
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Сојузот на синдикатите на Македонија организираше протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и на сите работници од работниот однос. Предизвикани и поттикнати од актуелната општествено економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на Државните институции за навремено поднесените барања на ССМ како единствен репрезентативен синдикат во Државата, Сојузот на синдикатите на Македонија го ...
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2021 за долгови доспеани до 31.08.2021 и неплатени до 30.11.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата е објавена на следниот ...
Новиот Предлог-закон за медијација е на дневен ред на собраниската седница. Законот е во фаза на второ читање. Целта на Предлог-законот за медијација, се вели во законското образложение, е приближување на земјата кон Европската Унија, која пак, во ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става на алтернативното решавање на споровите и на медијацијата како едно од нив. Со унапредувањето на законското решение, се вели ...
Во битката против нееднаквоста правнците треба да бидат во првите редови, истакнуваат од Македонското здружение на млади правници по повод Меѓународниот ден на човековите права. Младите правници денеска упатија серија пораки за почитувањето на човековите права, за правдата, за достоинството, за правото на здрава животна средина, за правото на азил, за трудовите права. „Да застанеме во одбрана на човековите права – стремежот кон ...
Осигурителните компании за неживот во првите девет месеци исплатија над 55.000 штети што е за 20 отсто повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на исплатите од 90 отсто има кај приватното здравствено осигурување, а кај осигурувањето имот вредноста на исплатените штети е 7,6 милиони евра или 22,6 отсто повеќе од лани. Осигуреници наплатија 2,89 милијарди денари (47 мил.евра) штети од осигурителните компании за неживотно осигурување ...
Во рамки на проектот „Проект за добро управување со животната средина“, Центарот за правни истражувања и анализи ја изготви „Компаративната анализата на стратегии за справување со еколошки криминал“. Главната цел на оваа компаративна анализа е да даде: Општиот заклучок на оваа компаративна анализа е дека во Република Северна Македонија постојат недостатоци во имплементацијата на мерките за заштитата на животната средина, ...
Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни Од Обединетите нации денеска по повод Меѓународниот ден на човековите права нагласија дека оваа година одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права е во знакот на членот од 1 Конвенцијата кој гласи: „Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa ...
Елеонор Рузвелт раководеше со комисијата одговорна за пишувањето на Декларацијата Денеска на глобално ниво се одбележува Меѓународниот ден на човековите права. На 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание на ОН е усвоена Универзалната декларација за човекови права. Од Обединетите нации денеска нагласија дека оваа година одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права е во знакот на членот 1 од Конвенцијата кој ...
Главниот обвинител Љубомир Јовески денеска во Софија ќе учествува на меѓународна конференција на тема „Судска реформа. Специјализирано обвинителство“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на форумот ќе се обратат Адриан Лазара, претседател на Комисијата за правни прашања на Европскиот парламент, Ладислав Хамран претседател на Евроџаст, главниот обвинител на Шпанија Долорес Делгадо, заменик-главниот обвинител на Касациониот суд ...
Погрешни се информациите кои излегоа на некои од порталите и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Во објавите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи, со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите. Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка ...
„Со Законот за здравствената заштита се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањето, правата и должностите, одговорноста, евалуацијата, престанокот на вработувањето, заштитата и одлучувањето за правата и ...
Во собраниска процедура се измените на Законот за основното образование. Предлагач на измените е Владата. „Една од целите на законот е да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време. Се пропишува и полагање на стручен испит на воспитувачи во основните училишта, што ...
Ве информираме дека согласно овластувањата од Законот за даночна постапка Управата за јавни приходи започна со активност која ќе ги опфати обврзниците на данок на личен доход – физички лица, кои во тековната 2021 година остваруваат доход од вршење дејност, оствариле доход од закуп и подзакуп на движен и недвижен имот или капитална добивка од продажба или размена на недвижен имот, учество во капиталот или друг подвижен или нематеријален ...
Наместо со формални честитки за одбележување на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реши на овој ден посветен на најмаргинализираната група во нашето општество да дејствува проактивно и објави општи препораки до институциите. Комисијата објави четири општи препораки до институциите за отстранување на системска дискриминација кон лицата со попреченост, со цел ...
Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон меѓународната Мрежа за зелени финансии. ...
