
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Барањето на професорката Тања Каракамишева за поништување на Преспанскиот договор е на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд. Според подносителката на барањето повредено е правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста , мислата и јавното изразување на мислата од член 110 став 1 алинеја 3 од Уставот, гарантирани со меѓународни документи. Подносителката смета дека ...
„Работникот од дејностите кои се во исклучоците согласно Законот за работните односи, покрај правото на додаток на плата за работа во недела, има право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот. Правото на додаток на плата се однесува на секој работник без ...
Амбасадата на Република Турција во Скопје известува дека Центарот за меѓународно истражување по морско право (ДЕХУКАМ) во рамките на Универзитетот Анкара, петта година по ред овозможува запишување на студенти од Република Северна Македонија на студиски програми од прв, втор и трет циклус, за што, постои можност и за добивање на стипендија. Академската 2022-2023 година ќе започне во септември 2022 година, а ќе заврши во јуни 2023 година. Повеќе ...
Искористете ги предностите и можностите што ги нуди медијацијата за ефикасно, експедитивно и економично решавање на работните спорови и применете ја оваа алтернативна постапка за да заштедите време и средства за вашата организација при решавањето на работните спорови! Обуката во организација на Академик ќе се одржи на 10 февруари 2022 година. Според досегашното искуство во примената на медијацијата, споровите во областа на работните односи имат ...
„Метаморфозис“ е невладина организација која веќе 15 години, меѓу другото, работи на заштита на човековите права на интернет и описменување на граѓаните за нивните права на интернет. Кои се Вашите сознанија, дали постои позитивен раст во знаењето за правата на интернет кај граѓаните? Со предизвиците поврзани со дигиталните права Фондацијата „Метаморфозис“ се занимава од своето формирање во 2004 година. Бидејќи нашата ...
Целта на измените, посочуваат од Министерството, е усогласување на законот со други закони, дефинирање на постапките за извршување врз идна градба и недвижен имот со незапишани сопственички права, дорегулирање на статусот на замениците на извршители, зголемување на примената на дигиталната технологија при спроведување на извршувањата, доуредување на доставата која ја вршат извршителите и прецизирање на одредбите од законот. „Примената на ...
„Законот за Владата на Република Македонија содржи одредби кои се однесуваат на организацијата и начинот на работа на Владата на Република Македонија. Со овој предлог се предвидува бришење на одредби за начинот на избор на Владата на Република Македонија кои првично беа донесени во функција на организирање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои се одржаа во 2016 година, а истите предвидуваа сто дена ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 26 јануари околу полноќ, осомничениот управувал автомобил „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки на булеарот „Видое ...
Стечајната постапка што се спроведува како дел од судските постапки, по дефиниција, се разликува од другите судски постапки, бидејќи во основа таа треба да биде брза, ефикасна и во најкраток можен рок да ја исполни својата цел – доверителите да бидат подмирени, во целост или делумно, во зависност од средствата со кои располага стечајниот должник. Се разбира, доколку претходно се исцрпени сите можности за реорганизација на стечајниот ...
Оптимизмот меѓу деловните лидери е на највисоко ниво во последните 10 години, според глобалното истражување на PricewaterhouseCoopers (PwC). Истражувањето се заснова на 4.446 интервјуа што Прајсвотерхаус ги спроведе со извршни директори во 89 земји во периодот од октомври до ноември 2021 година. Изводите се во однос на националниот БДП за да се осигура дека ставовите на извршните директори се праведно претставени во сите главни региони. ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена ...
Минисстерството за економија подготвува нов Закон за концесии на добра од општ интерес. „Носењето на нов закон во областа на концесии на добра од општ интерес е заради исклучување на можноста за мешање на перцепцијата на концесиите и разделување на овој вид на концесија од концесијата како јавно приватно партнерство и нивното регулирање во два засебни закони со пропишување на посебни правила кои ќе се однесуваат на секој од нив. Целта е ...
Просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2022 година изнесува 43.509 денари согласно објавата од Државен завод за статистика линк. Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 26.01.2022 год. (среда) започнува етапната исплата на јануарските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според ...
Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на ...
