известува Анадолу. Венс во интервјуто за телевизискиот канал Фокс њуз зборуваше во врска со зголемената тензија меѓу Индија и Пакистан. Тој рече дека сакаат тензиите што побрзо да се смират, но нагласи дека „нема да можат да ги контролираат тие земји“. Венс истакна ...

МАСАИ МАРА (АА) - Националниот резерват Масаи Мара во Кенија, кој се наоѓа на границата со Танзанија, е природно живеалиште и дом на десетици видови диви животни, како што се лавови, леопарди, гепарди, слонови, жирафи, зебри и антилопи, известува Анадолу. Секоја година милиони диви животни мигрираат од Националниот парк Серенгети во Танзанија кон нивното природно живеалиште во регионот Масаи Мара, кое се наоѓа во границите на Кенија. Кога ќе ...

АНКАРА (АА) - Москва го пофали распоредувањето на севернокорејските трупи во Русија, велејќи дека тие одиграле „многу голема“ улога во операциите во граничниот регион Курск за време на војната во Украина, објавија денес државните медиуми, известува Анадолу. На настан што се одржа синоќа во Пјонгјанг по повод одбележувањето на 80-годишнината од Денот на победата, рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мацегора, изјави дека Русија и ...

АНКАРА (АА) – Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, изјави дека зголемените тензии меѓу Индија и Пакистан „не ја засегаат“ неговата земја и дека САД нема да се мешаат во ситуацијата, известува Анадолу. Венс во интервјуто за телевизискиот канал Фокс њуз зборуваше во врска со зголемената тензија меѓу Индија и Пакистан. Тој рече дека сакаат тензиите што побрзо да се смират, но нагласи дека „нема да можат да ги контролираат тие земји“. Венс истакна ...

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет вчера објави меморандум со кој му нареди на Министерството за одбрана да започне со процесот на отстранување на трансродовите војници од армијата, известува Анадолу. „Околу 1.000 припадници на воените сили што се самоидентификувале како лица со дијагностицирана родова дисфорија (нарушување на родовиот идентитет) ќе започнат со процес на доброволно заминување“, изјави Шон Парнел, ...

БЕРЛИН (АА) – Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и пратеник Фридрих Мерц не е избран за канцелар на Германија во првиот круг на гласањето што се спроведе во Бундестагот, известува Анадолу. На тајното гласање што се одржа под претседателство на Јулија Клекнер, претседателка на Бундестагот, Мерц доби 310 гласа од вкупно 621 пратеник што учествуваа во гласањето. На гласањето 307 пратеници гласаа „против“, тројца беа воздржани, ...

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) повторно цврсто се спротивставија на наводниот план на Израел за контрола на испораката на хуманитарната помош за Палестинците во Газа преку приватни американски безбедносни изведувачи, јавува Анадолу. На денешната прес-конференција, Фархан Хак се обрати во врска со неофицијалниот брифинг на специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, пред членовите на ...

ЛОНДОН (АА) – Поддржувачите на Палестина во Лондон протестираа пред централата на британскиот јавен сервис Би-би-си, обвинувајќи ја медиумската куќа дека го прикрива геноцидот што Израел го спроведува во Газа, известува Анадолу. Демонстрантите се собраа пред зградата на Би-би-си на Портланд Плејс со цел да изразат незадоволство од произраелскиот пристап на медиумот и прикривањето на воените злосторства под мотото „Ставете крај на прикривањето на ...

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије и Ирак денес потпишаа 11 договори, меѓу кои и во информатичко-комуникациските технологии, одбранбената индустрија и високото образование, по тет-а-тет средбата меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и ирачкиот премиер Мухамед Шиа ал-Судани и меѓуделегацискиот состанок, во Анкара, јавува Анадолу. Генералниот директорат за борба против нерегуларната миграција на Туркије и Одделот за миграции на Ирак при Министерството ...

СКОПЈЕ (АА) – Туркије повторно ќе ја преземе командата над Косовските мировни сили (КФОР) во рамките на НАТО почнувајќи од октомври 2025 година, за период од една година, јавува Анадолу. Веста ја објави контраадмиралот Зеки Актурк, советник за печат и односи со јавноста во турското Министерство за одбрана, на прес-конференција, нагласувајќи дека Туркије ќе продолжи да придонесува за меѓународната безбедност и стабилност. „Во периодот октомври ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.14
42%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
72%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
42%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 22ᴼ
1.03
55%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.31
36%
1014
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 25ᴼ
0.45
50%
1019
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
7.72
40%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
54%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
33%
1013
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 33ᴼ
2.57
24%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
53%
1016
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
8.75
100%
1012
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71