Конвенција за правата на лицата со попреченост (КПЛП) претставува меѓународен договор за човекови права на Организацијата на Обединетите нации наменет за заштита на правата и достоинството на лицата со попреченост. Текстот на КПЛП беше усвоен од страна на Генералното Собрание на ОН на 13 декември 2006 година и отворен за потпишување на 30 март 2007 година. Од октомври 2017 година КПЛП има 160 потписнички и 175 договорни страни, и вклучува 172 ...
Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. Се смета дека 15 проценти од светската популација, или повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со попреченост што налага неминовна потреба од поголем фокус на сите чинители кон промени на перспективите на попреченоста и примена на соодветен пристап низ призмата на човековите права. ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попречености. Рокот за имплементација на оваа активност е 60 дена, а поставувањето на пристапните рампи е дел од Програмата на Град Скопје за овозможување поголема пристапност за лицата со попреченост до институциите во градот. Градот Скопје започнува сеопфатна ...
Јовески ја нагласи виталната улога што ја има правосудството во креирањето на основите врз кои почива секоја демократија. „Ние, обвинителите и судиите, во работата и одлуките кои ги носиме, мора да ја обезбедиме еднаквоста на граѓаните пред законот. Се додека не се постигне тоа, граѓаните нема да имаат доверба во нашата работа. Тоа ја поткопува правната сигурност во општеството и е плодно тло за корупцијата која не познава граници и ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја поддржува иницијативата за ратификација на Конвенцијата за спречување насилство и вознемирување при работа. Комисијата објави видео за промоција на иницијативата за ратификацијата на Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за спречување насилство и вознемирување во светот на работата ( бр.190). „За работни места без насилство и вознемирување“, нагласуваат од ...
„Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија расправаше по повод жалбата на Стојанче Рибарев, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-41/21-14 од 14.07.2021 година, за негово разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ ...
ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИТЕ ЗА БИОРАЗГРАДЛИВОСТ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ КЕСИТЕ ЗА НОСЕЊЕ НА СТОКИ, НАЧИНОТ НА ПУШТАЊЕ НА ПАЗАР НА БИОРАЗГРАДЛИВИ КЕСИ ОД СТРАНА НА ТРГОВЦИТЕ, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и ...
Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец декември 2021 година, заедно со табеларниот преглед. На 1 декември стапуваат во примена одредби од Законот за управување со пакување и отпад од пакување во врска со забраната за пластични кеси. На 31 декември стапуваат во примена и одредби од Законот за платниот промет. На 22 декември пресатнува да важи Законот за регистрација на возила со странски регистарски ...
Во новоите законски одредби се пропишува дека глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 25.000 до 28.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку пушта на пазар пластични кеси за носење на стоки, ...
Од денеска започнува да се применува одредбата од Законот за управување со пакување и отпад од пакување кој се однесува на пуштањето на пазар на кеси за носење на стоки и пластично пакување за еднократна употреба. Според законската дефиниција, „Пластични кеси за носење на стоки“ се кеси за носење, со или без рачки, изработени од пластика, кои се достапни за потрошувачите на продажните места на стоки и производи. „Се забранува ...
„Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седница одржана на 29.11.2021 година расправаше по повод жалбата на Зоранчо Мицевски, судија на Апелациониот суд Штип, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-39/25 од 26.07.2021 година, за негово разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ...
По претходно донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обезбедени Наредби за приведување на осомничени лица од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде насоки на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи за преземање на ...
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври. Таа се сведе на ниво од 4,45%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,77%. Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): трет квартал на 2021 годинa. Во третото тримесечје на 2021 година, состојбата на вкупните средства на ОФИ изнесува 157.803 милиони денари, што претставува зголемување од 5.215 милиони денари, на ...
Бројот на претставки поднесени од осигуреници во првите девет месеци е удвоен во споредба со истиот период лани. Во овој период АСО, врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници, на три осигурителни друштва им изрече четири мерки од кои две се парични глоби. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) го зголеми за 83 отсто бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници во првите девет месеци годинава во ...
Министерството за земјоделство подготвува Закон за задолжително осигурување во земјоделството. Целта на законот е воведување на ефективен и ефикасен систем на осигурување преку Фонд за задолжиително осигурување во земјоделството. „Република Северна Македонија почна да развива инструмент за поддршка на осигурувањето во земјоделството во 2008 година преку програмите за директна финансиска поддршка. Во изминатиот период штетите кои настана ...