
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Германската компанија „Лидл“ ќе отвори маркети во осум града во Македонија, најави денеска премиерот, Зоран Заев. Тој кажа дека ќе биде отворен маркет во Скопје и во уште седум града, но засега не се знае во кои. – Вредноста на инвестицијата е 300 милиони евра се преговараат во моментот локациите, прво во Скопје. Важно е што обврска на инвеститорот е за откуп и продажба на домашни земјоделски и кондиторски и секаков вид на производи кои се ...
Од почетокот на годината се забележуваат позитивни економски резултати и глобално и кај нас, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во својата колумна објавена вчера, во која порачува „антикризни мерки се’ додека економијата не застане на здрави нозе” Од почетокот на кризата, како што потсетува, донесени се шест пакети мерки во вредност од околу 1,2 милијарди евра. Тоа е околу 11 отсто од БДП. Вкупниот фискален стимул ги опфаќа не само ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека главна тема во однос на спорот со Бугарија не се идентитетските прашања туку патоказот. Тој вели дека наше е тој патоказ да го дефинираме, а на членките на ЕУ паѓа бремето да го заштитат процесот на пристапување во ЕУ. -Мислам дека главна тема не се идентитетските прашања туку е патоказот кој ќе создаде предвидливост во имплементација на договорот за пријателство. Патоказот за нас е ...
Втор круг на локалните избори се одржува денеска во Хрватска, по што ќе биде јасно кои од кандидатите ќе бидат градоначалници на најголемите градови во земјата во следните четири години. Во вториот круг гласачите ќе изберат вкупно 14 жупани, градоначалник на Загреб, кој има статус на жупанија, 56 градоначалници и 87 општински градоначалници, објави агенцијата Хина. Денешните избори се одржуваат во 432 града и општини, на речиси 5.500 избирачки ...
IDEA LAB од Скопје, Македонија, е избрана за партнерство во PROI Worldwide, водечки глобален конзорциум на претприемачки агенции за комуникации со партнери во 55 земји. „Споделување на знаење и искуство со други сопственици на топ независни агенции е важна професионална и развојна иницијатива за IDEA LAB,“ изјави Димитар Атанасовски, Сопственик и Маркетинг Директор на агенцијата. „Навикнати сме да соработуваме со агенции на проекти низ ...
После пет години активна работа, Александар Ристовски ја сними својата прва авторска песна која што го носи името „Животот е како игра“. Станува збор за тема која што е комлетно негово авторско дело, додека, пак, мастерот го потпишува Дејан Момировски. Кадрите за видеото се снимени во „Вила Марија“ во Демир Капија, во спотот, покрај Александар се појавуваат и убавите Марија Раичка и Нена Ватманиду, како и машкиот дел од екипата – Боби и Давор. ...
Во Љубљана вечерва се одржа масовен протест против владата на премиерот Јанез Јанша, што е покриен со силно полициско обезбедување, кое предупреди дека станува збор за непријавен митинг и затоа ги повика учесниците да постапат според нејзините препораки, со дополнително предупредување дека ќе интервенира во случај на инциденти. Според проценките на словенечките медиуми, вечерва околу 18 часот на плоштадот „Прешерн“ се собраа повеќе од 40.000 ...
Од 1 август најверојатно граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Новата цена на струјата ќе се знае на крајот на јуни. Последното покачување беше лани во август со кое домаќинствата сега плаќаат повисоки сметки за 7,4%. Една сметка за струја од 2000 денари би се зголемила за најмногу 100 денари доколку Регулаторната комисија за енергетика ги одобри сите трошоци кои ги побарале енергетските компании – но само ако од Електрани не ја ...
Кога во февруари беше објавено дека Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат, малкумина всушност беа изненадени од ваквиот развој на настаните, особено затоа што славниот рапер има неколку психолошки проблеми во последните месеци. Но, се чини дека сето ова сега е зад него и дека Вест реши да продолжи со својот живот во друштво на убавата Ирина Ако верувате во озборувачкиот профил на Instagram DeuxMoi, кој многу пати досега беше во право, ...
На 28.05.2021 во 08.11 часот во СВР Скопје, З.Б.(41) од Скопје пријавил дека околу 07.00 часот откако телефонски не стапил во контакт со С.Т.(48) од Штип отишол во станот каде престојувал во Скопје. При тоа го пронашол С.Т. починат, по што од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. ...