„Фондот за осигурување на депозити ги штити банките, а ги оштетува доверителите кога ќе пропадне банка. Како осигурително друштво во државна сопственост, Фондот наплаќа премија од банките секоја година за да собере пари за обештетување на доверители во банка во случај на ризичен настан односно затворање на банка. Во нашата земја, таа годишна премија законски изнесува најмногу до 0,7 отсто од депозитите во банките, додека во реалноста ...
Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со COVID-19, а со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.01.2022) се ...
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми оствари прва протоколарна средба со новиот министер за правда проф. д-р Никола Тупанчески. На средбата, стана збор за повеќе прашања поврзани со функционирањето и работата на Врховниот суд на Република Северна Македонија како и за актуелните состојби во судството во Република Северна Македонија. Во таа смисла, се разменија мислења за обезбедување на независност и ...
Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на јавен обвинител кој ја води истрагата за сообраќајката кај Сити мол сторителот е приведен во полициска станица, земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи. Вчера после 19 часот на пешачки премин загина 24-годишна девојка, а зад воланот било 22-годишно момче. Како што соопшти МВР во сообраќајна ...
Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница. По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот веднаш по несреќата е лишен од слобода и ...
Град Скопје, по иницијатива од Државната комисија за спречување на корупција за поведување постапка за утврдување одговорност поради неприменување на одредбите од Законот за јавни набавки при објавување на Јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против поранешниот в.д. директор на ЈУ МКЦ, ...
„Синдикалната минимална кошница за декември 2021 година се зголемила за 150 денари или истата изнесува 35.042 денари, а во споредба со истиот месец предходната година е зголемена за повеќе од 1.500 денари. Со две минимални плати може да се платат и трошоци за комунални услуги, струја,вода, парно и да останат околу 4.317 денари за преживување до крајот на месецот на едно четиричлено семејно домаќинство кое прима 2 минимални плати. Сите ...
На 18. јануари 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Оцената на последните макроекономски показатели и на амбиентот на монетарната политика не упатува на тековна потреба од промена во основната стапка, но ...
Министерството за одбрана подготвува посебен Закон за вработените во Министерството за одбрана. Цел на Предлог-законот е подобрување на стусот на вработените во Министерството за одбрана, како за останатите вработени во одбранбениот односно безбедносниот сектор на Републиката, особено заради зголемување на нивните активности во смисла на тежината и специфичноста, а особено по членството на Република Северна Македонија во НАТО, кои се различни ...
Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 41 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 07.12.2021 година ги утврди следните заклучоци по правните прашања на четирите Апелациони судови Скопје, Битола, Гостивар и Штип за хармонизација на судската пракса: З А К Л У Ч О К Во прекршочна постапка кога еднаш е ...
Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на членовите 31 и 37 од Деловникот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, а во врска со примена на член 463 став 2 од Законот за кривичната постапка, на седницата одржана на ден 07.12.2021 година, донесе: З А К Л У Ч О К Дополнителните барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда доколку се доставени во законскиот рок, истите ќе се достават ...
Се известуваат сите физички и правни лица (државјани на странски држави, државјани на Р.С.Македонија, даватели на услуги за сместување на странци, образовни институции, органи на државната управа, стопански, културни и други субјекти) дека од 04.01.2022 година отпочнаа со примена измените и дополнувањата на постојниот Закон за странци. Во насока на соодветно запознавање на заинтересираните субјекти, информираме за најважните измени кои ќе имаат ...
Во периодот од 10-ти до 14-ти јануари до Уставниот суд беа поднесени три иницијативи, по кои се оформени следните предмети: У.бр.2/2022 Подносител: Иван Лотески од Охрид Подносителот ги оспорува член 3 став 1 алинеја 3 , член 4 став 1 и 2, член 12 став 3, член 13 став 1, член 16 став 5, член 39 став 1 алинеја 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер објавен во „Службен весник на РСМ” бр.101/2019. Се ...
Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта се одложува за први февруари годинава, одлучи Владата на Република Северна Македонија сношти на владина седница по препорака на Главниот координативен кризен штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Согласно одлуката, наставата со физичко присуство во училиштата продолжува на првиот ден од месец февруари. Оваа одлука нема да влијае на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители на возраст од 25 и 22 години, на 14 јануари во раните утрински часови, со автомобил паркирале во близина на бензинска пумпа на локалниот ...