Влажните марамчиња Becutan се производ од портфолиото на брендот, за првпат воведени на пазарот во 2006 година, изработени според оригинална рецептура на фармацевтските експерти од „Алкалоид“. По 15 години нивно производство надвор од земјава, денес е пуштен во употреба капацитет во кој целосниот процес ќе се спроведува во погоните на компанијата на локалитетот „Лафома“ во Ѓорче Петров. Технолошката и производствената опрема се набавени од ...

САД ќе споделат со другите земји плус 60 милиони дози во дополнение на 20-те милиони ветени завчера од претседателот Џо Бајден, изјави денеска Гејл Смит, координатор во Стејт департментот за глобален одговор на Ковид-19 и здравствена безбедност. -САД се свесни за системските удари на пандемијата врз економиите и здравството во некои земји и во наредниот период ќе испратат вкупно 80 милиони вакцини, од кои 60 милиони се на Астра Зенека, а 20 ...

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е сериозно болен и неговото судење под обвинение за подмитување сведоци треба да биде прекинато, изјави денеска миланската обвинителка Тицијана Сицилијано. Берлускони (84), откако беше заразен со ковид-19 минатиот септември, повеќе пати е приман и отпуштан од болница, а во последните денови неговата состојба наводно се влошила. Дефинитивно веруваме дека Берлускони е сериозно болен и страда од ...

Шест лица се уапсени во врска со крипто измама од 36 милиони американски долари што работеле од повеќе локации во Европа, објавуваат странските медиуми. Властите во Германија започнаа масовна операција со која се зафатија софистицирани измами за крипто, што резултираше со апсење на шест лица во различни европски земји. Првичните извештаи наведуваат дека ваквата измамна шема украла над 36,2 милиони долари вредни виртуелни валути од физички лица ...

На шумски пат во атарот на струшкото село Делгожда вчера бил забележан починат маж во чија близина се наоѓало неговото превртено возило. Според информациите од МВР, станува збор за 76-годишно лице со иницијали Т. Д. од струшкото село Ливада. Увидот на полицијата покажал дека мажот, управувајќи го возилото, изгубил контрола и излетал од патот. МВР соопшти дека по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Двајцата соговорници на средбата се согласија дека иднината на Западен Балкан е во полноправното членство во ЕУ, и дека за Северна Македонија и Албанија треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на Унијата од март минатата година за почеток на пристапните преговори за овие две земји. ...

Во турските медиуми денес се појави вест дека македонскиот репрезентативец Езгјан Алисоки потпишал пред-договор со Галатасарај, меѓутоа засега потврда за тоа нема. По ваквата информација медиумите на Островот ги интересираше мислењето на Марсело Биелса. „Не знам каква одлука ќе донесе Алиоски. Преговорите се водат помеѓу него и Лидс и јас немам мислење за тоа. Можам да кажам само дека би бил среќен ако Џани остане со нас, но како што кажав не ...

На 1 јуни да се укине полицискиот час, да се прават свадби само на отворено со протоколи, работното време на угостителските објекти да се врати како пред пандемијата, на една маса да можат да седат повеќе луѓе. Според информации на Сител ова е планот на надлежните за олеснување на рестриктивните мерки ако продолжи стабилната епидемиолошка состојба со Ковид-19. Сепак предлогот на Комисијата за заразни болести е и понатаму да се носат маски на ...

Германија до 7 јуни ќе заврши со вакцинирањето на ранливите групи и ќе им овозможи на сите возрасни лица бесплатно да се вакцинираат, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан. -Одлуката за укинување на приоритетите во германската кампања за вакцинација не значи дека сите ќе бидат вакцинирани веднаш во јуни, рече Шпан, посочувајќи на постојните логистички проблеми. Меѓутоа, тој го повтори ветувањето на владата дека секој граѓанин што ...

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.05.2021 година, за да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.05.2021 година. Владата им препорачува на деловните банки преку ...

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно во јужниот град Шенжен. Облакодерот „СЕГ плаза“, висок речиси триста метри, необјасниво почна да се ниша околу 13 часот по локално време, а евакуацијата на луѓето што беа во него беше веднаш организирана, додека минувачите на околните улици гледаа со неверување и уплашено. Зградата е затворена во 14.40 часот, објавија локалните ...

„Генералниот секретар е згрозен од зголемениот број убиени цивили, вклучително и смртта на десет членови на исто семејство, меѓу кои и деца, во израелскиот воздушен напад синоќа во кампот ал-Шати во Газа“, рече вчера портпаролот Стефан Дујарик. Најмалку 148 лица, вклучително и 41 дете, се убиени во Газа откако избувнаа судирите во понеделникот, објави Ројтерс. „Генералниот секретар е исто така длабоко вознемирен од израелскиот воздушен напад што ...

Израелските борбени авиони ја нападнаа Газа рано утрово, а Хамас возврати со истрелување ракети кон Израел петта ноќ од конфликтот, додека американските и арапските дипломати се обидуваат да најдат начини да го запрат насилството. Во нападот беше убиено десет члено семесјство во западниот појас Газа, јавија француски медиуми повикувајќи се на палестинските здравствени власти. Осум деца и две жени беа убиени кога проектил истрелан од израелски ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.05.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит. Малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, ...

Ако имате висок холестерол, тој исто така е ризик за срцеви заболувања. Но, добрата вест е, дека можете да ја контролирате. Можете да го намалите „лошиот“ ЛДЛ холестерол и да го подигнете „добриот“ HDL холестерол. Треба само да направите неколку едноставни промени. „Им велам на пациентите дека треба да тргнете некаде и само да одите“, вели Сузана Штајнбаум, кардиолог во болницата Ленокс Хил во Њу Јорк. „Како што правите промени во животниот ...