Еве уште еден класичен пример за сторениот криминал во Еуростандард банка. Фирмата „Тео агро“ ДООЕЛ увоз-извоз има долг од 1,1 милион евра кон Еуростандард банка и не вратила ниту еден денар 589 дена или неполни две години. Долгот на фирмата датира од 2017 година, а заложената хипотека е работилница и стари помошни простории на поранешниот земјоделски комбинат „Лозар“ и столбна трафостаница на користење, со проценета вредност од околу 370 илјади ...
Американските банки годинава ќе забележат рекордни нивоа на приходи, анализира Институтот за меѓународни финансии (IIF) за Си-Ен-Би-Си. – Оптимизмот произлегува од податоците за закрепнување на американската економија. Ова ќе го зголеми нивото на кредитиреање и таксите што ги добиваат банките, изјави извршниот директор на организацијата Тим Адамс. – Во исто време, зголемената инвестициска активност ќе ги зголеми приходите од трговија, додаде ...
Официјално денес се отвора Дино паркот за посетители. Цената на билет ќе чини 50 денари. Се очекува да биде туристичка атракција како за домашни посетители, така и за странски туристи. Вратите на Дино Парк ќе бидат отворени за посетители од 09:00- 21:00, а цената за влез е 50 денари. Ве очекуваме во најзелениот тематски парк, каде што се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија и каде што има вкупно 41 диносаурус, од кои дел се ...
Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека од утрово во 6:33 часот почна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја. Овој пат најден е трет донор, откако претходно тоа го сторија семејствата на Емилија Динева и Верица Белчовска. На двајца пациенти дополнително ќе им се трансплантираат бубрези. – Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова ...
Манекенката Руби Деј води необичното кулинарско „Cooking Naked Recipe“ каде готви јадења само во костим за капење или со кулинарска престилка. Поради необичниот и провокативен начин на кои ги подготвува јадењата таа стана славна и ја следат илјадници луѓе. Црвенокосата Деј оправи сè, од мафини до салати до тестенини и заработува илјадници фунти месечно со видеата во кои готви скоро гола, пишува The Sun. Нејзините видеа имаат и редовни машки ...
Фејсбук соопшти дека ќе преземе „посилни” активности против луѓето кои постојано споделуваат неточни информации на платформата. Фејсбук ќе ја намали дистрибуцијата на сите објави на страницата за новости на сметката доколку корисникот често споделува содржина што се покажува лажна и е верификувана од една од партнерските компании за проверка на фактите, соопшти гигантот за социјални медиуми. Иницирани се и начини да ги информира луѓето за тоа ...
Хрватска ќе купи 12 француски борбени авиони „Рафал“ за да ги модернизира своите воздушни сили во договор вреден 999 милиони евра. Другите понуди во процесот беа на САД, Шведска и Израел. Хрватска влезе во НАТО во 2009 година и во Европската унија во 2013 година. Во ВВС се ескадрила руски МиГ-21 кои датираат од поранешна Југославија, но тие се застарени и малку од нив се во работна состојба. – Животот на нашите МиГ-21 истекува во 2024 година, ...
Акционери кои поседуваат над 10 проценти од вкупниот број со право на глас во сопственичката структура на фабриката Раде Кончар-Апаратна техника предлагаат нова одлука за исплата на повисока дивиденда. Во предлогот доставен до Oдборот на директори на фабриката се вели дека: -Согласно член 390 став 5 од ЗТД, акционери кои заедно поседуваат 14,93 % од обичните акции со право на глас, што претставува повеќе од 5% од вкупниот број на запишани акции ...
На две локации во Бардовци и во хотели во Скопје се откриени 39 жртви и 9 членови на криминалната група – сите од Тајван. Тие биле регрутирани во земјава преку „синдикати“, а потоа биле затворани во куќи, без пасоши и мобилни телефони Полицијата во координација со властите на Тајван и Интерпол разби криминална група која регрутирала млади лица од Тајван и ги носела во земјава, по што ги терале да работат во т.н. кол-центар за телефонски измами. ...
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 4 до 14 степени, а дневната од 18 до 30 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 26 степени. ...
Милан вчера славеше со 3-0 на гостински терен кај Јувентус и така ги зголеми шансите следната сезона да игра во Лигата на шампиони (ЛШ). „Росонерите“ покажаа колку ја посакуваат ЛШ и кога беше најпотребно успеаа да слават убедливо против еден од главните конкуренти за топ-4 позициите во Серија А. Тренерот Стефано Пиоли беше пресреќен по големата победа на Милан. „Не верувам дека постои нешто како совршен меч, но против Јувентус одигравме блиску ...
Кинеската Aмбасада во САД синоќа соопшти дека политизирањето на потеклото на Ковид-19 ја попречува истрагата, откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека разузнавачката заедница на САД е поделена околу тоа од каде потекнува вирусот. Амбасадата соопшти дека „некои политички сили се насочени кон политичка манипулација и наоѓање на виновникот”. Кина поддржува „сеопфатна истрага на сите рани случаи на Ковид-19 откриени низ целиот свет и ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска експресно реагираше на одлуката на ОН да почеток на меѓународна истрага за злосторствата во Газа, изјавувајќи дека смета дека овој чин ги охрабрува терористите ширум светот. -Денешната срамна одлука е уште еден пример за анти-израелската опсесија на Обединетите нации. Уште еднаш, мнозинството во Советот за човекови права застана во одбрана на геноцидна терористичка организација која намерно се ...
Претседателот на НЛБ Групацијата, Блаж Бродњак, за „Танјуг” изјави дека банката има можности и потенцијал да преземе уште некоја банка во регионот. Тој, сепак, вели дека засега е премногу рано да се зборува за овој чекор и дека за НЛБ во моментов најважно е успешно да ја заврши интеграцијата со Комерцијална банка во Србија. Бродњак на тој начин одговори на прашањето дали НЛБ планира да преземе друга банка во регионот, но тој додаде дека НЛБ ...
Премиерот Зоран Заев истакна дека Македонија испорача сѐ и дека заслужува да биде дел во ЕУ. -Во делот на решавање на проблем со Бугарија секој пат ни се добродојдени пријатели и ова е билатерален спор. Вчера разговарав со бугарскиот премиер и беше навистина пријатен самиот разговор. Она кое што е истовремено значајно е тоа што е Европа е кабаетлија ни должи многу ,16 ипол години направивме како чекаме пред врата на ЕУ. Што и да е многу е ние ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Охрид истакна дека партијата нема да поддржи ниту една отстапка во односите со соседна Бугарија што ќе биде на сметка на националните интереси на македонскиот народ. Мицкоски упати предупредување до политичарите дека после промената на власта во земјата ќе биде напуштен секој евентуален договор што предвидува остапки, национални концесии на сметка на македонскиот народ. – Навистина сум ...
Полицијата од Калифорнија на Твитер соопшти дека имало пукање во центарот на градот Санта Клер. Екипи од канцеларијата на шерифот се на терен. – Ова е случај кој е сè уште активен. Бараме сите да се оддалечат од оваа област додека ја спроведуваме истрагата, се наведува во соопштението. Набргу потоа, полициските власти во изјава за американските медиуми рекоа дека во вооружениот напад има многу убиени и ранети. Истрагата е во тек, а се очекува ...
Словачка ја одобри употребата на руската вакцина Спутник V против Ковид-19 и со тоа стана втора членка на ЕУ, по Унгарија, што го стори тоа иако Европската агенција за лекови не издаде одобрение за таа вакцина. Издадено е ограничено одобрение, кое во моментов се однесува само на контингентот од 200.000 дози што Братислава ги увезе уште во март, пренесува Ројтерс. „Тие 200.000 вакцини ќе се користат, а повеќе само кога ќе пристигне одобрението за ...
Во просек 15 отсто од 210 милиони жители во Бразил имаат антитела на коронавирусната болест Ковид-19, покажува истражувањето од кое резултатите беа објавени во средата а го спровеле Државната фондација за истражувања (Fapesp) и Федералниот универзитет Сао Паоло (Unifesp). Студијата е спроведена во периодот од јануари до крајот на април годинава, кога бројот на заразените со коронаворусот во Бразил беше висок. Истражувачите притоа откриле дека ...
Уште во февруари годинава Безос објави дека ќе ја напушти функцијата извршен директор до крајот на 2021 година, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи. Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, на состанокот на акционерите изјави дека на 5 јули ќе ја напушти функцијата, јави Блумберг. Позицијата извршен директор ќе му припадне на Енди Џеси, кој сега е на чело на „Amazon Web Services“, што се чуваат на клауд. Безос ќе стане извршен ...