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш повика на итен прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците. „Од почит кон духот на Бајрам, повикувам на итнa деескалација и прекин на борбените дејствија во Газа и Израел”, напиша Гутереш на Твитер. Генералниот секретар на ООН предупреди дека конфликтот ќе предизвика екстремизам на Блискиот исток. „Премногу невини цивили веќе загинаа. Овој конфликт може само да ја зголеми радикализацијата ...

Во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 26 Радовиш – 9 Куманово и Кратово – по 6 Прилеп – 5 Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4 Неготино и Делчево – по 3 Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2 Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1. Пријавени се вкупно 17 починати лица: 5 лица од Скопје (66г,71г,76г,79г и 80г), 3 лица од Тетово (60г,70г и 73г), 2 лица од ...

Премиерот Зоран Заев изутринава ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, во последен обид во седиштето на ЕУ да ги презентира македонските аргументи за формален почеток на преговорите за членство, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е втора посета на македонскиот премиер на Брисел во рок од една недела. Минатата тој се сретна со претседателката на Европската Комисија и со шефот на дипломатијата на ЕУ. Денеска тој се ...

Израелската армија тврди дека не влегла во појасот Газа, иако беше објавено рано утрото во петокот дека копнените сили исто така влегле во палестинската енклава, пренесе агенцијата АФП. Набргу по полноќ, армијата испрати порака до медиумите дека трупите се „во појасот Газа“, што го потврди нејзиниот портпарол Конрикус за АФП. Но, два часа подоцна, војската издаде „појаснување“ во кое се вели дека „нема војници“ во Газа, а армискиот портпарол ...

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка Правда за штедачи на 28 април според Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер побара од Фондот за осигурување на депозити да достави податоци за нивната финансиската состојба, за економско-финансиските показатели за работењето на Фондот, но такви податоци не доби. „Ако постои ненаменско трошење на средствата, како што се шпекулира во јавноста, тогаш тоа не ...

Ние немаме апсолутно никаква информација од страна на надлежните за тоа што во моментот се случува, дали течат преговорите, на кој начин се вршат тие преговори за евроинтегративниот процес, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Рома Њуз. -Од тоа што можам да го заклучам, во овој момент повеќе сум песимист, отколку оптимиста дека сега на крајот од јуни месец со завршувањето на Португалското претседателство, ние ќе ја добиеме датата, ...

НЛБ Банка во соработка со своите повеќегодишни партнери Сава осигурување, Кроациа осигурување Живот и Сава пензиско друштво организира караван за финансиско советување за небанкарски продукти пред експозитурите на Банката, во период од 17ти мај до 11ти јуни. Караванот има за цел да овозможи поголема информираност, стручно советување и едукација на клиентите за осигурителните продукти и услуги од двата сегменти на животното и неживотното ...

Полицискиот час од полноќ до 4 часот останува на сила до 1 јуни, одлучи Владата на денешната седница по препораката на Комисијата за заразни болести, да останат на сила активните мерки за ограничување на движењето. Останува на сила одлуката летните тераси на угостителските објекти работат до 23:30 часот. Предлогот за олабавување на мерките беше донесен минатиот понеделник, врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број ...

Владата на вчерашната седница дискутираше и ја оцени како вонредна и итна информацијата објавена во јавноста од страна на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут и како што објави ИРЛ се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во ...

На 17.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје”, при влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода италијанскиот државјанин К.Т.(39). При извршен преглед кај него пронајдени се и одземени марихуана и хашиш. К.Т. е приведен во полициска ...

Македонска и бугарска делегација на 26 мај со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Делегациите на Македонија и на Бугарија предводени од претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев, оваа година заедно со бугарски авион, ќе патуваат за Рим. Претседателот Радев ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група ...

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. -Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7 отсто повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од годинава изнесува 1 милијарда и 55 милиони евра и е за 67 отсто зголемен во однос на истиот ...

Германската фармацевтска компанија Бајонтек се искачи на светскиот фармацевтски врв со вакцината против коронавирусот – и научно и финансиски, но веќе размислува за времето по оваа пандемија и подготвува огромна инвестиција во Сингапур, пишува Дојче веле (DW) Во првиот квартал од минатата година, Бајонтек сепак забележа загуба од околу педесет милиони евра, но сите трошоци за истражување и инвестиции се исплатија и во моментов работи на ...

На скопјанец по грешка, прво му ја вбризгале втората доза од Спутник В, бара на писмено да му кажат што понатаму Вработен во критична инфраструктура пред три недели заминал во салата Борис Трајковски да се вакцинира против коронавирусот за првпат. Меѓутоа, кога го добил вакциналниот картон, му станало јасно дека всушност му е вбризгана втората доза од вакцината Спутник В, односно ревакцината, а не првата доза како што требало. Како што раскажува ...

Во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на КОВИД-19 во: -Скопје 19 -Прилеп, Штип и Виница по 2 -Струга и Кочани по 1 Пријавени се вкупно 19 починати лица: 7 од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г), 3 лица од Тетово (46г, 72г, 74г), по 2 лица од Прилеп (61г и 67г) и Ресен (66г и 73г), по едно лице од Велес (63г), Гостивар (78г), Охрид (85г), Виница (68г) и Гевгелија (76г). Регистрирани се 192 ...

Прибежиште

33 минути - МРТ

Самец

48 минути - МРТ

Робокап

48 минути - МРТ
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
59%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.67
50%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.57
61%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
50%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
59%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
55%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52